Букојчани
Букојчани — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.
Букојчани | |
Координати 41°37′31″N 20°57′33″E / 41.62528° СГШ; 20.95917° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 25 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12008 |
Надм. вис. | 810 м |
Букојчани на општинската карта Атарот на Букојчани во рамките на општината | |
Букојчани на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во регионот Горно Кичево во подножјето на планината Буковик, оддалечено 14 километри северно од Кичево.
Историја
уредиСпоред османлиски документи, во 1747 - 1748 година, жители на Букојчани воделе тужби против жителите и спахијата на селата Јагол и Строгомиште (Горно и Долно), кои завладеале со пасиштата на Букојчани.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 1873 година било забележано дека во селото има 8 домаќинства и 29 жители.[3]
Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, кон крајот на XIX век селото било мало и во 1900 г. имало 180 жители христијани (Македонци).[4] Од другата страна пак, според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 240 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Букојчани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Според податоците од 2002 година, во селото има 97 жители, од кои: 23 Македонци и 74 Албанци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 8 Македонци, 14 Албанци и 3 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 162 |
1953 | 165 | 19 | — | — | — | — | — | 1 | — | 185 |
1961 | 185 | 28 | — | — | — | — | — | — | — | 213 |
1971 | 180 | 30 | — | — | — | — | — | — | — | 210 |
1981 | 129 | 36 | — | — | — | — | — | 3 | — | 168 |
1991 | 55 | — | — | — | — | — | — | — | — | 55 |
1994 | 47 | 49 | — | — | — | — | — | — | — | 96 |
2002 | 23 | 74 | — | — | — | — | — | — | — | 97 |
2021 | 8 | 14 | — | — | — | — | — | — | 3 | 25 |
Родови
уредиБукојчани е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелски: Вељановци (9 к.), Ридовци или Радичевци (3 к.), Сибиновци (3 к.), Марковци (1 к.), Наумовци (4 к.) и Вујовци (3 к.)
- Доселенички: Шендевци (4 к.) и Стојановци (3 к.) доселени се од Белица во Копачка.[11]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 823 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна деловна просторија.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Никола“ - изградена во седумдесеттите години на минатиот век, на темели од стара црква градена во 1882 година, а потоа урната. Фрескоживописот е дело на зографот Кузман Фрчкоски од Галичник, работен во периодот од 1976 - 1978 година.
Личности
уреди- Бранко Наумоски (1951 - ) - македонски правник, омбудсман и уставен судија;[15]
- Војо Стојановски (1949 - 2014) - македонски пејач;
- Гашо Тришески - Гаги - македонски фолк пејач;[16]
- Билјан Стојановски - македонски фолк пејач;
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Грозданова, Елена и Стефан Андреев. Малките селски войни, во: Контрасти и конфликти „зад кадър“ в българското общество през XV-XVIII век, София 2003, с. 441.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142-143.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-24.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-11-02.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „ПОРАНЕШЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ“. Народен правобранител на Македонија. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 2012-05-04.
- ↑ „ГАГИ ТРИШЕСКИ НОВО ЛИЦЕ НА ФОЛК СЦЕНАТА!“. Естрада плус. 20 април 2012. Посетено на 2012-05-04.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Букојчани на Карти на Гугл