Шупљи Камен
Шупљи Камен (познато и како Шупли Камен) — село во Општина Куманово, во областа Жеглигово, во околината на градот Куманово.
Шупљи Камен Шупли Камен | |
Воздушен поглед на селото Шупљи Камен | |
Координати 42°6′14″N 21°48′19″E / 42.10389° СГШ; 21.80528° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Куманово |
Област | Жеглигово |
Население | 53 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1300 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17109 |
Надм. вис. | 315 м |
Слава | Спасовден |
Шупљи Камен на општинската карта Атарот на Шупљи Камен во рамките на општината | |
Шупљи Камен на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото потекнува од старословенскиот збор шупли (шуплив) што означува „внатре празен, празен, со дупки“ и спој со именката камен.[2] И самите мештани говорат дека селото го добило името по шуплиот камен, кој порано постоел на страна на атарот кон соседното Клечевце. Во турските извори името на селото гласело Асанли.[3]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Куманово, југоисточно од градот Куманово, недалеку од патот Куманово-Свети Николе.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 315 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 11 километри.[4]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204, кој ги поврзува Куманово и Свети Николе, по селото Доброшане.
Селото се наоѓа во долината на реката Пчиња, на нејзиниот десен брег. Така, селото е сместено помеѓу долинската рамнина на југоисток, додека со повисоко земјиште допира на северозапад. На спојот на двете различни целини се наоѓа селото и со тоа има поволна стопанска положба. Мештаните во минатото со вода за пиење се снабдувале од бунари, додека на атарот извираат слаби извори, како Млаки, Селски Дол и Бабин Дол.[3] Соседни села се: Зубовце и Орашац од југоисток и југ, Доброшане од запад, Тромеѓа од север, Клечевце од исток.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Алаџарма, Краста, Габер, Орашки Мост, Оздрим, Доброшански Рид, Редене Крушке, Бабин Дол, Тромеѓански Пут, Дургутица, Клечевски Пут, Голубица, Рампа, Бузалак, Средни Рид, Голем Рид, Честе Чуке, Млака, Црвени Рид, Рамниште, Река, Арапови Ливади, Габер, Долна Река и Бистрица.[3]
Шупли Камен има разбиен тип. Се дели на Горно, Средно и Долно маало. Разбиеноста на селото настанала после Втората светска војна, кога селото добило две издвоени маала (Горно и Долно).[3]
Историја
уредиОскудни се преданијата за настанувањето и дамнешното минато на селото. Сепак, некои податоци говорат дека тука некогаш се наоѓало „турско село“. До 1950-тите години биле ископувани надгробни камења со турски „чалми“ кај денешното училиште. Во Куманото порано постоел турски род Џелебци, кој бил доселен од Шупли Камен.[3]
Денешното село Шупли Камен не е многу старо село, тоа настанало во првата половина на XIX век кога го основале словенски доселеници. Првин дошле предците на денешните родови Стајкови и Јастребови, а подоцна дошле предците на останатите родови.[3]
По ослободувањето од отоманската власт во 1912 година, селото имало 30 христијански домаќинства.[3]
Во селото се случиле особени позитивни промени по Втората светска војна, кога во селото била изградена железничка станица на линијата Куманово-Бељаковце, биле изградени нови куќи, било воведено електрично осветлување (1963 г.), се случила промена во стопанството и слично.[3]
Селото добило свој водовод дури во 2000 година.
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 10,2 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 710 хектари, на пасиштата отпаѓаат 186 хектари, додека шумско земјиште нема.[4]
Во основа, селото има полјоделска функција.[4]
Пред крајот на турското владеење целото село и сета земја биле чифлиски. Постоеле четири чифлици, чии сопственици биле Куртиш, Клинчар, Шабедин и Ефенди (сите кумановски Турци). По ослободувањето во 1912 година, селото.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шупљи Камен живееле 344 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шупљи Камен имало 328 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Селото во 1961 година броело 689 жители, од кои 665 биле Македонци, а 23 жители Срби. Во 1994 година, бројот се намалил на 124 жители, а селото било населено само со македонско население.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Шупљи Камен живеел 81 жител, од кои 80 Македонец и 1 Србин.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 53 жители, од кои 37 Македонци, 1 Србин и 15 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 344 | 328 | 550 | 626 | 689 | 504 | 236 | 136 | 124 | 81 | 53 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиШупљи Камен е македонско село. Сите родови се доселенички, од кои најголемиот дел се доселиле во XIX век, а само малкумина се доселиле по ослободувањето на отоманската власт.[3]
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
- Родови кои живееле во селото за време на османлиското владеење: Јастребовци (12 к.), доселени се во првата половина на XIX век од „Јастреб Планина“. Возможно е да се од селото Јастребац кај Бујановац; Мургашци (10 к.), доселени се од селото Мургаш; Мазници (5 к.), доселени се од околината на Врање; Слупчанци (5 к.), доселени се околу 1860 година од денес албанското село Слупчане; Клинчаровци (5 к.), доселени се од селото Пезово; Бирдевци (2 к.), доселени се од селото Младо Нагоричане; Чумљаци (3 к.), доселени се од селото Скачковце; Пројичанци (5 к.), доселени се од селото Проевце; Калејци (2 к.), доселени се од селото Милутинце, Кривопаланечко; Шерковци (5 к.), Шошковци (4 к.), Балтевци (3 к.), Митковци (3 к.), Глогинци (3 к.), Стојилковци (3 к.), Стојковци (2 к.), Мренчевци (2 к.), Мицевци (2 к.) и Сипел (1 к.), доселени се, но не знаат од каде. Стојковци е еден од најстарите родови, а родовите Глогинци и Мицевци потекнуваат од ист предок.
- Родови доселени после османлиското владеење: Антиќи (2 к.), доселени се од селото Трговиште, Горна Пчиња (денес во Србија); Јаќимовци (2 к.), доселени се од селото Одрено, Кривопаланечко; Арсевци (2 к.) и Тодоровци (2 к.), доселени се од селото Милутинце, Кривопаланечко; Дедо Ванковци (1 к.), доселени се од селото Радибуш, Кривопаланечко.
Иселеништво
уредиРодот Баба Златини (1 к.) се иселил во селото Горно Коњаре. Родот Шупљокаменчанци (3 к.), се иселил во селото Романовце, Скопско. Родот Стаменовци (8 к.), се иселил во селото Студена Бара, Скопско. После Втората светска војна иселеници има во Скопје (15 к.).[3] А иселеници има и во Куманово и на други места.
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште
- Месна заедница
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Шупљи Камен било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Куманово.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Орашац, во која покрај селото Шупљи Камен, се наоѓале и селата Алакинце, Вак’в, Винце, Доброшане, Д'лга, Живиње, Колицко, Малино, Орашац, Пчиња и Скачковце. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Доброшане, во која влегувале селата Биљановце, Доброшане, Проевце и Шупљи Камен.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1104 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Горно Маало — населба од римското време;
- Црвен Рид — осамен објект од римското време; и
- Џебеџиска Страна — населба од доцноантичкото време.
- Цркви[17]
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква, изградена околу 1930 година.
Редовни настани
уреди- Слави[3]
- Спасовден — главна селска слава
Култура и спорт
уредиФК Бистрица, има играно во трета лига Север во сезоните 2001/2002, 2009/2010 и 2010/2011.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 210. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 71–73.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 324.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 215
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 126-127.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 јануари 2024.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-01-14. Посетено на 14 јануари 2024.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 223. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Шупљи Камен на Ризницата ?