Велешта
Велешта — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.
Велешта | |
Поглед на селото Велешта | |
Координати 41°14′26″N 20°38′38″E / 41.24056° СГШ; 20.64389° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Струга |
Област | Дримкол |
Население | 3.378 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6334 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 26008, 26508 |
Надм. вис. | 691 м |
Велешта на општинската карта Атарот на Велешта во рамките на општината | |
Велешта на Ризницата |
До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Дримкол, во средишниот дел на територијата на Општина Струга, од левата страна на реката Црн Дрим.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 716 метри, но има некои куќи кои се наоѓаат и повисоко. Дел од селото се наоѓа на самиот регионален пат Струга-Дебар, а од самиот град Струга е оддалечено 8 километри.[2]
Селото се наоѓа во северозападните делови на Струшкото Поле, во подножјето на планината Јабланица.
Ова големо село се наоѓа во областа Струшки Дримкол. Најблиски села се: Враништа, Добовјане, Вевчани и Долна Белица.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Пашина, Четрица, Калдрма, Дренки, Сополе, Каменица, Леска, Локвиште, Црвени брегои, Бодо нива, Зелинца, Вјере (Папрат), Краста, Огради и Лаѓа.[3]
Велешта има збиен тип и е поделено на следниве маала: Пиљавец, Шеовци, Ортокол (сретсело), Насуфи и Каба. Најстаро е првото маало во горниот дел на селото.[3]
Историја
уредиМакедонците од соседното село Вевчани го кажуваат преданието дека на денешната местоположба на селото Велешта постоел чифлик на некој дебарски Албанец, кој од средината на XIX век околу чифликот населувал одредени свои сонародници. Така, за брзо време станало албанско село.[3]
Од албанските родови најстар бил Ајка, меѓутоа во родот немало машки деца и поради тоа тој род денес не постои во селото. Денешните албански родови се населени во селото во периодот 1840-1860 година.[3]
Во XIX век, Велешта било село во рамките на Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.
Во 1893 година бугарскиот дипломат Атанас Шопов го посетува Велешта и пишува:
Арнаутското село Велешча е едно [во регионот], но е прочуено; го знае и мало и големо, бидејќи жителите не му се занимаваат речиси со ништо, но сепак располагаат со големи богатства. Таму храбрите Арнаути си распослале замоци и живеат како средновековни феудали. Пред стотина години тоа село се преселило од околината на Дебар. Се состои од едно арнаутско племе, кое било гонето од другите племиња, кои ги местеле за убиства. Има 100 души население.
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 9,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 829,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 19 хектари, а на шумите само 1,7 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Селото има услови за полјоделство и сточарство. Најмногу се одгледувале пченица, пченка, јачмен, тутун, винова лоза и детелина. Во минатото во селото имало до 1.000 овци. Во последно време, голем дел од машкото население е на печалба.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 185 домаќинства и 500 жители мажи.[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Велешта имало 1.100 жители Албанци муслимани.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Велешта е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 140 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.500 Албанци.[7]
Велешта е големо село со речиси двојно зголемување на населението. Така, во 1961 година селото имало 2.730 жители, од кои 2.715 биле Албанци, а шест жители Македонци, додека во 1994 година бројот се зголемил дури на 5.034 жители, албанско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Велешта живееле 5.834 жители, од кои 1 Македонец, 5.758 Албанци, 1 Ром и 74 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.378 жители, од кои 7 Македонци, 3.254 Албанци, 1 Влав, 1 останат и 115 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.100 | — | 2.014 | 2.304 | 2.730 | 3.355 | 4.265 | 48[заб 1] | 5.034 | 5.834 | 3.378 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиВо селото живее муслиманско-албанско население. Во маалото Пиљевац има три рода со околу 60 домаќинства. Во маалото Шеовци се наоѓаат припадници на еден род со околу 40 домаќинства. Во маалото Ортокол има пет родови (Ортокол, Шутовци, и др.) со околу 130 домаќинства. Во маалото Насуфи има три рода (Кица, Љуфи и Рочи) со околу 120 домаќинства. Родот Рочи има истоимени роднини во соседното село Долна Белица (34 к.), кои подалечно потекло имаат од Пешкопеја. Во маалото Каба има четири рода (Каба, Хана, Истрефи и Винца) со околу 130 домаќинства.[3]
Сите албански родови потекнуваат од доселеници. Скоро сите потекнуваат од околината на Пешкопеја и Дебар.[3]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Зини Хани“ до IX одделение
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Велешта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било седиште на тогашната општина Велешта.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Велешта, во која покрај селото Велешта, се наоѓале и селата Враништа, Горно Татеши, Добовјани, Долна Белица, Долно Татеши, Ташмаруништа и Тоска. Во периодот 1950-1952 година, исто така, постоела Општина Велешта.
Избирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места место бр. 1913, 1914, 1915, 1916, 1916/1, 1917 и 1917/1 според Државната изборна комисија, сите сместени во основното училиште.[14]
На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 5.458 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5.277 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Џамии[17]
- Централна џамија — главна селска џамија; и
- Теќе џамија — помала селска џамија.
Личности
уреди- Родени во Велешта
- Беќир Жута (р. 1935) — поранешен македонски економист и политичар;
- Фејзи Бојку (р. 1937) — македонски писател за деца;
- Ваит Насуфи (р. 1945) — македонски поет и писател за деца;
- Џевдет Насуфи (р. 1948) — македонски политичар;
- Зиба Муча (р. 1954) — македонска поетеса;
- Тахир Хани (р. 1961) — македонски политичар, пратеник на ДУИ;
- Асие Жута (1962-2003) — глумица; и
- Гарип Каба (р. 1964) — македонски политичар, пратеник на ДПА.
Иселеништво
уредиЖителите на Велешта не се иселувало до крајот на Втората светска војна. Меѓутоа, оттогаш се појавило иселувањето и денес има иселеници од сите родови од селото. Воглавно живеат во Струга (20 к.), Охрид (7-8 к.), како и во околните села: Долна Белица (околу 20 к.), Добовјани (6 к.), Ливада (1 к.), Ново Село (2 к.) и Биџево (5 к.).[3]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 50. Посетено на 2 октомври 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 200–202.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 254.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 32.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 октомври 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 2 октомври 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-06-19. Посетено на 2 октомври 2018.
- ↑ „Референдум 2018“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 2 октомври 2018.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- Забелешки
- ↑ Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.