Коњско (Ресенско)
Коњско (според мештаните Конско) — село во Општина Ресен, Преспанско, крај границата со Албанија Името на селото потекнува од грчки збор conis што значи товарење, бидејки во минатото се правел транспорт на дрвја од пречна планина, до селата од источниот брег.
Коњско | |
Поглед на Коњско | |
Координати 40°54′40″N 20°59′14″E / 40.91111° СГШ; 20.98722° ИГД | |
Општина | Ресен |
Население | 13 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 23018 |
Коњско на општинската карта Атарот на Коњско во рамките на општината | |
Коњско на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиКоњско е село во Горна Преспа. Сместено е на брегот на полуостров на Преспанското Езеро. Од градот Ресен е оддалечено 32 километри. Соседни села се Стење на северозапад и Туминец (Општина Пустец) на југозапад. Селото е познато по правење на посебен вид на сушена риба (циронка).
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од нахијата Долна Преспа на Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиВо минатото лугето се занимавале со риболов, лозарство и овоштарството. Се правела размена на дрва за огрев со прехрамбени продукти.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коњско живееле 60 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Коњско имало 16 Македонци, патријаршисти.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[4]
Според пописot на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 3 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 11 Македонци и 2 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 60 | 16 | 105 | 112 | 84 | 46 | 36 | 13 | 4 | 3 | 13 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиКоњско е македонско село.
Родови во селото се: Ѓоргијовци, Петревци и Тасевци.[11]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Доселеници: Ивановци со Секуловци, Ѓоргијовци и Тасевци (14 к.) доселени се некогаш од селото П’пли во егејскиот дел од Преспа. Овде се доселил некој дедо Иван, кој го затекнал само родот Танасовци, кои потоа целосно исчезнале од селото.[12]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1670 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом во селото Стење. Во избирачко место се опфатени и населените места: Коњско, Стење, Лескоец, Отешево.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 434 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[15]
- Црква „Св. Илија“;
- Црква „Св. Никола“;
- Црква „Св. Петар и Павле“ — пештерска црква;
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Старо Село — црква и некропола од средниот век;
- Голем Град — населба, црква и некропола од неолитско, хеленистичко, рисмко време и среден век;
- Коњско — депо на монети од средниот век;
- Бљудо — населба, црква и некропола од средниот век;
Редовни настани
уреди2 ри август илинден
Личности
уреди- Коста Николов Георгиевски — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Цветко Петров Секуловски — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 242.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)