Подвис (Кичевско)
Подвис — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Подвис | |
Поглед на старото село Подвис | |
Координати 41°28′0″N 20°54′0″E / 41.46667° СГШ; 20.90000° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Копачка |
Население | 55 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6261 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12055 |
Надм. вис. | 840 м |
Подвис на општинската карта Атарот на Подвис во рамките на општината | |
Подвис на Ризницата |
Селото е значајно за македонската историја и култура бидејќи во ова село во селското училиште во 1943 година за првпат се одржала настава на современ македонски јазик.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во горното сливно подрачје на реката Треска, недалеку од левата страна на регионалниот пат Кичево-Охрид.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 840 метри. Од градот Кичево е оддалечено 10 километри.[3]
Селото е сместено десно од реката Треска, на западната падина на масивот Планиница (1.053 метри). Околни села се: Видрани, Пополжани, Другово и Лавчани.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Викало, Планиница, Пилотец, Варница, Стара Куќина, Лозиште, Маало, Лајкина Куќа, Селиште, Плевење, Долна Вода, Ќерамидница и Горни Куќи.[4]
Селото има збиен тип. Постојат две маала, Горно и Долно маало.[4]
Денес, Горното маало, или старото село Подвис, е целосно напуштено и во него се наоѓаат останати стари руини на куќи и главната селска црква, како и старото селско училиште, по кое селото е познато.
Историја
уредиСеверно од селото се издига тврдината Градиште. Тврдината претставувала една од најважните утврдувања во Кичевската Котлина. Служела за заштита на патиштата Кичево-Охрид и Кичево-Дебар. Денес, може да се најдат остатоци од ѕидини и понекогаш уште се наоѓаат монети.[4]
Источно од селото се наоѓа месноста Селиште. По зборување на мештаните, таму некогаш имало село. Исто така, се верува дека се живееле и на месностите Стара Куќа, Маало, Лајкина Куќа и Горна Куќа.[4]
Денешното село потекнува од крајот на XVIII век. Тогаш во него се населиле доселеници од Закамен. Од основачите на селото потекнува големиот македонски род Каракашовци.[4]
Во XIX век, Подвис било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
За време на Втората светска војна, на 23 септември 1943 година во селското училиште во Подвис за првпат се одржала настава на македонски јазик на слободната територија, а за прв учител бил наименуван Василко Лазарески од Подвис.[2]
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 629 хектари, на пасиштата отпаѓаат 121 хектар, а на обработливото земјиште само 78 хектари.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 19 домаќинства со 78 жители христијани (Македонци).[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подвис имало 304 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Подвис имало 280 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Подвис се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[8]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Подвис:[9]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
37 | 20 | 39 | 13 | 52 | 59 | 84 | 143 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[10]
Подвис е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година броело 188, а во 1994 година 99 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Подвис живееле 72 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 53 Македонци и 2 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 304 | 280 | 217 | 198 | 188 | 142 | 90 | 91 | 99 | 72 | 55 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
уредиПодвис е населено со православни Македонци. Сите родови во Подвис се доселенички. Првиот род во селото дошол крајот на ХVIII век од Закамен, а потоа дошле и други родови.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
- Родови во Подвис се: Каракашовци (22 к.), доселени од Закамен, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 85 год, во 1961 година) Никола-Кузман-Ристе, се доселил таткото на Ристе; Трпковци (7 к.) и Бојовци (6 к.), потекнуваат од предци кои биле браќа и кои дошле од селото Клење, Голо Брдо, денес во Албанија. Во родот Трпковци се знае следното родословие: Стојче (жив на 60 г. во 1961 година) Максим-Трипун-Апостол-Трпко, основачот на родот кој се доселил од Клење. Како зборуваат жителите на овој род, доселеници од Клење има и во селата Кленоец, Душегубица и Лавчани.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Каракашовци (21 к.) и Бојовци (17 к.).[17]
Општествени установи
уреди- Основно училиште
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Другово, во која покрај селото Подвис, се наоѓале и селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Другово, Јаворец, Лавчани, Манастирско Доленци, Пополжани и Србјани. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Подвис, во која влегувале селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Лавчани и Подвис.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0775 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[18]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 60 гласачи.[19] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 60 гласачи.[20]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.[21]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[22]
- Градиште — населба од доцната антика.
- Цркви[23]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква.
- Споменици на културата
- Старо училиште — споменик на културата, објект каде првпат била изведена настава на современ македонски јазик во 1943 година.
Личности
уреди- Родени во Подвис
- Арсо Мицков — македонски револуционер.
- Дончо Арсов Мицков — македонски револуционер.
- Стојан Поппетров — македонски револуционер.
- Лубе Настев Наумоски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Трене Томев Трајкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Ѓорѓија Божиноски (1907-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Наќе Спасеноски (1916-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Иселеништво
уредиОд Подвис се иселени 12 домаќинства. Иселениците живеат во соседното село Другово (2 к.), во Кичево (2 к.), во Битола (2 к.) и во Софија (6 к.).[4]
Галерија
уреди-
Зачувана куќа во старото село
-
Стара куќа во старото село
-
Спомен-плоча на војводите Арсо и Наке
-
Урната куќа во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Бевме првачиња и на 11 години“. Нова Македонија. Посетено на 2014-06-20.[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 237. Посетено на 20 февруари 2019.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 90–91.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 февруари 2019.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 20 февруари 2019.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 20 февруари 2019.
- ↑ „Референдум 2018“. Посетено на 20 февруари 2019.[мртва врска]
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.