Општина Крива Паланка
Општина Крива Паланка — општина во Североисточна Македонија, Република Македонија. Седиште на општината е градот Крива Паланка.
Општина Крива Паланка | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Североисточен | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија) | ||
Седиште | Крива Паланка | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Сашко Митовски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 480,81 км2 (185,64 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 18.059 | ||
• Густина | 38/км2 (97/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +031 | ||
Регистарски таблички | KP | ||
Мреж. место | krivapalanka.gov.mk |
Географија
уредиОпштината го зафаќа североисточното подрачје од Република Македонија, простираќи се на средна надморска височина од 400 метри (Славишко Поле) до 2252 метри (врвот Руен) на Осоговските Планини. Крива Паланка е град кој лежи на устието на две реки: Крива и Дурачка, кои извираат високо во Осоговските Планини во југоисточнниот дел од општината.
Општина Крива Паланка се протега на површина од 480,81 км2 на која се наоѓаат повеќе населени места - градот Крива Паланка и селата Б’с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, Голема Црцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњак, Нерав, Огут, Осиче, Подржи Коњ, Станци, Т’лминци, Трново и Узем.
Стопанство
уредиДемографија
уредиСпоред пописот од 2002 година, во Општина Крива Паланка живеат: 19 998 Македонци (96,06 %), 668 Роми (3,21 %), 103 Срби (0,49 %) и други (0,24 %).[2]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 20.015 |
муслимани | 530 |
католици | 14 |
протестанти | 0 |
останати | 261 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 20.009 |
албански | 0 |
турски | 8 |
ромски | 662 |
влашки | 1 |
српски | 97 |
бошњачки | 1 |
останати | 42 |
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Крива Паланка е Борјанчо Мицевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Крива Паланка е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиФК Осогово (Крива Паланка), оформен 1934 година, а во својата историја носел разни имиња, како Бентос и слично. Тука својата кариера ја има почнато Срѓан Захариевски.
Иселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди- Портал на Општина Крива Паланка
- Општина Крива Паланка во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |