Камен Дол
Камен Дол — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 16 километри северозападно од Кавадарци и 7 километри јужно од општинскиот центар Росоман.
Соседни села се Трстеник на исток, Мрзен Ораовец на запад, Дебриште на југ и Сирково на север.
ИсторијаУреди
СтопанствоУреди
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Камен Дол живееле 170 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Камен Дол имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година селото имало 91 жител, од кои 90 Македонци и 1 Србин.[4]
Според пописот од 2021 година, во селото живееле 69 жители, од кои 65 Македонци, 2 Албанци и 2 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 170 | 80 | 124 | 158 | 155 | 127 | 117 | 101 | 110 | 91 | 69 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
РодовиУреди
Како родови во Камен Дол се споменуваат:[10]
- Староседелци: Соколовци (3 к.) и Бучуковци (2 к.)
- Доселеници: Чакревци (1 к.) и Димовци (1 к.) доселени се во XIX век од селото Уланци кај Велес; Чупевци (2 к.) доселени се од селото Ракле кај Прилеп во 1864 година; Раковци (1 к.) доселени се во 1894 од селото Трстеник; Ѓеловци (1 к.) доселени се од селото Гарниково во 1894 година; Ристовци (1 к.) доселени се околу 1894 година од селото Ракле кај Прилеп.
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 718 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Мрзен Ораовец.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Грамаѓе - населба од римското време
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 - 105.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 151. ISBN 9989649286.