Збажди

село во Општина Струга

Збажди (се сретнува и како Зб’жди) — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Караорман.

Збажди
Зб’жди

Поглед на селото Збажди

Збажди во рамките на Македонија
Збажди
Местоположба на Збажди во Македонија
Збажди на карта

Карта

Координати 41°21′00″N 20°40′22″E / 41.35000° СГШ; 20.67278° ИГД / 41.35000; 20.67278
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Малесија
Население 10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6338
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26021
Надм. вис. 1.060 м
Збажди на општинската карта

Атарот на Збажди во рамките на општината
Збажди на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед кон селото од Локов

Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на западните падини на планината Караорман, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Дебрца.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.060 метри. Од градот Струга, селото е оддалечено 27 километри.[2]

Помеѓу селата Збажди и ’Ржаново тече Збошка Река, која во текот на летниот период неретко пресушува. Се влева во Црн Дрим кај селото Глобочица.[3]

Историја

уреди

Според одредени извори, западно од денешното село се наоѓа месноста Закаменска, од каде потекнува Олимпија, жената на Филип II и мајката на Александар Македонски.

Во XIX век, Збажди било село во рамките на Охридската каза на Отоманското Царство.

Во 1944 година, во селото била основана Првата косовско-метохиска ударна бригада.

Стопанство

уреди
 
Поранешната земјоделска задруга помеѓу селата Збажди и ’Ржаново

Во селото во минатото постоела огромна земјоделска задруга во која се чувале овците од Струшкото Поле. Задругата била сместена на патот помеѓу селата Збажди и ’Ржаново.

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 50,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.686,5 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 1.600 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 646,3 хектари.[2]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948463—    
1953505+9.1%
1961449−11.1%
197192−79.5%
198141−55.4%
ГодинаНас.±%
199116−61.0%
199415−6.2%
200210−33.3%
202110+0.0%

Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства и 96 жители мажи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Збажди имало 550 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Збажди имало 640 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]

Од Збажди се иселил значителен број од неговото население. Така, во 1961 година селото броело 449 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 15 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Збажди имало 10 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, од кои 4 Македонци и 6 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 550 640 463 505 449 92 41 16 15 10 10
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Збажди е чисто македонско село.

Според истражувањата во периодот од 1948 до 1950 година, родови во селото биле:

  • Со непознато потекло се: Дамјановци со Дапчиновци (20 к.), Мавнивиловци (1 к.), Грујевци (9 к.) и Богојевци (3 к.) овие родови потекнуваат од четири браќа, некои мислат дека потекнуваат од Закамен; Стојковци со Тримовц и (12 к.) и Карадаковци (6 к.) потекнуваат од ист предок; Марковци (4 к.), Беровци (2 к.) и Трајчевци (4 к.) мислат дека порано биле еден род почетокот од XIX век.
  • Со познато потекло се: Петковци (13 к.), Шаламановци (1 к.) и Радичовци (1 к.) доселени се од некое село Кукуричани во Долен Дебар во Албанија. Од таму се иселиле поради насилство. Селанинот Мијајле Радичоски заедно со Недан Мојсоски биле селски војводи во Илинденското Востание; Близнаковци или Петревци (3 к.) доселени се на почетокот од XIX век од соседното село Локов. Таму живееле двајца браќа близнаци по што го добиле името; Иловци (1 к.) доселени се од раселеното село Славила кое постоело кај селото Селци; Каларенци или Каларен (1 к.) и Крстановци (1 к.) доселени се од селото Радожда крај Охридското Езеро; Аџиоски Фидан (1 к.) порано живеел во селото. Бил Ром. Бил доселен од Локов, а имал роднини во Ржаново.[14]

Самоуправа и политика

уреди
 
Поглед кон селото од Локов, како и патот кој води до него

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Караорман, во која покрај селото Збажди, се наоѓале и селата Богојца, Брчево, Глобочица, Локов, Мислодежда, Поум, Присовјани и ’Ржаново. Во периодот 1950-1952 година, селото Збажди било дел од некогашната општина Присовјани, во која влегувале селата Глобочица, Збажди и Присовјани.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[16] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Реки[3]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Родени во Збажди

Потекло од Збажди

Таткото на познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, Ѓоко, потекнува од селото Збажди. Поради тоа, првиот албум на Трпчески снимен во Македонија, бил посветен на ова село.

Иселеништво

уреди

Иселеништвото од ова село било масовно, така селото е пред целосно изумирање. Постари иселеници до 1950 година има во Ресен, Битола, Охрид, Белчишта, Волино, Царев Двор. А надвор од Македонија во Србија (Јабука, Белград, Суботица, Нови Сад), Бугарија (Ботевград), Хрватска (Сплит, Копривница), Германија, Австрија, Аргентина, Чешка.[14] Иселувањето продолжило и после 1960-тите помасовно. Во тој период населението се иселувало во Охрид и Струга, а помалку во Скопје.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 129. Посетено на 14 октомври 2018.
  3. 3,0 3,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 31. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 164-165.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 октомври 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав (1953). Малесија. Годишен зборник на Филозофскиот факултет на универзитетот во Скопје. Историско-филолошки оддел. кн. 6.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 14 октомври 2018.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 14 октомври 2018.
  17. „Референдум 2018“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 14 октомври 2018.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. 20,0 20,1 20,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
  23. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. 24,0 24,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. 25,0 25,1 25,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди