Беловодица
Беловодица или Белица[3] — село во областа Раец, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Беловодица | |
![]() Поглед на селото Беловодица | |
Координати 41°20′15″N 21°42′12″E / 41.33750° СГШ; 21.70333° ИГДКоординати: 41°20′15″N 21°42′12″E / 41.33750° СГШ; 21.70333° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Раец |
Население | 15[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 7500 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20004 |
Надм. вис. | 673 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Беловодица се наоѓа на 18 километри источно од градот Прилеп и на 1 километар од патот Прилеп-Скопје, по долината на реката Раец, на северните падини на планината Дрен. Селото е ридско и се простира на надморска височина од 673 м.[4]
ИсторијаУреди
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5]
НаселениеУреди
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото (тука наречено „Белица“) било село во Прилепската каза со 40 домаќинства и 185 жители.[3]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Беловодица живееле 510 жители.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Беловодица имало 576 жители.[7]
Беловодица, поради иселувањето на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 356 жители, а во 1994 година 18 жители, македонско население.
Според последниот попис од 2002 година, во селото Беловодица живееле 24 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото Беловодица живееле 15 жители, сите Македонци.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 510 | 576 | 511 | 461 | 356 | 182 | 73 | 25 | 18 | 24 | 15 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
РодовиУреди
Беловодица е македонско село.
Родови од селово се следниве:
- Староседелци: Страшиковци (25 куќи), Аџијовци (3 куќи) и Анѓелевци (19 куќи).
- Доселеници: Славевци (6 куќи), Бочовци (1 куќи), Мојсовци (15 куќи) и Вазлијовци (5 куќи) се доселенички родови со непознат крај во ХVIII век; Мијаковци или Кликушовци (9 к.), доселени се од мијачкото село Галичник во почетокот на XIX век; Врсаковци (3 куќи) доселени се од мариовското село Градешница во почетокот на XIX век; Чивличијовци (3 куќи) доселени се од мариовското село Крушевица во средината на XIX век; Радобилци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од Радобил во 1870 година; Ѓорговци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од Живово во Мариово, во 1895 година; Китевци (1 куќа) потекнуваат од домазет Ордан кој дошол од Фариш во 1900 година; Кулевци (1 куќа) потекнуваат од домазет Борис кој дошол од Мрзен Ораовец; Грбавци (1 куќа) потекнуваат од домазет Стојан кој дошол од Грбовец во 1906 година; Цоцовци (1 куќа) потекнуваат од домазет Ѓорге кој дошол во 1907 година од Гуѓаково во Мариово; Баба-Брезкинци (1 куќа) потекнуваат од домазет Стојан кој дошол од Царевиќ во 1910 година (во Царевиќ неговиот род е доселен од мариовското село Галиште); Кулевци (1 куќа) потекнуваат од домазет Пецо кој дошол од Мрзен Ораовец; Марчевци (1 куќа) потекнуваат од домазет Трајче кој дошол од Дуње во Мариово, во 1911 година; Ристовци (1 куќа) потекнуваат од домазет Боше кој дошол како домазет од Крушевица во Мариово, во 1918 година; Дујевци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од Царевиќ во 1919 година.[13]
Општествени установиУреди
- Поранешно основно училиште.
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; а во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Плетвар.
Во периодот 1955-1962, селото било дел од тогашната општина Плетвар, во која покрај селото Беловодица се наоѓале селата Голем Радобил, Дрен, Крстец, Лентите, Мал Радобил, Никодин, Ореовец, Плетвар, Ракле, Смолани, Топлица, Тројаци и Царевиќ.
Избирачко местоУреди
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1423 кое е сместено во поранешното основно училиште.[14]
Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Манастири
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква изградена во 1885 година;[17] и
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - мнанастирска црква изградена во 1980 година.[18]
- Споменици
- Споменик посветен на Илинденското востание.
- Реки
- Езера
- Беловодичко Езеро — вештачка акумулација изградена во 1991 година; и
- Мармерно Езеро — привремена вештачка калумулација создадена од напуштен рудник за мермер.
ЛичностиУреди
- Починати во Беловодица
- Александар Спирков (? – 1903) — македонски револуционер;
- Димитар Сливјанов (1876–1903) — македонски револуционер; и
- Тале Христов (1878–1903) — македонски револуционер.
ГалеријаУреди
Надворешни врскиУреди
- Беловодица на Ризницата ?
НаводиУреди
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79 и стр. 182-183.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 25.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 246.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2008-11-02.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 507–508.
- ↑ „Изборна единица 4: Општина Прилеп“ (PDF). Посетено на 7 јуни 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. Посетено на 7 јуни 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Црква „Свети Никола“, село Беловодица“. OldPrilep. 17 април 2012.
- ↑ „Манастир „Свети Георгиј“, село Беловодица“. OldPrilep. 31 декември 2011.