Осој (Дебарско)
Осој — мијачко село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар[2]. Селото е сместено на северните падини на планината Стогово на надморска височина од 900 до 1000 метри.
Осој | |
Поглед на дел од селото | |
Координати 41°31′45″N 20°38′39″E / 41.52917° СГШ; 20.64417° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Население | 12 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1250 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08029 |
Надм. вис. | 1000 м |
Слава | Света Петка |
Осој на општинската карта Атарот на Осој во рамките на општината | |
Осој на Ризницата |
Соседни села на Осој се селата Могорче и Гари, кои иста така се наоѓаат во Општина Дебар.
Географија и местоположба
уредиСелото Осој се наоѓа во Западна Македонија, во областа Мала Река, на падините на планината Стогово, на надморска висина од 900-1000 метри. Соседни села се Могорче од левата страна и Гари од десната. Селото Осој е дел од мијачките села по долината на Радика и Мала Река.
Во селото се сретнуваат повеќе маала, кои претежно се наречени по родовите кои живееле таму. Така, се сретнуваат Младеновци, Пулевци, Јоновци, Прајовци и други маала.[3]
Селото е оддалечено 14 километри источно од градот Дебар.
Историја
уредиВо селото се доселило дел од населението на соседното село Могорче, односно населението кое не прифатило да се потурчи, го напуштило Могорче и се упатиле кон селото Осој.[3]
Според опис на Георги Трајчев, селото било претставено дека се наоѓа на терасовидна ливада, со овошни дрвја. Во тоа време броело 80 куќи. Куќите биле малтерисани со вар. На Ѓурѓовден жителите излегувале со литија до манастирската месност.[4]
Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото веројатно настанало поради тоа што селото се наоѓа на осојно место[4] што е поради неговата местоположба на северната страна на планината Стогово.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 223 жители христијани (Македонци).[6] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 600 жители христијани (Македонци).[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Осој се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 86 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Селото брои околу 50-тина куќи. Сите семејства се од христијанска вероисповед. Мал е бројот на оние кои постојано живеат во Осој. Претежно живеат и работат во Скопје и внатрешноста на Македонија. Според пописот од 2002 година, селото брои 6 жители, сите Македонци.[10] Моментално, во селото се останати одвај по некој жител, кои живеат постојано, иако за време на летниот период нивниот број се зголемува претежно од иселениците.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 9 Македонци, 2 Турци и 1 Србин.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 600 | 688 | 228 | 232 | 169 | 2 | 5 | 2 | 1 | 6 | 12 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиОсој е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
- Младеноско маало: Џиковци (4 к.), Шкодровци (4 к.), Деспотовци (4 к.) и Аврамовци (7 к.).
- Пулеско маало: Деспотовци (5 к.), Пејдановци (6 к.), Даневци (8 к.) и Николовци (6 к.).
- Долно Пулевци: Станковци (5 к.), Ѓиновци или Гиновци (1 к.) и Илијовци или Илиновци (2 к.)
- Пројоско маало: Мирчевци (6 к.), Мојсовци (8 к.) и Фидановци (3 к.)
- Јаноско маало: Сарџовци (8 к.), Митревци (1 к.) дојдени од селото Беличица во Горна Река, и Гиновци/Ѓиновци (2 к.).
Населението е воглавно староседелско, од старото село Ефла, а има доселеници и од селото Могорче (Веловци, Несторовци и Поповци) кои избегале од исламизирање.[15]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на големата Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Косоврати, во која покрај селото Осој, се наоѓале и селата Горно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Косоврасти, Долно Мелничани, Могорче и Скудриње. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Долно Косоврати, во која влегувале селата Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Мелничани, Могорче и Осој.
Културни и природни знаменитости
уредиВо селото постои споменик од Народноослободителната борба за борците од селото Осој, кои учествувале во борбата против балистите и другите окупаторски сили во Македонија во текот на Втората светска војна. Споменикот е посветен на борците: Косте Д. Трипуновски, Николе Б. Николовски, Јован Е. Таневски, Соколе Б. Таневски и Бибо Т. Дуковски. Бил поставен од страна на здружението од селото Осој во текот на 1981 година.
- Цркви[16]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната селска црква
- Манастир „Св. Петка“ — манастир
- Манастир „Св. Архангел Михаил“ — манастир
- Археолошки наоѓалишта[17]
- Крст — археолошко наоѓалиште во близина на манастирот „Св. Архангел Михаил“
Редовни настани
уредиКако главна селска слава се одбележува Света Петка, при што секоја година на 8 август, селаните и иселениците од самото село организираат црковно-народен собор посветен на светицата.[3]
Личности
уреди- Вело Ташовски (р. 1949) — сликар
- Евстатиј Попдимитров (1857 — 1915) — зограф
- Нестор Мирчевски (1873 — 1969) — резбар
- Јован Таневски (1918 — 1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Никола Николовски (1926 — 1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Галерија
уреди-
Споменикот од НОБ - изработен од ликовниот уметник Сековски Томислав од Осој, Дебар.
-
Дел од селото
-
Поглед на главната селска црква
-
Пат над селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Павловски, Јован (2006). Ми-Анова енциклопедија: М-П. Скопје: Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9989613915.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Според кажување на селанец од селото Осој. Забележале Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски, Никола Цибрев, Цветко Неделковски и Кирил Симеоновски на 4 јули 2015
- ↑ 4,0 4,1 Трајчев, Георги (1941). Книга за Мијаците (12. изд.). Софија: Македонска библиотека.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 48.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Смилјаниќ, Тома. Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уреди- Осој (Дебарско) на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Осој на Карти на Гугл