Лески
Лески — село во Општина Виница, во околината на Виница.
Лески | |
Општина | Виница |
Население | 439 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 05011 |
Лески на општинската карта Атарот на Лески во рамките на општината | |
Лески на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиСелото се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1611 - 1619 година под името Леска со 58 домаќинства.[2]
Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лески живееле 280 жители, од кои 250 Македонци и 30 Роми.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Лески имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Лески живеат 579 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 439 жители, од кои 417 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 20 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 160 | 117 | 151 | 251 | 349 | 429 | 515 | 489 | 579 | 439 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиЛески е македонско село.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:
- Велковци (3 к.) доселени се од селото Јастребник кај Кочани. Овде живеат од XIX век.
- Трајанови (2 к.) доселени се од селото Прибачево. Овде живеат од XIX век.
- Ќирови (1 к.) доселени се однекаде. Овде живеат од XIX век.
- Арсови (1 к.) доселени се од селото Бигла кај Делчево. Овде живеат од XIX век.
- Соколови (1 к.), Филипови (1 к.), Николови (1 к.), Димитрови (1 к.), Јаневи (1 к.), Сребренови (1 к.) и Стаменкови (2 к.) доселени се од селото Пресека кај Кочани, после 1941 година.
- Тасеви (2 к.), Тодорови (1 к.), Богатинови (1 к.), Миленкови (1 к.), Тодорови (1 к.) и Арсови (1 к.) доселени се од селото Безиково кај Кочани.
- Дамјанови (3 к.), Стоилови (1 к.) и Китанови (1 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
- Божинови (1 к.) доселени се од селото Вранинци кај Кочани.
- Карафилови (1 к.) и Ангелкови (1 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.[12]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 325 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 495 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Јован Крстител“ — селска црква од 1848 г.
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Ореово — населба и некропола од римско време
- Св. Атанас — населба од римско време
- Свети Јован Опсеча — црква од средниот век
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 253.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 226.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 99. ISBN 9989-649-28-6.