Тополчани
- За истоимената поранешна општина, видете Општина Тополчани.
Тополчани — село во областа Пелагонија, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп. До 2004 година било седиште на своја Општина Тополчани.
Епска народна песна од Тополчани изрецитирана на месниот прилепско-битолски дијалект | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Потекло на иметоУреди
Според жителите, селото Тополчани најпрво се нарекувало Плочани бидејќи луѓето тука изработувале камени плочи кои ги продавале во Битола.[1] Ова занимање постоело до 1912 година. Од старото име Плочани настанало официјалното денешно име Тополчани.[1]
ИсторијаУреди
Подрачјето на селото е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Чука недалеку на југозапад.[2]
Првиот помен за Тополчани потекнува од првата половина на XVII век.[1] Се споменува дека ајдуците нападнале некој чифлик во ова село. Кон крајот на турското ропство во Тополчани постоеле три чифлици, чии сопственици биле Риза-бег, Усеин-ага, а името на третиот сопственик е заборавено.[1] Неговиот чифлик го купил некој христијанин од Прилеп. Овој чифлик се нарекувал Вукароски. По 1912 година, со купување и со аграрната реформа, земјата преминала во рацете на жителите.[1]
Во XIX век, Тополчани било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Географија и местоположбаУреди
Селото Тополчани е рамничарско село, сместено во Пелагонија, поточно во Прилепското Поле. Селото е издолжено во правец северозапад-југоисток. Во селото постојат четири маала: Горно, Степаноско, Долно и Илиоско Маало. Низ Тополчани минува магистралниот пат А3, односно делницата Прилеп - Битола, а расположено е на надморска височина од 600 метри и од градот Прилеп е оддалечено околу 20 километри.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тополчани живееле 360 жители, сите Македонци.[3]
Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 440 Македонци, патријаршисти.[4]
Во 1961 година во селото живееле 929 жители, додека во 1994 година населението се намалило на 505 жители.
Според пописот од 2002 година во селото живееле 449 луѓе, сите Македонци.[5] Од нив 243 биле мажи, а 206 жени.[5]
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 360[3] | 440[4] | 745 | 785 | 929 | 857 | 757 | 565 | 505 | 449 |
РодовиУреди
Тополчани е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
- Староседелци: Степановци (10 к.), Илиовци (7 к.), Трпковци (6 к.), Шиклевци (5 к.), Шуплиновци (4 к.), Китевци (2 к.), Јандревци (5 к.) и Коруновци (2 к.). Родовите Јандревци и Коруновци се деленици од родот Трпковци.
- Доселеници: Калaмуковци (4 к.), Петанчевци (6 к.), Вузевци (3 к.), Јанчевци (3 к.), Радичовци (4 к.), Караџовци (2 к.), Станковци (2 к.), Бојковци (2 к.), Балабановци (4 к.) и Пројчевци (4 к.) доселени се однекаде; Чапкуновци (7 к.) доселени се од селото Лознани; Чагоровци (4 к.) доселени се од Чагор; Зацевци (2 к.) за нив се вели дека секаде скитале, доселени се од Лознани; Ѓоргијовци (3 к.) доселени се однекаде; Беговци (3 к.) и тие се доселени однекаде; Карабелевци (4 к.) потекнуваат од домазет кој дошол однекаде; Кожуваровци (2 к.) доселени се однекаде; Козаровци (1 к.) доселени се од Горно Алинци и Роглевци (2 к.) доселени се од Битола, а пред тоа живееле во други села.[1]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постои изборното место бр. 1500 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на работнички универзитет.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 320 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта
- Крива Врба — населба од римско време
- Чука — населба и јами од неолитот и средниот век
- Џаферица — депо на монети од римско време
- Селиште — населба од непознат период
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Ангелина Маркус — историчар и професор по филозофија
- Евгенија Шуплинова — поет, раскажувач и преведувач
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
„Тополчани“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 137.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 314. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 3,0 3,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.247.
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ 5,0 5,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.