Арнакија

село во Општина Сарај

Арнакија — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Арнакија

Поглед на Арнакија во 2008 г.

Арнакија во рамките на Македонија
Арнакија
Местоположба на Арнакија во Македонија
Арнакија на карта

Карта

Координати 41°59′09″N 21°17′12″E / 41.98583° СГШ; 21.28667° ИГД / 41.98583; 21.28667
Општина  Сарај
Население 1.163 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25004
Надм. вис. 486 м
Арнакија на општинската карта

Атарот на Арнакија во рамките на општината
Арнакија на Ризницата
Арнакија со Долната џамија

Географија и местоположба

уреди

Арнакија се во Општина Сарај, во близина на Скопје. Селото лежи во западните предели на Скопската Котлина, во близина на автопатот Скопје - Тетово. Арнакија се наоѓа на десниот брег на Суводолица.

Селото традиционално се дели на маалата Горна и Долна Арнакија (или Горно и Долно Маало). Во 2014 г. Горна Арнакија е прогласена за самостојно село.[2]

Историја

уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Анравуд и е муслиманско, со 15 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 62 мажи муслимани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 134 жители.[3]

Според податоците на Леонард Шулце Јена од 1927 година, во селото живеело албанско население.[4]

Исто така, Афанасиј Селишчев во 1929 година наведува дека во селото живеело албанско население.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[6]

Стопанство

уреди

Атарот не е многу голем и зафаќа простор од 5,4 км2. На него пасиштата заземаат површина од 264,2 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 200,9 ха, а на шумите само 43,1 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[7]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948358—    
1953348−2.8%
1961385+10.6%
1971517+34.3%
1981699+35.2%
ГодинаНас.±%
19914−99.4%
1994935+23275.0%
20021.077+15.2%
20211.163+8.0%

На пописот од 2002 година, селото имало 1.077 жители, од кои 4 Македонци, 1.063 Албанци, 1 Турчин, 9 Бошњаци и 4 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.163 жители, од кои 5 Македонци, 1.086 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 70 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 358 348 385 517 699 4 935 1.077 1.163
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Арнакија е албанско село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Кросе (9 к.) и Мирте (12 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија. Родот Кросе е во селото од почетокот на XIX век, и се најстар род во селото; Рамалар (6 к.) и Мусе (8 к.) доселени се однекаде од северна Албанија; Гоге (13 к.) и Пуре (5 к.) не знаат ништо за своето потекло. За родот Пуре некои тврдат дека потекнуваат од предок Ром.[14]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-06-07.
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  5. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 14.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски, Јован (1949). Скопски Дервен. САНУ.

Надворешни врски

уреди