Скопје

главен град на Македонија

Скопјеглавен и најголем град во Македонија, кој воедно претставува административен, политички, стопански, културен, образовен и научен центар. Се наоѓа во северниот дел на државата, а во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар. Камен мост се наоѓа крај реката Вардар. Македонски народен театар се наоѓа на булевар Св. Климент Охридски. Сули ан е тој сарај, кој се наоѓа во Старата чаршија во Скопје. МРТВ е приватна телевизиска станица во Македонија, а потоа Порта „Македонија“, Воин на коњ и Скопско кале се наоѓаат. Подоцна во 84 или 85 година царот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп. Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември 1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација. Скопје е прв по големина град во Македонија според бројот на жители (2015 г.). На 6 август 2016 година Скопскиот Регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.

Скопје
Главен град
Од горе надолу, од лево кон десно: Камен мост • Македонски народен театар • Сули ан во Старата чаршија • МРТВ • Порта „Македонија“ • Воин на коњ • Скопско кале
Карта
Местоположба на Скопје во Македонија
Скопје is located in Македонија
Скопје
Скопје
Местоположба на Скопје во Македонија
Координати: 42°0′N 21°26′E / 42.000° СГШ; 21.433° ИГД / 42.000; 21.433
ЗемјаМакедонија
РегионСкопски
Општ. целинаГрад Скопје
ОпштиниАеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари.
Површина
 • Главен град571,46 км2 (22,064 ми2)
 • Градска337,80 км2 (13,040 ми2)
 • Метро1.854,00 км2 (71,600 ми2)
Надм. вис.&10000000000000240000000240 м
Население (2021)[1]422,540
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.1000
Повик. бр.+389 02
Рег. таб.SK
Индекс на човековиот развој0.802[2] Многу Висок
Светица заштитничкаПресвета Богородица

Име

 
Зградата на Археолошкиот музеј и Државниот архив. Во преден план е Мостот на цивилизациите кој води до зданието.

Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латински: Scupi).[3]

Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi (Шкупи) на албански, Скопље/ Skoplje на српски/хрватски јазик, Scupi (Скупи) на латински, Скопье на руски, Skopiye (Скопије) на ромски, Σκόπια (Скопија) на грчки, Skopje на романски јазик, Üsküp (Ускуп) на турски, итн.

Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопiе, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото Царство. Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).

Историја

Праисторија и антички период

Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4000 г.п.н.е.[4] Скопје за првпат во документи се споменува од Клавдиј Птоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за првпат се јавува кај пајонското племе Агријани (Граи), кои живееле на овие простори.

Според историските податоци, во времето на царот Октавијан Август, од 13 до 11 година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете македонски легии - 5-та македонска и 4-та скитска легија прераснал во град.

Подоцна во 84 или 85 година царот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.

Средновековна историја

 
Скопското кале

За првпат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.

На 16 април 1346 година во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј и во него го донел познатиот Душанов законик.

Османлиски период

Градот потпаѓа под османлиска власт во 1392 година и набргу Скопје добива турско ориентално обележје. Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште. Стопански брзо се развива особено во XVI и XVII век кога после Цариград станал еден од

најразвиените и најголеми градови во европскиот дел на Отоманското Царство, како и значаен занаетчиски и трговски центар. За сместување на трговците и нивната стока биле подигнати повеќе караван сараи и анови како Куршумли-ан, Сули-ан, Капан-ан и др. Патописецот Евлија Челебија ја споредил скопската чаршија со таа во Цариград. Според него во 1660-61 Скопје имало 12.000 куќи со околу 60.000 жители, потоа 2.150 дуќани, еден безистен, 70 јавни амами (бањи), 120 џамии, повеќе беговски конаци и сараи. Трговските каравани редовно одржувале врски со Солун, Белград и Дубровник.[5]

За скопската чаршија Евлија Челевија запишал:

Таа [чаршијата] брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Халеп.

На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил австрискиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен.[6]

Голем дел од населението го напуштило градот, при што едни, главно Турци се населиле дури во Цариград каде го основале

Ускуб Маалото, а други најголем дел Македонци се придружиле на миграцискиот бран на Арсение Црноевиќ и се отселиле далеку на север во Панонската Низина.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, градот Скопје го сочинувале 46 маала. Пет маала биле целосно христијански: Суќутли, Кади Чаирли, Булбул Заим, Јени Маало и Топхане. 19 маала биле мешани со христијанско и муслиманско население: Џами Атик, Ине Бег, Ибни Омер, Хаџи Балабан, Егит Паша, Џедид Иса-Бег со шеик Рамазан, Хаџи Јонус, Капуџи Хамза, Искендер Гази, Ибни Коџаџик, Кебир Мехмед Челеби, Ибни Мухтесеб, Ибни Пајко, Хаџи Лала, Дубаг Шахин, Ќатиб Шахин, Дервишан, Гази Ментеш и Хараџи Салахедин. Додека пак останатите 22 маала биле чисто муслимански: Кале, Хоџа Шемс, Мурадије, Ибни Чини, Худаверди, Ибни Меџри, Хатунџиклер, Исакие, Хаџи Гази, Хаџи Таџедин, Кара Капуџу, Хаџи Мудидин, Касим Гази, Исмаил Војвода, Емир Хоџа, Хазнедар Исмаил, Ибни Шахин, Хаџи Касим, Уруч Паша, Пазар Баши, Мухидин Челеби и Хаџи Хајредин. Во овој период во градот Скопје биле забележани 1.230 муслимански домаќинства и 578 христијански домаќинства. Во 1832/33 година биле родени 556 новороденчиња во градот, а вкупното население достигнувало и до 10.262 жители.[7][8]

 
Пазарен ден во Скопје во почетокот на XX век

Во XIX век Скопје станало важен сообраќаен центар каде што почнува да цвета занаетчиството. Првата електрична светилка во Скопје засветила во 1909 година, со помош на мала дизел електрична централа, која служела за напојување на пумпната станица за потребите на градскиот водовод.[9] На 25 октомври 1912 година, по 520-годишно владеење, Османлиите го напуштиле Скопје, а веќе наредниот ден во градот влегла Моравската дивизија на српската војска, со што градот потпаднал под српска власт.

 
Старо Скопје - Офицерскиот дом на главниот плоштад во раните 1930-ти
 
Дел од Скопје, до Камениот мост.
 
Управата на градот Скопје, од 1927 година.

Првата и Втората светска војна

За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на бугарските и австроунгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември 1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација.

По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Земјотресот од 1963

 
Хотел Македонија, кон плоштадот, ул. Никола Вапцаров, поплавата од 1962 во Скопје
 
Земјотресот во Скопје од 1963 година: Самоиницијатвно граѓаните бараат затрупани и ранети

Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со јачина од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1.070 негови граѓани, беа повредени над 4.000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20.000 граѓани оставени без покрив над главата.

По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје и помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Современа историја

На 6 август 2016 година Скопскиот Регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.

Географски податоци

Скопје се наоѓа на 21° 26' географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240 м. Се простира на 1.818 км2 во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23 км (Драчево - Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од 225 км2.

Климата во Скопје ја карактеризира средна годишна температура од околу 12,4 °C. Летата се долги суви и жешки, а зимите ладни со многу магловити денови. Низ скопската котлина протекуваат реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова Река, Лепенец и Кадина Река. Скопската Котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица, Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.

Климатски податоци за Скопје
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 18.7
(65.7)
24.2
(75.6)
28.8
(83.8)
32.4
(90.3)
35.2
(95.4)
41.1
(106)
42.8
(109)
43.2
(109.8)
37.0
(98.6)
33.9
(93)
28.2
(82.8)
22.1
(71.8)
43.2
(109.8)
Прос. висока °C (°F) 4.5
(40.1)
8.3
(46.9)
14.0
(57.2)
19.1
(66.4)
24.4
(75.9)
28.8
(83.8)
31.4
(88.5)
31.5
(88.7)
26.5
(79.7)
19.8
(67.6)
11.5
(52.7)
5.5
(41.9)
18.8
(65.8)
Сред. дневна °C (°F) 0.1
(32.2)
2.6
(36.7)
7.6
(45.7)
12.1
(53.8)
17.3
(63.1)
21.5
(70.7)
23.8
(74.8)
23.8
(74.8)
18.8
(65.8)
13.1
(55.6)
6.5
(43.7)
1.7
(35.1)
12.4
(54.3)
Прос. ниска °C (°F) −3.8
(25.2)
−2.3
(27.9)
1.6
(34.9)
5.4
(41.7)
10.0
(50)
13.7
(56.7)
15.8
(60.4)
15.7
(60.3)
11.6
(52.9)
7.2
(45)
1.8
(35.2)
−1.8
(28.8)
6.2
(43.2)
Најниска забележана °C (°F) −25.6
(−14.1)
−21.8
(−7.2)
−10.8
(12.6)
−5.8
(21.6)
−1.0
(30.2)
3.0
(37.4)
7.0
(44.6)
7.0
(44.6)
−2.0
(28.4)
−6.4
(20.5)
−12.2
(10)
−22.9
(−9.2)
−25.6
(−14.1)
Прос. врнежи мм (ин) 30
(1.18)
29
(1.14)
38
(1.5)
40
(1.57)
43
(1.69)
54
(2.13)
38
(1.5)
36
(1.42)
34
(1.34)
49
(1.93)
45
(1.77)
48
(1.89)
483
(19.02)
Прос. бр. врнежливи денови 10 9 10 10 11 10 7 6 6 7 9 11 106
Прос. бр. снежни денови 5 5 3 0.2 0 0 0 0 0 0.1 2 5 20
Прос. релативна влажност (%) 83 75 68 66 66 61 56 56 63 74 82 85 70
Сред. бр. сончеви часови месечно 86.9 112.5 161.1 198.4 245.2 276.3 323.0 305.4 247.5 188.2 114.8 79.6 2.338,9
Извор бр. 1: Pogoda.ru.net,[10] Светска метеоролошка организација (денови со врнежи)[11]
Извор бр. 2: NOAA (сонце, 1961–1990)[12]

Скопски населби и маала

Видете: Скопски населби и маала

Територијална организација на Скопје

Главна статија: Град Скопје

Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина е Аеродром со 98.382 жители, а најмала е Шуто Оризари со 17.357 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 км2, а најмала е Чаир со 3,5 км2.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1856 20.800—    
1858 21.000+1.0%
1878 30.000+42.9%
1888 22.250−25.8%
1892 33.291+49.6%
1913 43.331+30.2%
1919 51.758+19.4%
1926 69.269+33.8%
1931 68.334−1.3%
1935 70.716+3.5%
ГодинаНас.±%
1948 87.654+24.0%
1953 119.134+35.9%
1961 165.529+38.9%
1971 312.980+89.1%
1981 407.455+30.2%
1994 429.964+5.5%
2002 283.146−34.1%
2004 386.000+36.3%
2021 422.540+9.5%

Во турскиот пописен дефтер од 1467/68 година, Скопје било центар на Скопскиот Вилает и имал вкупно 1.006 семејства, од кои 634 муслимански семејства, 299 христијански семејства и 73 вдовици христијани.[13]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Скопје живееле 31.900 жители, од кои 13.000 Македонци, 15.000 Турци, 1.920 Роми, 800 Евреи, 450 Власи, 150 Албанци христијани, 50 Грци, 30 Черкези и околу 500 останати.[14]

Од гледна точка на демографските движења на населението Скопје има позитивна популациона слика. Населението на градот постојано се зголемува пред сè поради големиот број доселувања (најчесто од градовите и селата од внатрешноста на Македонија), но и поради наталитетот. Мора да се спомене дека како и во целата земја и во Скопје бројот на раѓањата (наталитетот) драстично опаѓа меѓутоа како најголем и најразвиен град во државата стапката на раѓање сепак е највисока. Доселувањата во Скопје се во постојан подем и континуитет од крајот на Втората светска војна. Во периодот од 1948 до 1981 година бројот на жителите во градот се зголемил за повеќе од трипати. Луѓето денес во Скопје пред сè, се доселуваат поради стопанско-економски причини или поради продолжување на своето образование.

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Скопје, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.[15]

Според новата територијална организација од 2004 година (припојување на општините Сарај и Кондово) во градот се регистрирани 506.926 жители (66,75% Македонци), меѓутоа околу 15% од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на Општина Сарај.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Скопје има 422.540 жители.

Народности во Скопје

На табелата е прикажан народносниот состав на населението во Скопје низ пописните години во периодот 1948 - 2021:[16]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Останати Вкупно Навод Забелешки
1948 51.819 5.209 13.928 5.796 665 5.872 405 3.960 87.654 [17] Ги вклучува и жителите на селата Горно Водно и Долно Водно. Бошњаците во оваа табела се заведени во графата „Неопределени муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (986), Словенци (425), Црногорци (770), Бугари (275), Чеси (74), Словаци (11), и останати (1,419).
1953 72.477 2.975 22.491 7.588 438 8.407 4.758 119.134 [18] Ги вклучува и жителите на селото Горно Водно. Бошњаците во оваа табела се заведени во графата „Останати“.
1961 109.799 11.151 10.135 12.550 520 21.374 165.529 [19] Турците и Власите биле заведувани во службената графа „Останати“. Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (1,851), Словенци (623), Црногорци (1,727), Унгарци (112), Југословени (456), и останати (16,055; вклучувајќи ги Турците и Власите).
1971 215.578 28.705 16.164 17.422 297 34.814 312.980 [20] Ги вклучува и жителите на тринаесетте селa од Општина Кале: Бутел, Визбегово, Горно Оризари, Долно Оризари, Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци, и Трубарево; дванаесетте села од Општина Идадија: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези, Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево.[21] Турците и Власите биле заведувани во службената графа „Останати“. Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (2,229), Словенци (491), Црногорци (1,803), Унгарци (119), Југословени (1,918), и останати (28,254; вклучувајќи ги Турците и Власите).
1981 281.796 46.880 13.534 22.947 1.247 18.021 8.470 14.560 407.455 [22][21] Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари.[21] Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (1,950), Словенци (395), Црногорци (2,319), Унгарци (148), Југословени (7,235), и останати (2,423)
1991 308.616 11.899 8.900 24.201 1.741 17.172 23.234 395.763 [21] Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари. Бројката на жители е намалена поради бојкотот на албанското население. Бошњаците биле заведувани во графата „Останати“.
1994 309.683 59.728 9.201 19.800 2.096 15.771 13.685 429.964 [21] Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари. Бошњаците биле заведувани во графата „Останати“.
2002 192.244 44.656 6.643 18.224 1.980 9.305 4.476 5.618 283.146 [23]
2004 272.144 58.074 8.024 20.599 2.352 11.983 5.748 7.076 386.000
2021 263.711 72.841 7.913 17.117 2.682 8.363 5.739 44.174 422.540 [24] Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: „Други неспомнати (народности)“ (5,207), „Не се изјасниле“ (237), „Непознато“ (226), и „Лица за кои податоците се преземени од административни извори“ (38,504).

Број на жители во Скопје по општина

Општина 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2004 2021
Аеродром Скопје
припаѓа под
унитарната
едмини.
единица
Окружен
Народен
Одбор
Скопје
Скопје
припаѓа под
унитарната
едмини.
единица
Град Скопје
69.569 75.108
Бутел 20.943 24.391
Гази Баба 56.064 52.728 58.458 15.182 28.056 38.426
Ѓорче Петров 9.041 24,822 34.040
Идадија 49.161 102.181
Кале 41.065 125.695
Карпош 100.826 97.161 102.409 37.162 57.880 61.288
Кисела Вода 40.473 85.104 87.792 119.158 116.877 84.625 47.750 51.357
Саат Кула 34.830
Сарај 5.232 6.265
Центар 93.614 67.968 85.021 82.604 45.412 43.893
Чаир 69.847 58.748 67.199 39.179 64.773 62.586
Шуто Оризари 15.353 21.563 25.186
Вкупно 87.6541 119.1342 165.529 312.9803 407.4554 395.7635 429.9646 283.146 386.0007 422.540
Навод [17] [25] [19][26] [20] [22] [21] [21] [23] [1]

1 Ги вклучува и жителите на селата Горно Водно и Долно Водно.

2 Ги вклучува и жителите на селото Горно Водно.

3 Ги вклучува и жителите на тринаесетте селa од Општина Кале: Бутел, Визбегово, Горно Оризари, Долно Оризари, Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци, и Трубарево; дванаесетте села од Општина Идадија: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези, Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево.[21]

4 Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари.[21]

5 Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари. Бројката на жители е намалена поради бојкотот на албанското население.

6 Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари.

7 Бројките се од пописот од 2002, но се прераспоредени според променетата територијална поделба и границите на населеното место Скопје во 2004 година. Со новите граници на Скопје, дошло до зголемување на населението. Тогаш во Скопје биле припоени (и преобразени во статус на населби во Скопје) селата: Горно Лисиче во Општина Аеродром; Бутел во Општина Бутел; Маџари во Општина Гази Баба; Оризари во Општина Ѓорче Петров; Влае, Долно Нерези, и Злоќуќани во Општина Карпош; населбата Драчево во Општина Кисела Вода; Сарај во Општина Сарај; и Долно Оризари во Општина Шуто Оризари.

Поделба на урбани и рурални населби во Град Скопје

 
Карта на сите населби и села во Град Скопје

На територијата на десетте општини кои ја сочинуваат административната единиција Град Скопје, се наоѓаат околу четириесетина села чиј број на жители влегува во вкупното население на Скопје, така што реалниот број на жители е помал. Во составот на Град Скопје влегуваат селата: Брњарци (395 ж.), Булачани (1.104 ж.), Гоце Делчев (1.405 ж.), Идризово (1.589 ж.), Колонија Идризово (451 ж.) Инџиково (3.343 ж.), Јурумлери (2.983 ж.), Раштак (367 ж.), Смилковци (345 ж.), Стајковци (3.532 ж.), Страчинци (1.185 ж.), Трубарево (2.669 ж.) и Црешево (1.278 ж.) во Гази Баба, Кучково (138 ж.), Никиштане (1.114 ж.) и Орман (461 ж.) во Ѓорче Петров, Горно Нерези (314 ж.) во Карпош, Долно Лисиче (2.440 ж.) во Аеродром, Драчево (8.641 ж.) и Усје (845 ж.) во Кисела Вода, Љубанци (928 ж.) и Љуботен (2.343 ж.) во Бутел, Горно Оризари (454 ж.) во Шуто Оризари и сите 22 села во Општина Сарај. Во сите овие села кои се дел од Град Скопје во 2002 година живееле 68.500 жители, од кои само 30.176 во Општина Сарај. Според оваа урбана и рурална демографска класификација на Град Скопје, во урбаните населби биле запишани 428.933 жители (2002 г.).

Исто така поради брзата урбанизација и зголемување на своето население, Скопје постојано се проширува во својата територија, поради што десетина поранешни села веќе се споени со градот и претставуваат приградски населби на Скопје. Некои од нив се помалку, некои повеќе урбанизирани, а заедничкото за сите е што бележат брз развој и претставуваат привлечни имиграциски места, привлекувајќи население од цела Македонија. Такви поранешни села, а денес скопски населби претставуваат: Сингелич (23.915 ж.) во Гази Баба, Волково (6.750 ж.), Ново Село (8.349 ж.) и Оризари (15.637 ж.) во Ѓорче Петров, Бардовци (1.472 ж.) и Злокуќани (1.635 ж.) во Карпош, Долно Нерези (12.418 ж.) во Аеродром, Визбегово (2.817 ж.) и Радишани (9.123 ж.) во Бутел, Долно Оризари (1.550 ж.) во Шуто Оризари и Сарај (5.232 ж.) во Општина Сарај. Во овие приградски населби во 2002 година живееле 88.898 жители, што е 20,7 % од вкупното население во скопското урбано подрачје.

Сообраќај

 
Автобус во Скопје

Јавниот превоз во Скопје се одвива со такси и автобуси. Постојат приватни и државни превозници, од кои неспоредливо најголем превозник е ЈСП-Скопје кој го покрива целиот град и неговата поширока околина. Имало планови да се направи лесна градска железница, ама се смениле плановите и не се изградила.

На 17 км југоисточно од Скопје се наоѓа аеродромот Скопје.

Во 2017 година, во Скопје се случиле 1.652 сообраќајни несреќи во кои настрадале 2.500 лица. Од нив, 37 загинале, 218 биле тешко повредени, а 2.245 биле полесно повредени.[27]

Култура

Во Скопје постојат шест театри кои функционираат како национални установи:

Цркви во Скопје

 
Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Центар.
 
Црквата „Св. Богородица“ во Пајко Маало, Центар.
 
Црквата „Св. Илија“ во Аеродром.

Туристички места

 
Камениот мост навечер
 
Влезот во стариот дел на Скопје

Места од интерес за туристички разгледувања се:

  • Камениот мост, на реката Вардар е симбол на Скопје. Бил преработен во XV век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој претставува врска помеѓу новиот и стариот дел.
  • Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на VI век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.
  • Православната црква „Св. Спас“, во стариот дел од градот е изградена во XIX век. Иконостасот содржи прекрасни дрвени резби, изрезбани од мијачките резбари Петре и Марко Филиповски и Макарие Фрчковски. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на најголемиот македонски револуционер на XX век - Гоце Делчев.
  • Старата турска чаршија, каде има стари занаети, Безистенот, Чивте-амам и други објекти.
     
    Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
  • Мустафа-пашината џамија, изградена во 1492 година е еден од најубавите градби од отоманскиот период на Скопје.
  • Јахја-пашина џамија во близината на центарот на Скопје.
  • Даут-пашината бања изградена во XV век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
  • Феудалната кула крај Домот на АРМ.
  • Саат-кулата во непосредна близина на Султан-муратовата џамија.
  • Соборниот храм Св. Климент Охридски. Тој се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.
     
    Плоштадот фотографиран од зградата на ДАРМ
  • Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на Град Скопје.
  • Музејот на современа уметност, се наоѓа на тврдината Кале.
  • Музеј на македонската борба, се наоѓа на левиот брег од реката Вардар, официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод 20 години од независноста на Македонија. Се состои од 13 хронолошки подредени одделенија и секое од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Музејската презентација е реализирана на интерактивен начин преку комбинирање на многу различни форми. Прегледот на историските настани, процеси, личности од XIX и XX век, се надополнува со автентичната колекција на 2.749 музејски предмети - оружје, документи, фотографии, мапи, медали, весници, документарен материјал, помошни материјали – 153 восочни фигури, 109 масовни сцени и портрети, како и амбиентални диорами збогатени со аудио-визуелни ефекти. Музејските фондови постојано се збогатуваат и преку донации или откуп.
  • Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија
  • Музеј на илегалните работилници за време на НОВ
  • Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.
  • Местото на родната куќа на познатиот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу плоштадот „Македонија“.
 
Поглед на Скопје од планината Водно
  • Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качаник се наоѓа стар аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови. Тој служел за снабдување со вода на античкиот град Скупи кој се наоѓа во непосредна близина до Скопје.
  • Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудалната кула која што денес е музеј.
  • Градскиот ѕид кој се состои од верижно поврзани блокови со висина од 24 метри и кули високи 45 метри - еден вид на ѕид-тврдина во модерна интерпретација, тој е изграден по земјотресот во 1963 и кој е проектиран од познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар. Кензо Танге исто така проектирал уште многу други градби кои не се реализирале.
  • Куршумли ан датира од XVI и се наоѓа во старата чаршија. Тоа е еден од најубавите стари места во Скопје. Куршумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.

Познати личности

Флора и фауна

Според пописот на бели штркови, организиран на цела територија на Македонија во 2024 година,[28] во Скопје имало шест гнезда во кои биле забележани 3 возрасен штрк и 3 млади единки. Поточно, во Горно Лисиче имало четири гнезда во кои биле забележани 1 возрасен штрк и 2 млади единки, додека во населбата Драчево имало 2 гнезда со 2 возрасни штркови и 1 млада единка.[29]

Скопје како мотив во уметноста и во популарната култура

Скопје како мотив во книжевноста

  • Стар сум во Скопје“ - книга на српскиот писател Давид Албахари.[30]
  • „Скопје сонува“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[31]
  • „Партизанската улица“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[32]
  • „Водно“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[33]
  • „Скопје“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1953 година.[34]
  • „Што е Скопје?“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[35]
  • „Камениот мост-постела“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[36]
  • „Вечности долги по 45 минути“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[37]

Скопје како мотив во музиката

  • „Скопје“ — песна на македонската рок-група Леб и Сол од 1987 година.[38]
  • „Скопјанка“ — песна на македонската група ПМГ Колектив од 2007 година.[39]
  • „Ние сме од Скопје“ — песна на македонската група ПМГ Колектив од 2008 година.[40]
  • „Скопје“ - музички албум на македонската група ПМГ Колектив од 2017 година.[41]
  • „Песна за Скопје“ — македонска детска песна од 1974 година.[42]
  • „Зборувај за Скопје“ — песна на Нина Спирова.[43]
  • „Песна за Скопје“ — песна на Велко Трпчевски.[44]
  • „Архив на Град Скопје“ — песна на македонската рок-група Funk Shui.[45]
  • „Рапсодија за Скопје“ — композиција на македонскиот композитор Александар Џамбазов.[46]

Збратимени градови

Скопје е збратимено со следниве градови[47]:

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Македонија по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 26 септември 2024.
  2. „List of regions of North Macedonia by Human Development Index“. Wikipedia (англиски). 2023-09-27.
  3. „Податоци за Скопје“. Архивирано од изворникот на 2011-02-02. Посетено на 2010-11-24.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-05-12. Посетено на 2009-01-01.
  5. Стојмилов, А., (2005), Социоекономска географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје
  6. Поњавиќ, Кики Мангова (26 октомври 2009), „Пиколомини и Скопје - градот феникс“, Утрински весник (3118), Архивирано од изворникот на 2011-07-09, Посетено на 2010-04-20CS1-одржување: датум и година (link)
  7. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  8. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  9. „ХЕЦ Козјак – производство на електрична енергија и намалување на штетите од поплави“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 26-27.
  10. „Клима на Скопје“. pogoda.ru.net. Посетено на 11 ноември 2012.
  11. „Светска метеоролошки информативна служба – Skopje“. Светска метеоролошка организација. Архивирано од изворникот на 2018-07-31. Посетено на 11 ноември 2012.
  12. „Климатолошки информации за Скопје, Македонија“. NOAA. Посетено на 10 декември 2013.
  13. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 424
  14. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 205
  15. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.
  16. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2024-04-22. Посетено на 30 септември 2024.
  17. 17,0 17,1 Стално становништво по народности (PDF). Белград. 1954. стр. 6. Посетено на 3 октомври 2024.
  18. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. Посетено на 29 септември 2024. Во бројката се вклучени жителите на селото Горно Водно. Бројката на жители на населеното место Скопје (и Горно Водно) е добиена со одземање на бројката на Македонците од селата Бутел (194), Маџари (1,231), и Трубарево (748) (населени места кои биле дел од Град Скопје во тоа време) од бројката на Македонци од Град Скопје (74,686); со одземање на бројката на Албанците од селата Бутел (111), Маџари (10), и Трубарево (171) од бројката на Албанци од Град Скопје (3,166); со одземање на бројката на Турците од селата Бутел (60), Маџари (9), и Трубарево (2) од бројката на Турци од Град Скопје (22,562); со одземање на бројката на Ромите од селата Бутел (97), Маџари (144), и Трубарево (0) од бројката на Роми од Град Скопје (7,829); со одземање на бројката на Србите од селата Бутел (10), Маџари (162), и Трубарево (71) од бројката на Роми од Град Скопје (8,650); со одземање на бројката на останатите од селата Бутел (1), Маџари (33), и Трубарево (20) од бројката на останати од Град Скопје (4,812). Бројката на Власите во Скопје и Град Скопје е иста (438) бидејќи Власи немало во Бутел, Маџари и Трубарево.
  19. 19,0 19,1 Popis stanovništva, domaćinstava i stanova 1961.godini - Nacionalni sastav stanovništva FNRJ Jugoslavije - Podaci po naseljima i opštinama (PDF). 3. Белград: Сојузен завод за статистика. стр. 249, 250, 261. ISBN 86-7479-023-2. Посетено на 1 октомври 2024.
  20. 20,0 20,1 Popis stanovništva, domaćinstava i stanova 1971.godini - Nacionalni sastav stanovništva SFRJ Jugoslavije - Podaci po naseljima i opštinama (PDF). 2. Белград: Сојузен завод за статистика. стр. 229–230. ISBN 86-7479-022-4. Посетено на 1 октомври 2024.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 21,5 21,6 21,7 21,8 „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. Посетено на 1 октомври 2024.
  22. 22,0 22,1 Nacionalni sastav stanovništva SFRJ Jugoslavije - Podaci po naseljima i opštinama (PDF). 2. Белград: Сојузен завод за статистика. стр. 258–259. Посетено на 1 октомври 2024.
  23. 23,0 23,1 „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 година (Книга 10)“ (PDF). Државен завод за статистика. стр. 62–65. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 март 2012. Посетено на 26 септември 2024.
  24. „Вкупно резидентно население на Република Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 26 септември 2024.
  25. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. Посетено на 29 септември 2024. Во бројката се вклучени жителите на селото Горно Водно. Бројката на жители на населеното место Скопје (и Горно Водно) е добиена со одземање на бројката на жителите на селата Бутел (373), Маџари (1,589), и Трубарево (1,047) (населени места кои биле дел од Град Скопје во тоа време) од бројката на жители на Град Скопје (122.143).
  26. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. Посетено на 30 септември 2024. Бројката на жители на населеното место Скопје во рамки на Општина Идадија, е добиена со одземање на бројката на жителите на селата Горно Нерези (229), Долно Нерези (2,889) (населени места кои биле дел од Општина Идадија во тоа време) од бројката на жители на Општина Идадија (52,279); бројката на жители на населеното место Скопје во рамки на Општина Кале, е добиена со одземање на бројката на жителите на селото Нерези (150) (населено место кое било дел од Општина Кале во тоа време) од бројката на жители на Општина Кале (41,215); бројката на жители на населеното место Скопје во рамки на Општина Кисела Вода, е добиена со одземање на бројката на жителите на селата Горно Лисиче (2,608), Усје (944) (населени места кои биле дел од Општина Кисела Вода во тоа време) од бројката на жители на Општина Кисела Вода (44,025); бројката на жители на населеното место Скопје во рамки на Општина Саат Кула, е добиена со одземање на бројката на жителите на селата Арачиново (1,037), Брњарци (341), Инџиково (1,067), Маџари (3,246), Мојанци (392), Орланци (319), Синѓелиќ (1,399), Стајковци (500), Страчинци (541), Трубарево (1,078) (населени места кои биле дел од Општина Саат Кула во тоа време) од бројката на жители на Општина Саат Кула (44,750).
  27. „Лани загинале 37 лица на скопските улици, полициската превенција слаба“, Скопско ЕХО, бр. 64, 22 март 2018, стр. 3.
  28. „Заврши пописот на штркови“. Македонско еколошко друштво. Архивирано од изворникот на 7 септември 2024. Посетено на 23 септември 2024.
  29. „Прикажи гнезда од штркови“. ptici.mk. Архивирано од изворникот на 16 септември 2024. Посетено на 23 септември 2024.
  30. Пандалф Вулкански, Текстилна поема. Темплум: Скопје, 2017.
  31. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 40.
  32. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 41.
  33. Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 67-68.
  34. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 29.
  35. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 12-13.
  36. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 20-21.
  37. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 434-436.
  38. YouTube, Leb i Sol - SKOPJE (пристапено на 30.11.2017)
  39. YouTube, PMG Kolektiv - Skopjanka | official video (пристапено на 30.11.2017)
  40. www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)
  41. www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)
  42. YouTube, Zlatno Slavejce - Pesna Za Skopje ( 1974 ) (пристапено на 11.11.2019)
  43. YouTube, Nina Spirova - Zboruvaj za Skopje (пристапено на 11.11.2019)
  44. YouTube, Велко Трпчевски - Песна за Скопје (пристапено на 11.11.2019)
  45. Funk Shui, Aether, IM0018, ИнтерМедиа, 2012.
  46. „Музиката на Александар Џамбазов“, 62 фестивал Охридско лето, 19.8.2022.
  47. http://www.skopje.gov.mk/EN/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=69 Архивирано на 24 октомври 2013 г. Збратимени градови на Скопје
  48. Дрезден - Партнетски градови. © 2008 Landeshauptstadt Dresden. Архивирано од изворникот на 2007-10-23. Посетено на 29 декември 2008.
  49. „Збратимен градови на Инстанбул“. Архивирано од изворникот на 2009-05-27. Посетено на 8 септември 2007.
  50. Erdem, Selim Efe (2003-11-03). „İstanbul'a 49 kardeş“ (турски). Радикал. 49 збратимени града во 2003
Забелешки
  1. Следно↑ Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Надворешни врски

Општо
Земјотресот од 1963
Туризам и комплетен преглед на градот
Слики