Војница
Војница — село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Војница | |
Поглед на селото Војница | |
Координати 41°36′11″N 21°44′56″E / 41.60306° СГШ; 21.74889° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Област | Клепа |
Население | 11 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1413 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 29012 |
Надм. вис. | 300 м |
Војница на општинската карта Атарот на Војница во рамките на општината | |
Војница на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Клепа, во источниот дел на територијата на Општина Чашка, сместено во средното сливно подрачје на реката Бабуна, од левата страна на патот Велес-Чашка.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 300 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 17 километри.[2]
Историја
уредиПодрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочат наоѓалиштата Обрамос и Ритчиња во сеерозападниот и североисточниот крај на атарот.[3]
Во XIX век, Војница било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.
При Втората светска војна, во селото била создадена Дванаесеттата македонска бригада.
Стопанство
уредиАтарот е мошне голем и зафаќа простор од 22,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.627,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 475,3 хектари, а на шумите само 9,4 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Војница имало 950 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Војница имало 1.216 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[6]
Во 1961 година селото броело 320 жители, од кои 294 биле Македонци, а 21 Албанец, додека во 1994 година бројот се намалил на 41 жител, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Војница имало 32 жители, сите Македонци.[7]
Како и повеќето села во Македонија, така и населението на Војница поради миграционите процеси константно се намалува и се наоѓа пред целосно раселување.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 4 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 950 | 1.216 | 545 | 497 | 320 | 213 | 98 | 50 | 41 | 32 | 11 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиВојница е македонско село.
Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:
- Староседелци: Неделковци (2 к.), Ѓиовци (3 к.), Марковци (2 к.), Јанковци (2 к.), Таневци (2 к.), Малезановци ( 2 к.), Димовци-Попови (2 к.), Ѓајинци (1 к.), Ѓорчевци (1 к.), Цветевци (1 к.), Бисерковци (1 к.), Војничалиеви (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Горгијовци (1 к.), , Темелковци (1 к.), Јовевци (1 к.), Мирчевци (1 к.), Јаневци (1 к.), Сараѓиновци (3 к.), Петковци (1 к.), Стојановци (5 к.), Манчевци (2 к.), Кузевци (1 к.), Анчевци (1 к.) и Бошковци (1 к.). Од родот Неделковци потекнувал познатиот револуционер и писател, Коле Неделковски.
- Доселеници: Мартолчани (3 к.) и Мицевци (2 к.) доселени се во 1905 година од селото Мартолци; Стојковци (2 к.) и Ѓурчиновци (1 к.) доселени се од мијачкото село Папрадиште, подалечно потекло од мијачкиот крај; Теовци (1 к.) тие се доселени од селото Мартолци, таму припаѓале на родот Секуловци; Шоповци (2 к.), Драшкачовци (3 к.) и Карбевци (1 к.) доселени се од селото Крива Круша; Дурчевци (2 к.) доселени се од сега раселеното село Витанци; Андовци (1 к.) доселени се од селото Црешнево; Пановци (1 к.) доселени се во 1966 година од селото Скачинци, таму се викале Чаушевци.[13]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Чашка.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Војница, во која покрај селото Војница, се наоѓале и селата Витанци, Крајница и Ораовец. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
уредиВо селото се наоѓа избирачкото место бр. 2237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селска зграда во селото Војница. Во него влегува и населеното место Витанци.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[17]
- Цркви[18]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква; и
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква.
- Манастири
- Војнички манастир — манастир којшто бил обновен на почетокот на XIX век на урнатините на постара црква
- Спомен-куќи
- Спомен-куќа на Коле Неделковски — спомен-куќа на поетот и револуционер Коле Неделковски
- Реки[19]
- Бела Вода — притока на Бабуна
Личности
уреди- Родени во Војница
- Георги Петрушев — револуционер, велешки војвода[20]
- Ѓошо Цветев — курир и терорист на ВМОРО. Внук му Тодор загинува како комита на ВМОРО во село Топлица[21]
- Стојан Јорданов (1887-1922) — деец на ВМРО, загинал во битка против српска војска на 5 август 1922[22]
- Коле Неделковски (1912-1941) — поет и револуционер, учесник во НОБ
- Нада Бутникошарева (1919-1942) — револуционер, организатор на женското и синдикалното движење во Велес
- Димче Тошев (1914-1945) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Починати во Војница
- Дачо Јотов (?-1911) — револуционер
Иселеништво
уредиОд селото се има иселено огромен број на жители, во иселувањето учествувале сите родови, а има и целосно иселени родови. Највеќе иселеници од селото има во Скопје, Велес, Прилеп и Битола.[13]
Галерија
уреди-
Патокази во селото
-
Стара куќа во селото
-
Стари куќи во селото
-
Селската чешма
-
Сокак во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 57. Посетено на 13 август 2018.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 64. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 159.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 август 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 13 август 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-11-25. Посетено на 13 август 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 129.
- ↑ Крайничанецъ, Иван П (1942). Спомени отъ изминалия пѫтъ въ живота ми. Книга I. Скопие: Печатница Крайничанецъ А. Д. стр. 89.
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924, Льовен, 1965, стр. 706.