Шипковица (Радовишко)
Шипковица — раселено село во Општина Радовиш, во областа Радовишки Шоплук, во околината на градот Радовиш.[2]
Шипковица | |
Поглед на селото од далечина | |
Координати 41°44′52″N 22°27′51″E / 41.74778° СГШ; 22.46417° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Област | Радовишки Шоплук |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22048 |
Надм. вис. | 1.200 м |
Шипковица на општинската карта Атарот на Шипковица во рамките на општината | |
Шипковица на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото првпат се сретнува во историските документи како Шипковице во XIV век (1347-50 г.). Неговото значење доаѓа од шипка, што може да означува шипкова река и/или шума.[3]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Радовиш, на југозападната падина на планината Плачковица, каде што се допира со подрачјето на општините Виница и Карбинци.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.200 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш, од кој е оддалечен 15 километри.[4]
До селото води земјен пат од две страни: од селото Козбунар со исклучување на регионалниот пат 2431, или пак од крајот на асфалтираниот дел на регионалниот пат во околината на хотелот „Бел Камен“.
Историја
уредиСпоред бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
уредиАтарот на селото е голем и зафаќа простор од 21,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.923 хектари, на пасиштата отпаѓаат 114 хектари, а на обработливото земјиште 90 хектари.[4]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шипковица живееле 85 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шипковица имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]
Селото е мало, населено со македонско население и е во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото имало 190 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 20 жители.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Шипковица немало жители.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85 | 176 | 238 | 258 | 190 | 133 | 55 | 30 | 20 | 0 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Шипковица било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Шипковица, се наоѓале градот Радовиш и селата Аликоч, Козбунар, Коџалија, Парналија, Раклин и Супурге. Во периодот 1950-1952, селото претставувало дел од некогашната Општина Козбунар, каде влегувале селата Козбунар и Шипковица.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1607 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[5]
- Гробишта — могила од римското време;
- Шипковица — средновековна населба; и
- Широка Лазина — могила од римското време.
- Споменици
- Партизанска болница — болница за време на НОБ за ранетите во борбите со бугарските окупатори
- Споменик на НОБ кај Партизанската болница
- Реки[17]
- Струмешница — најголемата притока на Струма, извира во близина на селото
-
Партизанската болница
-
Спомен-плоча на болницата
-
Споменик на НОБ
Личности
уреди- Родени во или по потекло од Шипковица
- Дане Трајков — партизан[18]
Галерија
уреди-
Поглед на селото
-
Селската чешма
-
Патот до селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 204. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 322. Посетено на 25 јануари 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 331. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2022.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 25 јануари 2022.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 69. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ „Општина Радовиш | ОДБЕЛЕЖАНИ 75 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДЕДО ДАНЕ ТРАЈКОВ“. radovis.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2022-01-18. Посетено на 2022-01-18.