Бомово
Бомово — раселено село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.
Бомово | |
Воздушен поглед на местото на раселеното село Бомово и дел од селото Вичишта (во позадина) | |
Координати 41°30′17″N 20°28′49″E / 41.50472° СГШ; 20.48028° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Област | Горен Дебар |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1250 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08005 |
Надм. вис. | 520 м |
Бомово на општинската карта Атарот на Бомово во рамките на општината | |
Бомово на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото првпат е забележано во XV век (1467 г.) како Бохмаго. Подоцна, исто така, во турски документи се сретнувало под имињата Бохомово и Бохмово. Името се поврзува со личното име Бохом или Бохомир (како и поп Бохомија).[2]
Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека мештаните селото го нарекувале Бомоов, додека селокуќани го нарекувале Бофмоол, а сите соседни Македонци Бомоо или Бомо. Во Слепчанскиот поменик, издаден во периодот 1544 и 1548 година, селото се споменува како Бохма со две македонски женски имиња. Самите мештани не го знаат потеклото на името, додека постариот облик на името укажува на коренот „бох“, што се поврзува со некое лично име.[3]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Дебар, а чиј атар се допира со државната гранична линија со Албанија.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 520 метри.[4] Од градот Дебар, селото е оддалечено 5 километри.
Селското подрачје се граничи со селата Коњари и Сушица на север, Дебар на исток и реката Црн Дрим на запад. Во рамки на атарот се наоѓа и некогашниот соседен заселок Трнаниќ.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Тана, Врти Плоска, Каштења те Караџас, Кајша (некогашна православна црква со гробишта), Равшет е Ѓата, Шулан, Фуша е Ше(х)рит, Шулани Таранејкут, Чешма Бајрактарит, Дрим, Фуша те Поштра, Забели и Ри, Забели Пашас, Каштењет е Млоња, Љуѓу и Оџолит, Ворја е Симес, Фуша е Бракс, Летија е Сеифас, Верајит е Чекут, Гропа Таранејкут, Забели Постаинс, Фариште, Шкоза, Ара Бојаџијут, Ке Ворет, Равше и Ливада.[3]
До селото води локален земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1201 од самиот град Дебар.
Земјиштето околу Бомово е брановито, со рамници и благи удолници. Поголемиот дел од земјата е црвеница, а околу селото расте ретка и ниска дабова и лескова шума.[3]
Во северниот дел на Бомово тече потокот Прој. Во селото водата за пиење била од селската чешма, како и од потокот Прој или од реката Дрим. Исто така, во селото имало 12 селски бунари.[3]
Селото се наоѓало долж долниот дел на една јужна коса долина, на осојничава страна, до самата река Црн Дрим. Како се оди кон запад (кон Дрим), куќите се разредени и се свртени кон исток. Долниот дел на куќите бил од камен, додека горниот дел од чатми.[3]
Историја
уредиЗа селото се знае дека било основано од православни Македонци, кои некогаш имале своја црква со гробишта на месноста Кајша (Киша), северно од денешните куќи, покрај самата река.[3]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 5,1 км2.[4]
Мештаните се занимавале со земјоделство, а претходно било развиено и сточарството.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 12 домаќинства со 25 жители муслимани (Албанци).[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бомово живееле 120 жители, сите Албанци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци.[7]
Селото било наполно раселено по 1971 година, когашто броело 166 жители, албанско население.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Бомово немало жители.[8] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | — | 210[б 1] | 230[б 1] | 238[б 1] | 166 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиБомово било албанско село.[3]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
- Албански родови:
- Доселеници: Марке или Марковци (26 к.), доселени биле во 1832 година од Зогаја во соседна Малесија во Албанија. Основачот на родот бил католик; Мајтара (1 к.), доселени во 1854 година од Мајтаре во Долен Дебар (околината на Пешкопеја); Цнољ или Цноли (2 к.) нивното потекло е ромско. Доселени се заедно со родот Марке.
Иселеништво
уредиОд родот Марковци има иселеници во соседниот заселок Трнаниќ (6 к.), во Решан на границата со Албанија (2 к.), во Ѓурици (2 к.), во Зогај (1 к.) и во Дебар (1 к.). Од нив има иселеници и во Гиновец, во областа Голо Брдо.[3]
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Бомово било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било дел на некогашната Општина Коњари, во која влегувале селата Бомово и Коњари.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0544 (заедно со дел од градот Дебар) според Државната изборна комисија, сместено во простории на Општествениот дом „Скопје“ во Дебар. Во ова избирачко место е опфатено и селото Трнаниќ.[13]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 835 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Џамии
- Некогашна џамија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 65. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Русиќ, Бранислав (1954). Дебарско Поле. Скопје: Филозофски факултет - Скопје. стр. 174–176.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 34.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 170-171.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 259.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 јануари 2023.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 2 јануари 2023.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2023-01-01. Посетено на 2 јануари 2023.
- Забелешки