Гари

село во Општина Дебар

Гаримијачко село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар.[2] Селото е сместено на падините на планината Стогово, под шумата наречена Канеш. Низ самото село поминува Гарска Река, која претставува заштитен споменик на природата.

Гари

Панорамски поглед на селото

Гари во рамките на Македонија
Гари
Местоположба на Гари во Македонија
Гари на карта

Карта

Координати 41°30′2″N 20°40′58″E / 41.50056° СГШ; 20.68278° ИГД / 41.50056; 20.68278
Регион  Југозападен
Општина Грб на Општина Дебар Дебар
Население 10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08008
Надм. вис. 1100 м
Слава Голема Богородица
Гари на општинската карта

Атарот на Гари во рамките на општината
Гари на Ризницата

Селото е особено познато по иконостасот и резбата во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, кои биле изработени од тајфата на далеку познатиот мајстор Петре Филиповски - Гарката.

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед кон планината Стогово над селото

Гари е дел од областа Мала Река, сместено длабоко во пазувите на планината Стогово, на надморска височина од околу 1100 метри. Селото се наоѓа во една тесна долина, која произлегува од едно ледничко езерце на Стогово.

При продорот на словенските племиња на Балканот, меѓу повоинствените се наоѓаат Мијаците. Неколку легенди говорат дека тие како похрабри го населиле најтешко проодниот предел од Македонија по Радика, во пазувите на планините Стогово, Бистра, Јама па сè до Малесија и Лума (Албанија). Според Тома Смилјаниќ, Мијаците се викаат така зошто секогаш биле чисти и измиени. Друго предание говори дека Мијаците го добиле името бидејќи личната заменка „ние“, ја изговараат „мие“. Смилјаниќ смета дека ова толкување е најточно. Според Новаковиќ, (Законски споменици), Гари се споменува во XIV век. Според едно предание се смета дека некогаш Гари се наоѓало во месноста Присој, некаде околу XIV век.

Историја

уреди
 
Гари во почетокот на XX век

Според истиот автор се наведува дека Гари било населено од страна на Мијаците во 1760 година, а претходно таа месност била пуста.[3] Според легендата се вели дека во текот на XV век на падините на планината Стогово, во месноста наречена Дрениче постоела црква посветена на Свети Спас, од која неколкупати ја снемувало иконата посветена на светецот. Иконата одлетувала до денешното село Гари, а селаните подоцна ја враќале назад, но настанот се повторувал. Затоа, селаните одлучиле да подигнат нова црква и село на местото каде паѓала иконата.[4]

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ го опишал Гари „како село со повеќе од 180 куќи, повеќето со два или три ката, кои со својата масивна камена структура, изложени на југ и амфитеатрално симетрично распоредени, му даваат еден прекрасен пејзаж“.[3]

Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 278 жители христијани (Македонци).[5] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 1000 жители христијани (Македонци).[6]

Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[7]

Стопанство

уреди

Во селото, уште од неговото населување, најголема стопанска дејност била сточарството, поради планинската местоположба и малкуте можности за обработка на земјата. Некогаш, во селото имало 25.000-30.000 овци, од кои се правел кашкавал и сирење, кои се продавале низ Македонија и во странство.

Во време на Југославија била направена килимарницата, која вработувала 120 жени, кои произведувале персиски килими, кои на времето се продавале во Германија.

Во поново време била најавена странска инвестиција од страна на хрватското претпријатие „Мали Лошињ“, кое започнало со изградба на фабрика за вода за пиење од околните извори. Фабриката е сместена во близина на селото, на оддалеченост од пет километри.

Население

уреди

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Гаре се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 195 куќи.[8]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948539—    
1953546+1.3%
1961454−16.8%
197137−91.9%
198117−54.1%
ГодинаНас.±%
19919−47.1%
199433+266.7%
200210−69.7%
202110+0.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 10 жители, 9 Македонци и 1 друг.[10] Во последните години, бројот на жители е дополнително намален и одвај да има некој постојан жител преку целата година, додека за време на летниот период, многумина иселени гарци се враќаат во селото.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1000 1560 539 546 454 37 17 9 33 10 10
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Гари е старо македонско православно село. Според народната традиција еднаш селото пропаднало, па денешното село го обновиле доселеници од разни краишта и од некои раселени села во атарот на Гари.[15]

Родови во Гари се: Дудовци (50 к.), најстар род во селото; Којчевци (16 к.); Коџакаровци (8 к.); Џиковци (10 к.), доселени од Тресонче; Пејчиновци (15 к.); Стаматовци (17 к.); Поповци (8 к.); Патниковци (7 к.); Србиновци (15 к.) и Негровци (15 к.).

Селото е на патот Дебар-Кичево и затоа се чувствува влијанието на Брсјаците врз населението.

Општествени установи

уреди
  • Поранешната жандермерија надвор од селото
  • Старото училиште
  • Старата хидроцентрала на Гарска Река

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на големата Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Гари, се наоѓале и селата Лазарополе, Росоки, Селце и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 477/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Могорче.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 827 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[18]
Реки

Редовни настани

уреди

Култура и спорт

уреди

Од селото Гари потекнува познатата тајфа на копаничари предводени од Петре Филиповски - Гарката. Меѓу позначајни ракотворби на оваа тајфа резбари се иконостасите во манастирот „Св. Јован Бигорски“ и црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Најголем дел од иселените гарци се наоѓаат во Скопје. Најголемото иселување се случило по затворањето на задругата во 1961 година.

Галерија

уреди
Архитектура

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Павловски, Јован (2006). Ми-Анова енциклопедија: М-П. Скопје: Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9989613915.
  3. 3,0 3,1 Трајчев, Георги (1941). Книга за Мијаците (12. изд.). Софија: Македонска библиотека.
  4. „Гари“. Мариово Филм. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 28 септември 2015.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
  6. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
  7. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 48.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Смиљаниќ, Томе (1925). Мијаци, Горња Река и Мавровско Поље. Српска краљевска академија. стр. 100–101.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди