Речица (Охридско)

село во Општина Охрид

Речица — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Речица

Поглед на селото од патот до селото Плаќе

Речица во рамките на Македонија
Речица
Местоположба на Речица во Македонија
Речица на карта

Карта

Координати 41°12′48″N 20°56′29″E / 41.21333° СГШ; 20.94139° ИГД / 41.21333; 20.94139
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6306
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19040
Надм. вис. 1.190 м
Речица на општинската карта

Атарот на Речица во рамките на општината
Речица на Ризницата

Потекло на името

уреди

Селото најпрвин запишано како Речица се сретнува во 1300 година. Се верува дека името потекнува од деминитувната форма на река, „речица“.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, во повисокиот источен дел на Општина Охрид, недалеку од патот Охрид-Ресен.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри. Од градот Охрид селото е оддалечено 22 километри.[3]

Речица влегува во особено планинските села. Се наоѓа во изворишниот дел на Коселска Река. Околни села се: Свиништа на југ и Плаќе на исток. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од извори.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Маркои Кули, Ветница, Мала Река, Рашанец, Стогово, Мокреш, Кали Падина, Осој, Мазатар и други.[4]

Селото во основа има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родови.[4]

Речица се наоѓа во подножјето на планината Мазатар, која е дел од Плакенска Планина. Селото се наоѓа на присој и по цел ден е изложено на сончевите зраци, а од друга страна високите планини го штитат од струењето на ветровите.

До селото води асфалтен пат.[5]

Историја

уреди

Селото отсекогаш се наоѓало на истото место, но сепак нема податоци за тоа кога е основано. Постои предание дека селото секогаш било едно од најмалите села во областа.[4]

Во XIX век, Речица било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Во текот на Илинденското востание, на теренот околу Речица се повлекле значителен број на жители од околните населби. Меѓутоа, нивната положба била откриена на Турците од страна на мештанинот Велјан Славески.[6] Биле погубени во месноста Рашанец, за што подоцна била испеана и народна песна.[4]

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 10,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 694 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 199 хектари, а на пасиштата само 14 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

До Втората светска војна, мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство. Биле одгледувани различни земјоделски култури, но земјиштето не било плодно.[4]

Во селото Речица работат повеќе валавици.[7] Исто така, во селото има фарма со кози.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948273—    
1953297+8.8%
1961281−5.4%
1971166−40.9%
198121−87.3%
ГодинаНас.±%
199112−42.9%
19945−58.3%
20025+0.0%
20210−100.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речица живееле 120 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Речица имало 96 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Речица е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[11]

Селото е мало и во фаза на наполно раселување, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 281 жител, додека во 1994 година бројот се намалил само на 5 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Речица живееле 5 жители, сите Македонци.[12]

Во 2013 година, селото имало само 1 жител преку текот на целата година.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 96 273 297 281 166 21 12 5 5 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови

уреди

Речица е чисто македонско православно село. Родовите во селото се сите доселенички. Во Речица сега има само 3 рода.[4]

Родови во Речица се: Славевци (2 к.), Ристевци (2 к.) и Крчевци (2 к.), сите родови се доселенички со непознато место на старина. Од родот Славевци бил Велјан Славески кој за време на Илинденското востание ги предал комитите на Турците, по што се случил масакрот во Рашанец.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:[17]

  • Староседелци: Дервишовци или Здравевци (19 к.), Ѓоревци или Недановци со Ристевци (9 к.), Јолевци или Мојсовци и Наумовци или Славевци (10 к.).

Општествени установи

уреди
 
Спомен-чешма за паднатите борци во НОБ
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било седиште на некогашната рурална Општина Косел.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на тогашната општина Косел.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која селото покрај селото Речица, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Косел, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Расино, Свиништа и Сирула. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Речица, во која влегувале селата Плаќе, Речица и Свиништа.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1342 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект во селото Свиништа.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 97 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“, заштитен споменик на културата
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]
Реки[22]
  • Мокреш — мала река која тече низ селото
Споменици
  • Спомен-чешма на паднатите борци од селото во НОБ
  • Споменик на војводата Аргир Маринчев

Редовни настани

уреди
Слави
  • Ѓурѓовден (6 мај) — црковна слава, која се одбележува кај главната селска црква; и
  • Свети Врачи (14 ноември) — слава кога се дава ручек за гостите во новоизградената црква.

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Во периодот меѓу двете светски војни, од селото немало голем број на иселеници. Меѓутоа, по Втората светска војна имало значителен одлив на населението. Иселеници има во селата Орман (Ристески, 3 к.), Горно Лакочереј (Славевци, 4 к. , Речковци, 2 к.) и Долно Лакочереј (Крчевци, 5 к. и Речковци, 6 к.), а иселеници има и во градот Охрид.[4]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 145. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 258. Посетено на 16 ноември 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  5. 5,0 5,1 „Село Речица-вистински рај за туристи ама без никаква инфраструктура | ТелевизијА ТВМ“. tvm.mk. Посетено на 2019-11-16.
  6. На овој мештанин, востаниците му одземале три кози, кои ги заклале за да се прехранат. Поради тоа, тој ја открил нивната положба.
  7. Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
  8. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252.
  9. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 29.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 ноември 2019.
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. Русиќ, Бранислав. Охридско Поле-Речица. Архивски фонд на МАНУ АЕ 87/1.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 ноември 2019.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 16 ноември 2019.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 29. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  23. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  24. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди