Црешево
Црешево — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.
Географиja и местоположбаУреди
Црешево се наоѓа на североисток од Скопје односно оддалечено 15 километри од центарот на Скопје. Се наоѓа во подножјето на Скопска Црна Гора. На исток од Црешево се наоѓа селото Страчинци, на североисток се наоѓа некогашното село Виниче, на северозапад се наоѓа Булачани, на југозапад се наоѓа Смилковци и на југ од Црешево се наоѓа Стајковци.
ИсториjaУреди
Црешево е старо село кое се наоѓа на самото подножје на планината Скопска Црна Гора. Податоци за настанокот и од кој век постои селото не се познати. Се смета дека уште за време Римското Царство постоела населба која се наоѓала 3 км под селото и која се спомнува како Еленово. За настанокот на селото постојат многубројни преданија и легенди. Едно предание гласи вака: Во дамнешно Турско во селото живеела една бабичка која имала едно петгодишно внуче по име Стојан. Стојан уште од најрана возраст останало сираче и ја имал само баба му. Кога дошол турскиот аскер како и секаде да наплати данок во крв дошле и кај бабата и го побарале малиот Стојан, бабата ги молела ги проколнувала да не ѝ го земаат зашто само тој ѝ останал. Турските аскери сакале да се пошегуваат со бабичката и рекле бабичке ја гледаш ли црешната во дворот која едвај имала едно гранка, ако сакаш да си го спасиш внучето за една недела кога ќе дојдеме на црешната да има макар една здрела црешна. Бабичката ги зарекла со беса дека ако се случи тоа дека ќе го поштедат малиот Стојан. Турците се согласиле и си отишле. Бабичката се тувкала и на крај ѝ текнало што да направи. Го прегнала коњот и отишла дури во Шишево каде уште тоа време било познато дека Шишево имало најрано цреши вадено на пазарот. Скршила една гранка на која имало десетина цреши и се вратила дома. Ја зела гранката, ја врзала на постоечката цреша и ги чекала да дојдат Турците. Кога дошле тие се изненадиле, кога дошле поблизу виделе дека бабичката мајтап си играла со нив многу се налутиле ја довеле бабичката до црешата ја мачеле, ја тепале да признае што направила пред очите на малиот Стојан. Таа не признавала под никаков притисок само да си го спаси внучето.Тоа многу ги разлутило Турците и ја погубиле пред очите на малиот Стојан а него го оставиле жив за да за да раскажува за злоделата и моќта на турската империја од тогаш местото е наречено Црешево.
Временски гледано, во Црешево е една од најстарите цркви во Скопскиот регион Црква „Св. Јован“ изградена во XI век, потоа постојат документи кои укажуваат за постоењето на село Црешево, од 1300 г во записите на Стефан Милутин во контраверзната книга Српско / Црногорска литература.
Црешево се опишува како гранично село на Црногорското царство, кое не припаѓа во границите, туку е погранично, во Српски етнографски зборник[1]
Континуитетот пролжува со документите од Отоманското Царство, во документите на Мустафа паша кој бил награден за својата лојалност кон султанот Бајазит II.
Мустафа Паша бил везир на султаните Бајазит II (1481-1512) и Селим I (1512-1520) и извршувал високи државни функции во Отоманското Царство. Тој поседувал голем имот во Румелија и четири села во околината на Скопје: Булачани, Батинци, Раштак и Црешево. Бил син на Абдулах (Абдулкерим), имал две жени, и двете по име Хуршид, и четири ќерки Хани, Уми, Шах Земан и Хума.
Значајни Археолошки наоѓалишта во атарот на Црешево се: Крши Дол, најдена некропола од римското време. Селиште, осамен наод од римското време. Смиљковце, населба од римското време.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Црешево живееле 535 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Црешево имало 720 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.278 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1.263 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 1 |
Срби | 12 |
Бошњаци | 0 |
останати | 2 |
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 535[2] | 720[3] | 1.123 | 1.223 | 1.202 | 1.180 | 1.479 | 1.596 | 1.565 | 1.278 |
РодовиУреди
Црешево е македонско село.
Според истражувањата од 1963 година, родови во Црешево се:
- Староседелци: Вргачевци (6 к.) и Радевци и Змејковци (10 к.), порано живееле на некое место на Скопска Црна Гора над селото Црешево;
- Доселеници: Јовчевци (5 к.) порано живееле во селата Ајватовци и Бардовци; Љатовци (7 к.) и Ѓоргијовци (3 к.) доселени се од селото Отља во кумановско; Вучидолци (7 к.) доселени се од селото Волково (порано Вучидол); Тупанковци (3 к.) доселени се од некое село во Овче Поле; Трчковци (4 к.) Домазетовци (3 к.), Текешиновци (3 к.), Ѓоровци (5 к.), Поповци (3 к.), Митковци (7 к.), Смилковци (15 к.) и Трчковци (13 к.) со непознато потекло се.[6]
Општествени установиУреди
Во село Црешево има основно подрачно училиште "Наум Охридски" додека централното е во селото Булачани.
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Во село Црешево има три цркви од кои едната е манастирска.
- Црква „Св. Спас“ - Црешево[7]
- Црква „Св. Јован“ - Црешево
- Црква „Св. Петка“ - Црешево — манастирска црква
Редовни настаниУреди
Родени во ЦрешевоУреди
- Величко Велјанов — македонски револуционер
Култура и спортУреди
Секоја година се одржува културната манифестација ”Ревија на народни носии, инструменти и песни Црешево” каде сто се преставуваат бројни културни уметници,како и носии од различни краеви на нашата земња.
А од спортот исто така секоја година се одржува турнир во мал фудбал каде сшо земаат учество повеке натпреварувачки екипи од попбиската и пошироката средина.
ИселеништвоУреди
Населението воглавно се иселувало во Скопје. А исто така и во околните населби и села. Стајковци (Смилковци, Трчковски и Тонковски), Инџиково (Пешови), Маџари (Црешевчани), Брњарци (Пупевци и Стојанови), Агино Село кај Куманово (Црногорчеви). На Тонковски подалечното потекло им е од кумановско.[6]
НаводиУреди
- ↑ Srpski etnografski zbornik: Naselja i poreklo stanovništva (српски). 1905.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.116-117.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.