Црвулево

село во Општина Карбинци

Црвулево — мало село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Црвулево

Поглед на селото

Црвулево во рамките на Македонија
Црвулево
Местоположба на Црвулево во Македонија
Црвулево на карта

Карта

Координати 41°48′36″N 22°17′43″E / 41.81000° СГШ; 22.29528° ИГД / 41.81000; 22.29528
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Население 18 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30066
Надм. вис. 390 м
Црвулево на општинската карта

Атарот на Црвулево во рамките на општината
Црвулево на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Ова село се наоѓа, речиси, во средишниот дел на територијата на Општина Карбинци, од левата страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 390 метри.[2]

Селото се наоѓа во долината на реката Брегалница, оддалечено 15 километри североисточно од градот Штип.

Историја

уреди

Во близината на селото Црвулево е пронајдена гробница од античкиот период (од 2 век до 4 век п.н.е.).[3]

Селото се споменува во пописните опширни дефтери од 1570 година, како село во Ќустендилскиот санџак, нахија Штип, со 28 христијански семејства. Бидејќи османлиската власт ги попишувала само главите на семејствата, регистрирани се следниве родови: Богдан Стојан; Миле Михаил; Стојан Богдан; Михаил Богдан; Нине Тодор; Петри Тодор; Цветко Нине; Јако (Нако) Тодор; Михаил Тодор; Никола Марко; Димјо Павел; Ѓурко Нисе (Чике); Никола Богојо; Стојан Петко; Војо Стојан; Бојо Петко; Војо Петко; Степан Петко; Цветко Степан; Ѓурко Пејо; Стојан Којчо; Јове Стојан; Рајко Стојан; Мартин Стојан; Младен Стојан; Којо Нине; Пејо Марко и Никола Тодор.[4]

Во XIX век, Црвулево било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 8,1 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 444 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 321 хектар.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948294—    
1953356+21.1%
1961277−22.2%
1971245−11.6%
1981169−31.0%
ГодинаНас.±%
1991109−35.5%
1994106−2.8%
200251−51.9%
202118−64.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 185 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 25 до 50 Власи.[6]

Црвулево е мало село, коешто во 1961 година имало 227 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 106 жители, од кои 96 биле Македонци и 10 жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Црвулево живеел 51 жител, од кои 42 Македонци, 8 Власи и 1 Србин.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, од кои 16 Македонци и 2 лица без податоци.[8]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Црвулево:

Година Македонци Турци Роми Власи Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 294
1953 191 95 8 62 0 0 356
1961 208 0 0 69 277
1971 197 0 0 0 48 245
1981 152 0 0 17 0 0 169
1991 105 0 0 4 0 0 109
1994 96 0 0 10 0 0 106
2002 42 0 0 8 1 0 51
2021 16 0 0 0 0 0 2 18

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Црвулево, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Таринци. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.

Избирачко место

уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2322 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[10]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на црквата од селото
Археолошки наоѓалишта[12]
Цркви
Џамии

Во минатото во селото постоела џамија, од која денес е зачувано само минарето.

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Црвулево

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 313. Посетено на 20 февруари 2021.
  3. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од  1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.290
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 февруари 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 20 февруари 2021.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 20 февруари 2021.
  12. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 442. ISBN 9989-649-28-6.
  13. Последен збор - Д-р Ванче Стојчев

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди