Дренак (Кривопаланечко)

село во Општина Крива Паланка

Дренак — село во Општина Крива Паланка, во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Дренак
Дренак во рамките на Македонија
Дренак
Местоположба на Дренак во Македонија
Дренак на карта

Карта

Координати 42°7′57″N 22°21′9″E / 42.13250° СГШ; 22.35250° ИГД / 42.13250; 22.35250
Општина Крива Паланка
Население 17 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 15014
Надм. вис. 1 458 м
Дренак на општинската карта

Атарот на Дренак во рамките на општината
Дренак на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото Дренак се наоѓа јужно од Крива Паланка, високо во Осоговските Планини. Атарот на селото зафаќа површина од 16,58 квадратни километри. На север се граничи со селата Конопница и Дурачка Река, на исток со селото Дурачка Река, на југ со Општина Кочани и на југозапад со Општина Кратово.

Историја уреди

Во XIX век селото било дел од Кривопаланечката каза во Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948436—    
1953501+14.9%
1961307−38.7%
1971252−17.9%
1981132−47.6%
ГодинаНас.±%
199174−43.9%
199470−5.4%
200244−37.1%
202117−61.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дренак живееле 140 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дренак имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото има 44 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 7 Македонци и 10 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 140 120 436 501 307 252 132 74 70 44 17
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Дренак е македонско село.

Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се

  • Беловодчани (17 к.) и Селиштани (25 к.) живеат во посебни маала, кои се викаат по истоимените родови. Они се староседелци. Присојарци (17 к.) живеат во свое мало, кое се вика по родот. Доселени се од селото Челопек кај Куманово.[11]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Пашкуљинци (6 к.), Сејменци (1 к.), Денчинци (2 к.), Чобарци (1 к.), Поп-Димитријовци (2 к.), Костадиновци (2 к.), Врсковци (2 к.), Гаџорци (3 к.), Тупанџијци (3 к.), Остришковци (1 к.), Баба Анѓинци (8 к.), Шотќинци (3 к.), Постоловци (1 к.), Дудманчани или Рамунци (3 к.), Бузанци (4 к.), Илијовци (1 к.), Висовци (1 к.), Краљевци (1 к.), Клештини (1 к.), Аврашлијци (2 к.), Двојоглавци (1 к.), Лисица (2 к.), Брдарци (4 к.), Куртинци (3к.), Цапарејци (2 к.), Таверци (2 к.), Мутовчијци (1 к.), Каравиљци (2 к.), Тренчини (1 к.), Боа Галинци (2 к.), Гемасци (7 к.), Шурда (1 к.), Постоловци (1 к.) и Тотљаци (1 к.)
  • Доселеници: Миленковци (2 к.) доселени се околу 1835 година од селото Отошница; Николинци (4 к.) доселени околу 1855 година од селото Гулинци.[12]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 225.
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142 – 143.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован. Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ.
  12. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.

Надворешни врски уреди