Јакреново
Јакреново — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Јакреново | |
Поглед на селото | |
Координати 41°26′50″N 21°15′30″E / 41.44722° СГШ; 21.25833° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Крушево |
Население | 276 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7537 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 16011 |
Надм. вис. | 730 м |
Јакреново на општинската карта Атарот на Јакреново во рамките на општината | |
Јакреново на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото првпат се сретнува во историските документи како Јакреново во XVI век (1568-69 г.). Се претпоставува дека доаѓа од личното име Јакрен (Јакомир, Јагомир).[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во северниот дел на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Македонски Брод.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 730 метри. Од градот Крушево е оддалечено 16 километри.[3]
Јакреново е мало албанско село помеѓу Белушино на југозапад и Саждево на североисток. Јакреново зазема иста местоположба како и соседните села: помеѓу падините на Бушева Планина и рамницата на Пелагонија. Поради тоа, мештаните имаат услови за сточарство и за земјоделство. Водата за пиење се добивала од бунари.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Шумјак, Аре-Мад (Голема Нива), Чешма Саат (Сува Чешма), Гури Адеми, Чафе, Стан, Киша Мад (Голема Црква), Струка, Кодра, Ливаде Селиме, Селиште, Ливаде Поштр (Долна Ливада), Црн Камен, Абдиов Нишан и Две Буки.[4]
Селото има збиен тип, поделено на четири маала. Во секое од маалата живеат припадниците на еден род. Маалата се незначително едно од друго оддалечени. Помеѓу нив има празен простор.[4]
Историја
уредиПод селото е местото Чешма Ливад, каде што има чешма обрасната со шума. Мештаните говорат дека ископувале ќерамиди и темели на куќи, а се познава и стара калдрма.[4]
Како и другите околни села, Јакреново најпрвин било христијанско село. Во првата половина на XIX век тука се доселиле муслимански Арбанаси, поради што старото население било иселено. Христијанското село се наоѓало 200 метри источно од денешното село на месноста Селиште. Денес, таму се наоѓаат ниви и ливади. Една месноста крај Селиште се нарекува Киша (Црква).[4]
Денешните жители на Јакреново потекнуваат од предци од Северна Албанија, кои дошле преку Дебар и Кичево. Најпрвин дошле предците на денешниот род Даве, а потоа на родовите Раше и Мерке. Предците на четвртиот род Цоке се доселиле во 1913 година.[4]
Стопанство
уредиАтарот е мал и зафаќа простор од само 4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 189 хектари, на пасиштата отпаѓаат 110 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 95 хектари.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јакреново живееле 130 жители, од кои 100 Албанци муслимани и 30 Македонци христијани.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци.[6]
Јакреново е мало село, без некои значителни промени на бројот на населението. Така, тоа во 1961 година броело 239 жители, турско население, а во 1994 година 211 жители, од кои 98 биле Турци, 84 Албанци и 29 останати.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Јакреново живееле 212 жители, од кои 100 Албанци, 59 Турци, 51 Бошњак и 2 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 276 жители, од кои 146 Албанци, 48 Турци, 54 Бошњаци и 28 лица без податоци.[8]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Јакреново:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 233 |
1953 | 0 | 9 | 260 | 0 | 0 | 0 | — | 269 |
1961 | 0 | 0 | 238 | 1 | 0 | 0 | — | 239 |
1971 | 8 | 36 | 180 | 1 | — | 11 | — | 236 |
1981 | 0 | 81 | 32 | 0 | — | 96 | — | 209 |
1991 | 0 | 88 | 81 | 0 | — | 61 | — | 230 |
1994 | 0 | 84 | 98 | 0 | — | 29 | — | 211 |
2002 | 0 | 100 | 59 | 0 | 51 | 2 | — | 212 |
2021 | 0 | 146 | 48 | 0 | 54 | 0 | 28 | 276 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
уредиДенес, Јакреново е албанско село, кои се доселеници.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се:
- Доселеници: Даве (12 к.), доселени се од северна Албанија, доселени се во првата половина на XIX век; Раше (8 к.), доселени се од Раска во северна Албанија. Основачот на родот е доселен како турски војник. Го знаат следното родословие: Јашар (жив на 55 г. во 1952 година) Адем-Алим-Синан, кој се доселил во селото; Мерке (8 к.), доселени се од северна Албанија. Имале роднини во селото Дреново во Порече (подоцна иселени во Турција); Цоке (7 к.), доселени се во 1913 година од раселеното село Соп (С’лп) помеѓу Цер и Црско во Кичевско.
Иселеништво
уредиОд Јакреново има иселеници во Борино (Давовц, 5 к.), Горно Житоше (5 к.), Лажани (5 к.), Норово (Давовц, 2 к.), Дебреште (Мечо, 1 к.) и Лисичани кај Кичево (3 к.).[4]
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Јакреново било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево. Во периодот од 1957-1965, селото се наоѓало во општина Долнени.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дебреште, во која покрај селото Јакреново, се наоѓале и селата Борино, Дебреште, Жабјани, Кошино, Крапа, Лажани, Ропотово и Саждево. Општината Дебреште постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе се наоѓале селата Дебреште, Јакреново, Крапа, Кошино и Саждево.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1202 според Државната изборна комисија, сместено во простории на објект непосредно близу до селската џамија.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 277 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 292 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
уреди- Џамии[12]
- Стара џамија — главна селска џамија, изградена во 1942 година; и
- Нова џамија — нова селска џамија.
- Манастири[4]
- На границата на атарите помеѓу Јакреново, Дреново и Саждево постои месноста Киша Маде (Голема Црква), каде се наоѓаат срушени ѕидови. Се претпоставува дека таму се наоѓал некој манастир.
-
Новата џамија во изградба
-
Старата џамија
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 99. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 139. Посетено на 23 декември 2021.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 декември 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 23 декември 2021.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.