Сопотско

село во Општина Ресен

Сопотско — село во Општина Ресен, во околината на градот Ресен.

Сопотско

Куќи во Сопотско

Сопотско во рамките на Македонија
Сопотско
Местоположба на Сопотско во Македонија
Сопотско на карта

Карта

Координати 41°05′06″N 21°03′50″E / 41.08500° СГШ; 21.06389° ИГД / 41.08500; 21.06389
Општина Ресен
Население 152 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 23038
Надм. вис. 993 м
Сопотско на општинската карта

Атарот на Сопотско во рамките на општината
Сопотско на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Сопотско — село во Преспа. Од Ресен е оддалечено 6км. Соседни села се Смилево и Златари од север, Гопеш и Ѓавато од исток, од југ со Козјак, и од запад со градот Ресен.

Историја

уреди

Пости предание дека селото во минатото на 2 пати било дислоцирано. За негови претходни локации се спомнуваат месностите Бела Нива на околу 2 км северно и Трно Нива на околу 2 км југоисточно од сегашната локација.

Во XIX век селото било дел од нахијата Горна Преспа на Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948663—    
1953697+5.1%
1961643−7.7%
1971533−17.1%
1981570+6.9%
ГодинаНас.±%
1991334−41.4%
1994246−26.3%
2002222−9.8%
2021152−31.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сопотско живееле 495 жители, сите Македонци, од кои 420 православни и 75 муслимани.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сопотско имало 640 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото брои 222 жители од кои 184 Македонци, 36 Албанци и 2 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 152 жители, од кои 111 Македонци, 31 Албанец и 10 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 495 640 663 697 643 533 570 334 246 222 152
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Сопотско е македонско-албанско село.

  • Македонски родови се: Балаловци, Вецовци (Дрменци), Геговци, Ѓаштани (најверојатно дојдени од селото Ѓавато), Инџевци, Крстановци, Калановци, Мишевци, Марковци, Митушовци, Котевци, Нечовци, Пецалевци, Патриковци, Канчовци, Ризовци, Рашмовци, Стојчевци, Србиновци, Станковци, Свирковци, Темелковци, Ќипровци, Ќосевци (Макашовци) и Шикалевци.
  • Албански родови се: Бидовци, Ќеримовци, Литовци (Шаќировци) некогаш дојдени од Грција, Феимовци и Џељовци.[11]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

Македонски

  • Староседелци: Крстановци (13 к.), Мишевци (11 к.), Марковци (8 к.) и Стојчевци (6 к.), Балаловци (9 к.), Аспровци (1 к.), Толевци со Ѓеровци (3 к.), Синка (1 к.), Србиновци (6 к.), Нечовци (5 к.), Ќипровци (13 к.), Инџевци (7 к.), Пецалевци (3 к.), Ќосевци (11 к.) и Чаулевци (4 к.)
  • Доселеници: Ѓаштани (10 к.) доселени се многу одамна од селото Ѓавато кај Битола.

Албански

  • Староседелци: Алчевци (14 к.) знаат албански и македонски, Мустафовци (6 к.), Алиловци (3 к.)
  • Доселеници: Парталовци (4 к.) доселени се од селото Вишени кај Костур; Муса Кажанецо (1 к.) доселени се во 1912 година од Кажани кај Битола.[12]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1635 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Бела Црква - депо на монети од средниот век;
  • Св. Никола — осамен наод од римско време и средновековна црква со некропола;
  • Јане Дол — осамен наод од доцноантичко време;
  • Трно Нива — населба од римско време;

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 242.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  12. Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.15
  18. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  19. 19,0 19,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  20. 20,0 20,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  21. 21,0 21,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди