Дорфулија
Дорфулија — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во близина на патот Велес - Штип.
Дорфулија | |
Координати 41°45′54″N 21°53′35″E / 41.76500° СГШ; 21.89306° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Лозово |
Население | 631 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2208 |
Шифра на КО | 24011 |
Надм. вис. | 255 м. м |
Дорфулија на општинската карта Атарот на Дорфулија во рамките на општината | |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во југозападниот дел на областа Овче Поле, оддалечено 2,5 километри јужно одопштинскиот центар Лозово, 15,5 километри североисточно од Велес и 26 километри јужно од Свети Николе.
Историја
уредиНа крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 900 Турци.[2] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Турци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 756 жители.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 631 жител, од кои 425 Македонци, 1 Албанец, 161 Турчин, 16 Власи, 9 Срби и 19 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.352 |
1953 | 3 | — | 1.481 | — | — | — | — | — | — | 1.484 |
1961 | 480 | 25 | 226 | — | ... | 27 | — | 124 | — | 882 |
1971 | 636 | 6 | 61 | — | ... | 27 | — | 134 | — | 834 |
1981 | 646 | — | 76 | — | 95 | 41 | — | 2 | — | 860 |
1991 | 584 | — | 106 | — | 54 | 23 | — | 5 | — | 772 |
1994 | 587 | — | 110 | — | 54 | 9 | — | — | — | 760 |
2002 | 569 | — | 118 | — | 49 | 18 | — | 2 | — | 756 |
2021 | 425 | 1 | 161 | — | 16 | 9 | — | — | 19 | 631 |
Родови
уредиСпоред истражувањата од 1958 година, родови во селото се:
Турски
- Доселеници: Мурат Мустафа (9 к.), Топчилар (5 к.), Чобанлар (3 к.), Коџа Кулар (3 к.), Шаќирлар (7 к.), Иполар (1 к.), Муто Метлар (1 к.), Шерифлер (7 к.), Усеинлар (8 к.), Џагулар (8 к.) и Емин Бајрактар (8 к.) тоа се стари доселеници; Аџи Аметовци (11 к.) потекнуваат од предок кој бил заптија во селото. Овде се оженил со девојка од родот Мурат Мустафа и го основал родот. Бил доселен од селото Сирково во Тиквеш. Го знаат следното родословие. Далиш (жив на 37 год. во 1958 година) Алил-Мустафа-Алил-Аџи-Авмет, кој се доселил во селото околу 1828 година. Кога дошол во селото имало 18 турски ќуки во селото; Љиманлар (6 к.) доселени се од Тиквеш.
Македонски
- Доселеници: доселени се помеѓу 1956 и 1958 година. И тоа од. Плешенци (1 семејство), Лесново (13 семејства), Видовиште (2 семејства), Спанчево (3 семејства), Соколарци (1 семејство), Туралево (3 семејства), Живалево (3 семејства), Каврак (3 семејства), Кнежево (3 семејства), Зеленград (4 семејства), Мушково (2 семејства), Црвени Град (1 семејство), Црна Река (2 семејства), Сурлица (2 семејства), Луке (3 семејства), Мождивњак (2 семејства), Трновац (1 семејство), Крилатица (1 семејство), Велешко (1 семејство), Мородвис (2 семејства), разни планински села на Осогово (8 семејства). Родовите воглавно се доселени од села североисточно од Овче Поле.
Албански
- Доселеници: доселени во периодот помеѓу 1956 и 1958 година, и тоа: Од околината на Урошевац (6 семејства). околината на Качаник (1 семејство). околината на Призрен (35 семејства). околината на Куманово (6 семејства).
Влашки
- Доселеници: доселени помеѓу 1956 и 1957 година. Папанџија (1 к.) доселени се од Струмичко; Митанкови (1 к.), Попеви (3 к.) и Нако Замбови (1 к.) доселени се од селото Мородвис кај Кочани; Костови (3 к.), Зикови (2 к.) и Миајлови (2 к.) доселени се од селото Теранци кај Штип; Ташкови (2 к.) доселени се од селото Нивичани кај Кочани.[6]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1708 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 558 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[9]
- Ашин Кајлан Клар — водовод од римско време;
- Ески Евлер — населба од римско време;
- Мешакл’к Дере — некропола од доцноантичко време;
- Џамалџуик — некропола од доцноантичко време; и
- Шести Рид — водовод од римско време.
Иселеништво
уредиВо 1928 година 10 турски семејства од селото се иселиле во Турција. Наредното иселување на турското население било во периодот од 1954 до 1958 година, кога се иселиле околу 160 семејства. И тие заминале во Турција.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ 4,0 4,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Дорфулија на Карти на Гугл