Заполжани

село во Општина Долнени

Заполжанисело во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Заполжани
Заполжани во рамките на Македонија
Заполжани
Местоположба на Заполжани во Македонија
Заполжани на карта

Карта

Координати 41°22′46″N 21°24′45″E / 41.37944° СГШ; 21.41250° ИГД / 41.37944; 21.41250
Регион Прилепско Поле
Општина Долнени
Население 229 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20041
Заполжани на општинската карта

Атарот на Заполжани во рамките на општината
Заполжани на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле, северозападно од градот Прилеп.

Историја

уреди

Кон крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948462—    
1953511+10.6%
1961504−1.4%
1971439−12.9%
1981406−7.5%
ГодинаНас.±%
1991306−24.6%
1994273−10.8%
2002241−11.7%
2021229−5.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Заполжани живееле 354 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Заполжани имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Заполјани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]

Во 2002 година, во селото живеел 241 жител, од кои 234 Македонци и 7 Роми.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 229 жители, од кои 218 Македонци, 1 Албанец и 10 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 354 160 462 511 504 439 406 306 273 241 229
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Заполжани е македонско православно село, во селото има малку староседелски родови, а повеќе доселенички.[12]

Родови во Заполжани се: Тркалевци (4 к.), Дуковци (3 к.), Ѓорговци (1 к.) и Бурџевци (1 к.), Дуковци се гранка од Тркалевци, овие четири рода се староседелски; Нешковци (20 к.), доселени се од некое село во Охридско; Сливовци (6 к.), доселени се од соседното село Големо Коњари, на самиот старт од XIX век, го знаат следното родословие: Никола (76 г. во 1951 година) Ристе-Диме-Спирко, порано се викале Гроздановци; Соколовци (5 к.), доселени се од селото Зрзе, во Зрзе припаѓале на родот Гебевци, кои се доселени од кичевското село Патец; Лајковци (2 к.), доселени се во турско време од претежно торбешкото село Лажани; Мартиновци (3 к.), доселени се во турско време, од селото Средорек; Црвениковци (4 к.), доселени се во 1919 година од селото Далбеговци, таму припаѓале на родот Шиндевци; Козаровци (3 к.), доселени се во 1921 година од селото Слепче, Прилепско, таму припаѓале на истоимениот голем род, кои во Слепче се доселени од Дебарско; од 1936 година во селото се доселиле 6 рода, 5 од Порече и 1 од Мариово, родови: Дуковци (3 к.), доселени се од селото Локвица; Душановци (3 к.), Маџовци (3 к.) и Златевци (1 к.), доселени се од селото Лупште; Огњановци (2 к.), доселени се од селото Ковач и Спасе (1 к.), доселен од некое село во Мариово.

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1467 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 195 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

уреди

Личности

уреди
Жртви во војната 1941-1945[18]
  • Данчо Бошески (1924 — 1945), во НОБ, кај Буковиќ
  • Тоде Соколески (1924 — 1944) во НОБ, кај Заград
  • Петре Велкоски (1922 — 1944) во НОБ, кај Прилеп

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Шишковци иселени се во Мажучиште. Слабаковци иселени се во Бело Поле. Стевановци иселени се во Сенокос. Од родовите Тркалевци, Соколовци и Сливовци по две семејства се иселени во Прилеп. Од родот Златевци едно семејство е иселено во Скопје. Неколку семејства од Бурџевци изумреле.[12]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 246
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 150-151.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1998). Битолско-Прилепска Котлина. Белград. стр. 352–353.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. 16,0 16,1 16,2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофска проучавања, Београд 1998
  18. Žrtve rata 1941-1945 (PDF). Muzej žrtava genocida Beograd. 1997. стр. 223.

Надворешни врски

уреди