Плетвар

село во Општина Прилеп

Плетвар — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Плетвар

Поглед на селото Плетвар

Плетвар во рамките на Македонија
Плетвар
Местоположба на Плетвар во Македонија
Плетвар на карта

Карта

Координати 41°22′10″N 21°39′05″E / 41.36944° СГШ; 21.65139° ИГД / 41.36944; 21.65139
Регион  Пелагониски
Општина  Прилеп
Област Раец
Население 9 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20080
Надм. вис. 990 м
Плетвар на општинската карта

Атарот на Плетвар во рамките на општината
Плетвар на Ризницата

Географијa и местоположба

уреди

Плетвар се наоѓа во близина на истоимениот превој, кој ги разделува планините Дрен и Бабуна и ги поврзува Пелагонија и градот Прилеп со Раец и Тиквешијата. Селото е планинско и е сместено на надморска височина од 990 м. Од градот Прилеп е оддалечено 9 км. Селскиот атар зафаќа површина од 18,8 км2.[2]

Историја

уреди

Во XIX век, Плетвар било македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Според Георги Трајчев, во селото работело училиште од 1846 година, а во 1902 година била изградена нова училишна зграда.[3]

Стопанство

уреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 704 ха, на шумите отпаѓаат 515 ха, додека обработливото земјиште зафаќа површина од 279 ха.[2] Во близина на селото има наоѓалиште на бел мермер.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948426—    
1953387−9.2%
1961331−14.5%
1971177−46.5%
198187−50.8%
ГодинаНас.±%
199144−49.4%
199430−31.8%
200222−26.7%
20219−59.1%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Плетвар било село со 48 домаќинства и 208 жители.[4]

Според статистиката на Васил К‘нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Плетвар имало 472 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Плетвар имало 456 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Плетвар се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 68 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[8]

Селото броело 331 жител во 1961 година, додека во 1994 година бројот се намалил на 30 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 22 жители, од кои 21 Македонец и 1 Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 8 Македонци и 1 лице без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 472 456 426 387 331 177 87 44 30 22 9
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Плетвар е македонско село.

Родови од селото се следниве:

  • Староседелци: Соколовци (7 куќи), Трпановци (4 куќи), Мурџевци (4 куќи), Кочовци (3 куќи), Порјезовци (1 куќа), Стојчевци (6 куќи), Мурговци (3 куќи), Крнчевци (2 куќи), Чафкаровци (2 куќи), Оџовци (2 куќи) и Карачковци (2 куќи).
  • Доселеници: Никовци (6 куќи) доселени се од Тиквеш, Караиловци (5 куќи) доселени се од Кавадарци, Дуковци (6 куќи) доселени се од мариовското село Кокре, Шијаковци (11 куќи) доселени се од селото Никодин, Будевци (3 куќи) и Вељановци (1 куќа) доселени се од непознат крај.[15]

Општествени установи

уреди
  • Поранешно основно училиште.

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; а во периодот од 1952 до 1962 година било седиште на истоимената Општина Плетвар.

Избирачко место

уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1422 кое е сместено во приватна куќа.[16]

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Кузман и Дамјан“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви
Споменици
  • Споменик на НОБ.
Реки

Природа

уреди
 
Чингова окатка (Pseudochazara cingovskii), ендемски вид кој се среќава само во околината на Плетвар

Во околината на селото се среќава ендемскиот вид на пеперутка Чингова окатка. (Pseudochazara cingovskii)[21]

Личности

уреди
Починати во Плетвар

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 236.
  3. 3,0 3,1 Трайчевъ, Георги (1925). Градъ Прилѣпъ (PDF). София: Македонска библиотека № 6. Печатница „Фотиновъ“ №1. стр. 359.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 245.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  16. „Изборна единица 4: Општина Прилеп“ (PDF). Посетено на 7 јуни 2019.
  17. „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 7 јуни 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  19. Црква „Св. Кузман и Дамјан“, село Плетвар“. OldPrilep. 14 април 2012.
  20. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 36. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  21. Pseudochazara cingovskii. IUCN Red List. Version 2010.4. International Union for Conservation of Nature. 2009. Посетено на 23 март 2011.

Надворешни врски

уреди