Вратиславци

село во Општина Делчево

Вратиславци (се среќава и како Братиславци) — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.

Вратиславци

Панорама на Вратиславци

Вратиславци во рамките на Македонија
Вратиславци
Местоположба на Вратиславци во Македонија
Вратиславци на карта

Карта

Координати 42°02′49″N 22°41′49″E / 42.04694° СГШ; 22.69694° ИГД / 42.04694; 22.69694
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Осоговија
Население 45 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09004
Надм. вис. 760-860 м
Вратиславци на општинската карта

Атарот на Вратиславци во рамките на општината
Вратиславци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Вратиславци е сместено во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Делчево, на југоисточните огранки на Осоговските Планини, а неговиот атар на север се граничи со Бугарија. Селото е планинско и неговите маала се издигаат на надморска височина од 760-860 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11,7 км2.[2]

Селото е од разбиен тип и се состои од повеќе маала: Балтаци, Галабовци, Илиовци, В’ците, Горно Маало и Терѕиите.

Историја

уреди

Во почетокот на XX век, Вратиславци било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Во Втората светска војна имало повеќе учесници од селото, а Никола Ивановски загинал во пробивањето на Сремскиот фронт, за што посмртно му е доделена Партизанска споменица. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

уреди

Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 633,9 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 305,4 ха, а на пасишта отпаѓаат 163,5 ха.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948255—    
1953275+7.8%
1961242−12.0%
1971243+0.4%
1981153−37.0%
ГодинаНас.±%
199199−35.3%
199479−20.2%
200232−59.5%
202145+40.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вратиславци живееле 128 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 128 Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

На пописот од 2002 година, селото имало 32 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 лицe без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 128 128 255 275 242 243 153 99 79 32 45
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Жителите на селото главно потекнуваат од следните семејства: Атанасовски, Анастасовски, Ивановски, Гоцевски, Начевски, Велиновски, Стојменовски, Стоименовски и Мијалчовски.

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Луковица општина во склоп на Делчевската околија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0600 според Државната изборна комисија.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[16]

Културни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта
  • Чука — могила од римско време

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 61.
  3. Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 835.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 229.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-05-22. Посетено на 10 јули 2018.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди