Голозинци
село во Општина Чашка
Голозинци — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Голозинци | |
Координати 41°38′33″N 21°37′43″E / 41.64250° СГШ; 21.62861° ИГДКоординати: 41°38′33″N 21°37′43″E / 41.64250° СГШ; 21.62861° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | Чашка |
Шифра на КО | 29015 |
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Во 2002 година во селото живееле 43 жители, македонско население.
РодовиУреди
Голозинци е македонско село.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:
- Староседелци: Козаровци (2 к.), Пачариовци (2 к.), Натовци (2 к.), Ѓоревци (2 к.), Опаловци (2 к.), Бошковци (1 к.), Анчевци (1 к.), Тодоровци (1 к.) и Ангелевци (1 к.)
- Доселеници: Агушовци (2 к.), Анчевци (2 к.), Миленковци (2 к.), Ладевци (1 к.), Крстевци (1 к.), Стојковци (1 к.) и Стојанчевци (1 к.) сите се доселени после Првата светска војна од селото Бистрица; Грнчаровци (1 к.) доселени се од селото Богомила; Капиновци (1 к.) доселени се од селото Капиново; Кочиштани (2 к.) доселени се од селото Кочиште во Железник (демирхисарско); Тодоровци (1 к.) потекнуваат од предок кој дошол како службеник после Првата светска војна од Књажевац во Србија. Тука се оженил и останал во селото.[1]
Општествени установиУреди
- Црква „Св. Вознесение Христово“ („Св. Спас“)
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 2232 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[2]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[3]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Големи Баби — населба од римско време; и
- Ридот — населба од неолитот.
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Андон Ќосето (1855-1953) — истакнат револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
До 1966 година од селото целосно се иселиле староседелските родови, Куралевци, Скакаровци и Стојанчевци. Жителите од наведените родови се наоѓаат во Велес. Таму се наоѓа и најголемиот број од иселеното население од Голозинци.[1]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 . Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 64. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врскиУреди
„Голозинци“ на Ризницата ? |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |