Куманичево
- За истоименото село во Костурско, видете овде.
Куманичево — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
Куманичево | |
Координати 41°17′01″N 21°59′41″E / 41.28361° СГШ; 21.99472° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Население | 7 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 11026 |
Куманичево на општинската карта Атарот на Куманичево во рамките на општината | |
Куманичево на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во источниот дел на Тиквешијата. Целата западна атарска граница му излегува на Тиквешкото Езеро.
Историја
уредиПодрачјето на Куманичево е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта во неговиот атар.[2]
Во XIX век, Конопиште било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Куманичево живееле 350 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Куманичево имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 7 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | 320 | 383 | 306 | 308 | 148 | 41 | 22 | 7 | 7 | 7 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиКуманичево е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Јанчевци-Поповци (20 к.), Тасевци (11 к.), Чулешковци (10 к.), Гиновци (3 к.), Палеовци (4 к.), Јечменковци (2 к.), Мојсовци (2 к.), Угриновци (1 к.) и Бајрактаровци (1 к.).
- Доселеници: Божиновци (10 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од мариовското село Полчиште; Афтовци (2 к.) доселени се на почетокот од XIX век од некое село во Мариово; Тодоровци (1 к.) доселени се од селото Клиново; Бошковци (3 к.) доселени се од селото Драгожел, а таму се доселени кон крајот на XVII век од Велешко; Шоповци (1 к.) доселени исто така од Драгожел, а таму се доселени од Штипско во XVII век; Сабловци (1 к.) доселени се од селото Конопиште; Бајковци (1 к.) доселени се од селото Градиште; Пачовци (1 к.) доселени се од селото Бојанчиште, а таму од селото Полчиште кон крајот на XVIII век.[11]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[2]
Редовни настани
уредиЛичности
уредиЛичности родени во Куманичево:
- Павле Ристов (1922-1945) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 153. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 – 105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.