Мокрино

село во Општина Ново Село

Мокрино — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.

Мокрино

Поглед кон Мокрино

Мокрино во рамките на Македонија
Мокрино
Местоположба на Мокрино во Македонија
Мокрино на карта

Карта

Координати 41°22′00″N 22°51′00″E / 41.36667° СГШ; 22.85000° ИГД / 41.36667; 22.85000
Општина Ново Село
Население 449 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2435
Шифра на КО 27041
Надм. вис. 370 м
Мреж. место Мокрино
Мокрино на општинската карта

Атарот на Мокрино во рамките на општината
Мокрино на Ризницата
Влезот во селото
Улица во селото
Селска чешма
Црква „Св. Константин и Елена“
ОУ „Видое Подгорец“
Мокрински Извори

Географија и местоположба

уреди

Мокрино се наоѓа на планината Беласица, на надморска височина од 370 метри. Селото е познато по Мокринските извори, кои имаат капацитет од стотина литри во секунда. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 23 километри.

Историја

уреди

Антика

уреди

На просторот од атарот на селото Мокрино се наоѓа населбата од римско време Ќерамидарка. Според археолошките споменици и архивските материјали уште пред новата ера тука живееле тракиски племиња меѓу кои попознати се: Добери, Астраи и Џори кои главно ги населувале повисоките места, подножјата на Беласица, Огражден и Еленица. Ваквата поставеност на населените места се променила по доаѓањето на Словените, кога настанало најголемо мешање помеѓу староседелското и новото словенско население. Други археолошки наоѓалишта кои се наоѓаат во селото се: Крај — некропола од средновековно време, Селски Гробишта — црква од средновековно време и Тумба — некропола од римско време.

Среден век

уреди

Поверодостојо е претпоставката, пресметувањето на новата локација се случила после прочуената Беласичка битка во 1014 година помеѓу војските на цар Самоил и византискиот цар Василиј II. Имено по оваа битк,а имињата ги добиле населбите Колешино, Свидовица, Костурино, Сачево, Моноспитово, Мокриево и Мокрино. Старото име на Мокрино не е познато. До ден денешен се пренесува легендата дека селото Мокрино името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога другите жители се преселиле на тоа место започнале селото да го нарекуваат Мокрино. Во повеќе средновековни документи се споменуваат денешните имиња на повеќе струмички села, меѓу кои спаѓа и селото Мокрино, кое се споменува како посед на некој Рудл, кој живеел во Струмица.

Селото првпат е споменато во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога било подарено на светогорскиот манастир „Свети Панталејмон“. Ваквиот статус селото го задржало до Битката кај Ровине во 1394 година што се одржала меѓу Османлиите и влашкиот војвода Мирче каде што загинале: Крали Марко и струмичкиот феудалец Константин Дејановиќ и по нивната смрт господари на нивните поседи станале Турците.

Важно е исто така што се одбележи дека меѓу сите села само во Мокрино не се населиле Турски Колонисти, односно селото за цело време во турско ропство останало христијанско и највероватно ги обавувало сите христијански обреди и обичаи во црквата св. Константин и Елена.

Југославија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија

уреди

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село. Кај месноста Липата, кое било собиралиште на претходните генерации, денес е подигната чешма. Многу куќи во Мокрино сведочат за старата селска струмичка архитектура. Дел од населението го напуштило селото, заминувајќи на работа во западноевропските земји.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948735—    
1953829+12.8%
1961915+10.4%
1971997+9.0%
1981984−1.3%
ГодинаНас.±%
1991879−10.7%
1994781−11.1%
2002748−4.2%
2021449−40.0%

Во почетокот на XX век, селото било со чисто македонско население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година,Макриево е наведено како село со 80 домаќинства и 304 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Макрино живееле 640 жители Македонци.[4]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 Македонци, патријаршисти[2][5] и функционирало грчко училиште.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 748 жители, од кои 747 Македонци и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 449 жители, од кои 417 Македонци и 32 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 640 800 735 829 915 997 984 879 781 748 449
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи

уреди

Во селото се наоѓа црквата „Св. Константин и Елена“, изградена 1876 година.

Во селото постои подрачно четиригодишно училиште ОУ „Видое Подгорец“, а децата го продолжуваат своето школување во Колешино.

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1778 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 785 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди

Во непосредна близина на селото се наоѓаат Мокринските Извори, каде секоја година на 2 август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села. Од трите Мокрински извори, истекуваат 40 литри вода во секунда.

Редовни настани

уреди

Селската слава се празнува на 3 јуни. На 2 август целото население од селото се собира на Мокринските извори. Овој ритуал се изведува со цел да не пресуши изворот, како што тоа се случило еднаш во минатото.

Личности

уреди
  • Лазар Бараков (p. 24 мај 1954) - македонски легендарен глумец, од Македонските народни приказни

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.
  5. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. рр. 106-107
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски

уреди