Судик
Судик (порано: Судиќ) — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Судик | |
Општина | Штип |
Население | 10 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 30056 |
Надм. вис. | 670 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
Подрачјето на Судик е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.[1]
Во XIX век, Судик било село во Штипската каза на Османлиското Царство.
Во 2014 г. на селото официјално му е вратено од традиционалното име Судик наместо дотогашното Судиќ.[2]
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Судик живееле 192 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Судик имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 10 жители, сите Македонци.[5]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 192[3] | 256[4] | 407 | 452 | 440 | 304 | 86 | 37 | 27 | 10 |
РодовиУреди
Судик е македонско село.
Според истражувањата од 1957 година, родови во селото се:
- Староседелци: Велковци (8 к.), Еровци (7 к.), Субашинци (6 к.), Пејевци (8 к.), Ефремовци (2 к.) и Гаџовци (1 к.)
- Доселеници: Грбевци (13 к.) доселени се од селото Милино, најверојатно се староседелци во оваа област, Овче Поле; Чавковци (4 к.) доселени се од некое село Карамани над Штип; Шеталевци (5 к.) доселени се од сега раселеното село Толја, кое постоело кај Мечкуевци; Лепитковци (8 к.), Мерешковци (1 к.) и Кожуваровци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде.[7]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 2287 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Верски објекти
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
- Црква „Св. Кирил и Методиј“
- Параклис „Св. Димитриј“
- Параклис „Св. Илија“
- Археолошки наоѓалишта[1]
- Дугени — некропола од железно време
- Кула — градиште од доцноантичко време
- Солунски Рид — градиште од доцноантичко време
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 442-443. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.