Сушица (Струмичко)

село во Општина Ново Село

Сушица — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Сушица

Сушица

Сушица во рамките на Македонија
Сушица
Местоположба на Сушица во Македонија
Сушица на карта

Карта

Координати 41°26′25″N 22°50′10″E / 41.44028° СГШ; 22.83611° ИГД / 41.44028; 22.83611
Општина Ново Село
Население 936 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27068
Слава Ѓурѓовден
Сушица на општинската карта

Атарот на Сушица во рамките на општината
Сушица на Ризницата
Влезот на селото
Поглед кон селото
Дом на пензионери и Месна заедница
Детски парк
Црква „Св. Ѓорѓи“
Џамија во селото
ОУ „Мануш Турновски“

Географија и местоположба уреди

Подогражденското село Сушица се наоѓа во источниот дел на Струмичката котлина. Над него се извишува планината Огражден а под него е полето – нивјето и ѓолот. Околу него, како во круг, се подредени селата Секирник, Штука, Иловица, Барбарево, Ново Село и Зубово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 18 километри, и до селото поминува магистралниот пат М-6, Струмица – Ново Село.

Реката Пресветица или Сушичка или Селска Река го дели селото на два дела, а вода има до јуни, бидејќи во летните месеци реката пресушува. Пред изградбата на хидросистемот за наводнување на Струмичкото Поле, обработливите површини во атарот на селото Сушица жеднееле за вода. Но, со изградбата на хидромелиоративните ситеми како и на деталната каналска мрежа, селото доживеало ренесанса бидејќи водата од хидросистемот ги направило поработливи и побогати.

Потекло на името уреди

Самото негово име покажува дека водата за пиење и за широка употреба отсекогаш претставувала насушен проблем за неговите жители. Топонимот „Сушица“, инаку, според народното предание, значи „суво место“, без вода. Водата во поранешните години за сушичани била „скапоцена“ и „света“. Затоа и малкуводната огражденска река, којашто минува низ „безводното село“, била наречена Пресветица.

Историја уреди

Средновековен период уреди

Во средниот век, пред доаѓањето на Османлиите на Балканот, во Сушица живеело македонско население. Тогаш селото било мало. Кога Средовековна Македонија потпаднала под власта на Србите, како и во многу други краишта на Македонија, така и во струмичкиот крај српските феудалци (за задужбина) им подарувале имоти на светогорските манастири. Така, средновековниот српски феудалец Хрељо (Хреља), на Хилендарскиот манастир му подарил пасишта на планината Огражден, како и селата Секирник, Штука и некои други населби заедно со имотите. Подоцна на овој манастир му е подарена и Сушица.

Османлиски период уреди

Со потпаѓањето на Македонија под власта на Османлиите, во Сушица се населило муслиманско население односно настанала инвазија на нови жители од Ориентот, главно Јуруци и Коњари во целата Струмичка котлина. Староседелците односно месното македонско население, не можејќи да го издржи притисокот на колонистите од Анадолија, карактеристични по својот фанатизам, се иселило од селото. Така, селото Сушица во еден период од турското ропство, станало чисто турско населено место. Јуруците дошле во Струмичката котлина, заедно со семејствата, добитокот и покуќнината. Од анадолските предели тие навлегле во Тракија а од таму по стратешкиот пат што водел преку градовите Драма, Сер и Петрич навлегле во Струмичката котлина.

Новодојдените жители го измениле ликот на селото. Тоа добило ориенталска физиономија. Со напливот на колонистите од малоазиските предели, селото осетно се зголемило. Подоцна станало и чифлик на богатите бегови. Во селото се измениле неколку чифликсајбии. Селото за време на османлискиот период било поделено на две маала – на чифлик и на турско маало. Главно занимање на населението било сточарството и било познато по богатиот сточен фонд. Имало многу овци кои паселе по пространите и обилни огражденски пасишта.

Од народното предание се дознава дека во селото имало и бегов конак. Имало и џамија, која се наоѓа во центарот на селото и од која денеска е останато едниствено нејзиното минаре. Ајдутинот Костадин Бансколијата, кој имал своја вооружена чета, во втората половина на XIX век присилил еден чифликсајбија да им го продаде својот имот на селаните, главно, македонски рисјани.

Југославија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија уреди

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Стопанство уреди

Анадолците со доселувањето во овој крај го пренеле биволот како запрежен добиток, а од земјоделските култури ги пренеле: памукот, сусамот, афионот, оризот и бостанот. Во текот на владеењето на Османлиите на Балканот, во струмичкиот регион од Америка бил пренесен и тутунот. Турската власт, инаку, го помагала развојот на сточарството во селата, ги стимулирала сточарите да одгледуваат повеќе добиток, бидејќи коњите им биле потребни за воени цели – за потребите на спахиската коњаница а овците ги одгледувале за исхрана на војниците и на градското население. А во тоа време во Сушица било мошне развиено сточарството. На дофат биле и пространите пасишта на планината Огражден.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.201—    
19531.380+14.9%
19611.659+20.2%
19711.852+11.6%
19811.941+4.8%
ГодинаНас.±%
19911.931−0.5%
19941.813−6.1%
20021.811−0.1%
2021936−48.3%

Според етнографската карта на Струмичката каза од 1912 година во почетокот на XX век селото било големо и во него повеќе живеело македонско население – три четвртини од населението биле Македонци а само една четвртина биле Турци. По Првата балканска војна, Турците масовно се иселиле во Турција, а на нивно место дошле нови жители – Македонци од ридско-планинското село Барбарево и некои други селски населби од пасивните краишта на Огражден. По завршувањето на Втората балканска војна во Сушица се населиле и бегалци од околината на градовите Кукуш и Костур од Егејскиот дел на Македонија.

Во почетокот на XX век, селото било со мешано население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година,Зушица е наведено како село со 60 домаќинства со 162 жители Македонци и 70 Турци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушица живееле 1.300 жители од кои 1.140 биле Македонци а 160 биле Турци.[4]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 784 Македонци, патријаршисти[2][5] и функционирало грчко училиште.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци и 200 Турци.[6]

По ослободувањето, селото е во постојан пораст. Значително е зголемен бројот на неговите жители. На пример во 1971 година селото имало околу 1.750 жители а во почетокот на 1981 година бројот на жителите е зголемен на 1.940.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.811 жители, од кои 1.808 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 936 жители, од кои 848 Македонци, 1 Албанец и 87 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.300 784 1.201 1.380 1.659 1.852 1.941 1.931 1.813 1.811 936
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 1788 и 1789 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и дом на културата.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.638 гласачи.[14]

Знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Редовен настан во селото Сушица е селската СМОТРА. Исто така секоја година за празникот Ѓурѓовден, кој е исто така и селски празник, има традиционална трка со коњи, луѓе и фудбал. Селото Сушица има своја екипа за фудбал и игралиште за фудбал.

Личности уреди

Култура и спорт уреди

  • Културно-уметничко друштво Никола Јонков Вапцаров
  • ФК Младост, кој се распаднал како клуб во 2008 година под името Нов Милениум.

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 161.
  5. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. рр. 106-107
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.

Надворешни врски уреди