Груништа
Груништа (поретко: Груниште) — раселено село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.
Груништа | |
Поглед на селото | |
Координати 41°3′6″N 21°41′42″E / 41.05167° СГШ; 21.69500° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Новаци |
Област | Мариово |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7000 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02032 |
Надм. вис. | 800 м |
Груништа на општинската карта Атарот на Груништа во рамките на општината | |
Груништа на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото потекнува од неговиот прв жител, кој се нарекувал Груно.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, од десната страна на Црна Река. Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Новаци.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Лежи непосредно до локален земјен пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1311. Од градот Битола е оддалечено 52 километри,[3] додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 44 километри.[2]
Селото никогаш не било поврзано со електрична енергија.[4]
Историја
уредиСпоред кажувања на постарите, селото било основано во 1545 година, кога наводно прв се населил бочварот Грујо од селото Грумази.[5]
Селото било силно погодено за време на Првата светска војна, поради близината на Солунскиот фронт. Во негова близина се одвивала познатата битка за Грунишки Вис.[2]
Стопанство
уредиАтарот има средна големина и зафаќа простор од 18,2 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.229,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 352,6 хектари, а на шумите отпаѓаат 190,2 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]
Населението се занимавало со сточарство, лов, риболов, пчеларство, грнчарство и трговија. Најмногу одгледувале овци и кози, а мештаните биле особено познати по своето мариовско тепано сирење.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Демографски статистики за селото Груништа во османлискиот период:
Османлиски дефтер | Домаќинства | Неженети | Вдовици | Годишен приход |
---|---|---|---|---|
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. | 6 | 275 | ||
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. | 6 | 163 | ||
Дефтер бр. 73 од 1519 г. | 18 | 2 | 914 | |
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. | 10 | 2 | 1 | 639 |
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. | 12 | 1 | 637 |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Груништа живееле 240 жители, сите Македонци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Груништа имало 240 Македонци, патријаршисти.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Груништа се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 34 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]
Селото е мало, како што се и повеќето мариовски села, со тенденција на раселување. Во 1961 година селото броело 225 жители, додека во 1994 година бројот се намалил само на три жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Груништа живееле 3 жители, сите Македонци.[10]
Во 2008 година, според неофицијални податоци, селото било раселено.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | 240 | 240 | 264 | 225 | 84 | 26 | 20 | 3 | 3 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Иселеништво
уредиНајголем дел од населението е иселено во градот Битола, како и во прекуокеанските земји.[2]
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Груништа било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.
Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Старавина, во која покрај селото Будимирци, се наоѓале и селата Градешница, Груништа, Зовиќ и Старавина.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0177 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината во селото Будимирци.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[2]
- Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква, градена во 1860 година; и
- Црква „Св. Петка“ — манастирска црква, градена во 1925 година;
- Манастири
- Грунишки манастир — мал манастир на влезот во селото
- Реки[18]
- Грунишки Поток — поток кој тече низ селото
-
Селската црква
-
Грунишки манастир
-
Манастирската црква
Личности
уреди- Починати во Груништа
- Воин Поповиќ-Вук — српски војвода
- Климент Џеров — бугарски офицер
- Константин Настев — револуционер
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-12-01. Посетено на 2021-11-14.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 88. Посетено на 14 ноември 2021.
- ↑ Macedonia, OFF ROAD (2015-08-26). „Груниште, Мариово – фото галерија | OFF ROAD Македонија“. Посетено на 2021-11-14.
- ↑ „Груништа ®“. mariovo.mk. Посетено на 2021-11-14.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 ноември 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 7 ноември 2021.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 25. ISBN 978-9989-2117-6-8.