Сливје

село во Општина Долнени


Сливјесело во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Сливје
Поглед на Сливје.jpg

Поглед на Сливје

Сливје is located in Македонија
Сливје
Местоположба на Сливје во Македонија
Координати 41°27′00″N 21°22′22″E / 41.45000° N; 21.37278° E / 41.45000; 21.37278Координати: 41°27′00″N 21°22′22″E / 41.45000° N; 21.37278° E / 41.45000; 21.37278
Регион Coats of arms of None.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени
Област Прилепско Поле
Население 35[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7505
Повик. бр. 048
Надм. вис. 625 м
Сливје на општинската карта
Сливје во Општина Долнени.svg

Атарот на Сливје во рамките на општината
Commons-logo.svg Сливје на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Сливје се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, непосредно од десната страна на реката Рибник. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 625 м. Од Прилеп е оддалечено 29 км. Селскиот атар зафаќа површина од 2,6 км2.[2]

СтопанствоУреди

Селото има полјоделска функција и на неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 186 ха.[2]

НаселениеУреди

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година како дел од Прилепскиот Вилает и во него живееле 37 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Сливје е посочено како село со 18 домаќинства и 85 жители Македонци.[4]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сливје имало 82 жители Македонци и 14 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 56 жители Македонци.[6]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 96 56 183 215 199 196 93 40 32 35
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

РодовиУреди

Сливје е македонско село.

Родови во селото се: Кунтушовци (6 к.) по потекло се од селото Бистрица, Азот, ја знаат следната генеологија Илија (жив на 67 год. во 1950-тите) Стојан-Трајко, основачот на родот, Трајко од Бистрица најпрво се доселил Браилово, па потоа во Пешталево, па се вратил назад во Браилово, во Сливје дошол синот на Трајко, Стојан; Михајловци (3 к.) доселени се од селото Рилево, таму припаѓале на родот Машуловци кои биле староседелци; Минчевци (4 к.) доселени се од Заград, тоа е сега раселено село близу Прилеп, во Сливје дошле 1900 година; Спировци (3 к.) доселени се во 1900 година од селото Секирци, таму припаѓале на родот Тренковци; Котевци (3 к.) доселени се во 1900 година, пред тоа живееле во селото Браилово и некои други прилепски села; Антовци (5 к.) доселени се во 1902 година, пред тоа живееле во Браилово, Ропотово и Пешталево; Стамболџиовци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Зрзе, таму припаѓале на истоимениот род, подалечно потекло имаат од дебарско; Тренковци (1 к.) доселени се од селото Секирци, таму потекнувале од домазет доселен однекаде; Ропановци (1 к.) доселени се од Рилево, таму имаат истоимени роднини доселени однекаде.[10]

Општествени установиУреди

Во селото порано имало основно училиште во коешто се одржувала настава до четврто одделение.

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.

Изборно местоУреди

Селото е опфатено во изборното место бр. 1482 од изборната единица 5 според Државната изборна комисија, сместено во зградата на поранешното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 24 гласачи.[12]

Културни знаменитостиУреди

 
Црквата „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[13]
  • Црква - црква од непознат период;
  • Меѓа - некропола од непознат период;
  • Каменица - некропола од непознат период.
Цркви[14]


НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 март 2020.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 261.
  3. Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ, кн. 4. Скопје. стр.53.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика.
  10. "36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf". Google Docs. Посетено на 2019-01-01.
  11. "Описи на ИМ" (PDF). Посетено на 31 март 2020.
  12. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врскиУреди