Смиланци

село во Општина Радовиш, Македонија


Смиланци — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Смиланци
Куќи во Смиланци 2.jpg

Куќи во селото

Смиланци во рамките на Македонија
Смиланци
Местоположба на Смиланци во Македонија
Смиланци на интерактивна карта

Карта

Координати 41°41′48″N 22°36′19″E / 41.69667° СГШ; 22.60528° ИГД / 41.69667; 22.60528Координати: 41°41′48″N 22°36′19″E / 41.69667° СГШ; 22.60528° ИГД / 41.69667; 22.60528
Регион Logo of Southeastern Region, North Macedonia.svg Југоисточен
Општина Coat of arms of Radoviš Municipality.svg Радовиш
Население 11 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2423
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22042
Надм. вис. 800 м
Слава Митровден
Смиланци на општинската карта
Смиланци во Општина Радовиш.svg

Атарот на Смиланци во рамките на општината
Commons-logo.svg Смиланци на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 39 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположбаУреди

 
Поглед во селото

Селото се наоѓа во Радовишкото Поле, во источниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на јужната падина на планината Плачковица.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 800 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 20 километри.[4]

Смиланци е сместено во подножјето на планината Плачковица, а низ селото тече Смиланска Река.

Селото е поврзано со селото Подареш со регионалниот пат 1310, кој води низ долината на Плаваја. Патот не е довршен и само делумно е асфалтиран.

Смиланци поседува зачувани куќи со традиционална архитектура.

ИсторијаУреди

Според археолошкото наоѓалиште Преслап во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Разловечко востаниеУреди

Откако четата на Димитар Беровски ги победила Турците во Лаки тие се упатиле кон селото Смиланци, каде претходно било складирано оружје. Меѓутоа, во Смиланци дошло до предавство од месниот полјак во Радовиш, така што и тука турскиот аскер брзо реагирал и востаниците доживеале неуспех. На 29 мај, турскиот аскер, засилен со башибозук од околу 1.000 души, тргнале во противофанзива против 300 востаници. Селаните кои не успеале да побегнат биле ѕверски убивани, оставани за пример на населението, а некои од селаните од реонот биле мачени како затвореници во Сер, Солун, Скопје и други места. Поп Стојан се самоубил, а околу 30 востаници од разловечката чета, на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски, успеала делумно да се задржи и да ја продолжи борбата во Малешевските Планини, Пијанец, Осоговските Планини и во Кресна.

Зачувани куќи со традиционална архитектура

СтопанствоУреди

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 20 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 3.631 хектар, на пасиштата отпаѓаат 901 хектар, а на обработливото земјиште 454 хектари.[4]

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[4]

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948495—    
1953532+7.5%
1961384−27.8%
1971309−19.5%
1981167−46.0%
ГодинаНас.±%
1991106−36.5%
199471−33.0%
200239−45.1%
202111−71.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Смиланци живееле 250 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смиланци имало 344 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Селото не е големо и е населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 384, а во 1994 година 71 жител.[4] Намалувањето се случува како последица на миграцијата село-град.

Според пописот од 2002 година, во селото Смиланци живееле 39 жители, сите Македонци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 9 Македонци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 344 495 532 384 309 167 106 71 39 11
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

РодовиУреди

Смиланци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[13]

  • Доселеници: Стојановци со Гоцевци, Стојковци, Петровци, Златковци и Станојевци (16 к.), потекнуваат од двајца браќа Стојан и Гоце. Тие се доселени во XVIII век од селото Владимирово кај Берово; Атанасовци (15 к.), доселени се многу одамна од некое село во Малешевијата (Беровско); Филиповци со Лазаревци, Гоцевци и Коцировци (7 к.), доселени се однекаде; Бојчовци (3 к.), доселени се од селото Лаки кај Виница; Казанџијевци (2 к.), доселени се кон крајот на XIX век од селото Митрашинци кај Берово; Јањевци (2 к.), доселени се во набрзо по претходниот род од селото Будинарци кај Берово; Тројановци (2 к.) и Величковци (2 к.), доселени се од селото Русиново кај Берово.

Општествени установиУреди

 
Поранешното основно училиште „Гоце Делчев“
  • Поранешно основно училиште „Гоце Делчев“

Самоуправа и политикаУреди

Во XIX век, Смиланци било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото село дел од некогашната Општина Подареш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Смиланци, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Калуѓерица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Подареш, Покрајчево, Саригон, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Смиланци, во која влегувале селата Ново Село, Смиланци и Шаинташ.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1620 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитостиУреди

Археолошки наоѓалишта[5]
Цркви
Споменици
  • Илинденски споменици пред влезот на селото
Реки[17]

Редовни настаниУреди

Слави

ЛичностиУреди

Родени во или по потекло од Смиланци

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 20 јануари 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 276. Посетено на 23 јануари 2022.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 331. ISBN 9989-649-28-6.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.234.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  14. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 23 јануари 2022.
  17. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 66. ISBN 978-9989-2117-6-8.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди