Иловица

село во Општина Босилово
Ова е статија за селото. За истоименото езеро видете тука, додека за браната видете тука

Иловица — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Иловица

Поглед кон селото

Иловица во рамките на Македонија
Иловица
Местоположба на Иловица во Македонија
Иловица на карта

Карта

Координати 41°28′14″N 22°47′54″E / 41.47056° СГШ; 22.79833° ИГД / 41.47056; 22.79833
Општина Босилово
Население 1.551 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27033, 27533
Надм. вис. 286 м
Иловица на општинската карта

Атарот на Иловица во рамките на општината
Иловица на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Училиште „Кирил и Методиј“
 
Црква „Св. Димитриј“
 
Спортска сала
 
Џамија

Иловица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина, во подножјето на планината Огражден, околу 4 километри лево од патот Струмица-Ново Село. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 17 километри.

Надморската височина во селото е 286 метри додека селото зафаќа површина од 22,22 км2. Од нив, 1.289 хектари се шуми, 685 хектари се обработливо земјиште и 113 хектари се пасишта.[2]

Низ селото поминува реката Јазга, која доаѓа од планината Огражден и го дели селото на два дела.

Историја

уреди

Ран период

уреди

Станува збор за постара селска населба, која се претпоставува дека постоела и пред доаѓањето на Османлиите на Балканскиот Полуостров. Подоцна многу од турското население се иселило од Иловица и заминало за Турција. На нивно место дошле нови жители во селото, претежно Македонци односно бежанци. За ова сведочат црквата и гробиштата во селото. Според едно предание, на местото на старата христијанска црква еден Турчин сакал да гради куќа. Но, кога дознал дека на тоа место некогаш имало христијанска црква, тој веднаш ја откажал градбата. Подоцна, на истото место во почетокот на XX век била изградена денешната христијанска црква.

За името на населбата постои една легенда. Се раскажува дека во падините на Огражден, живеел некој човек по име Иљо. Тој не можел да ги поднесува насилствата и злоделата на Османлиите, поради што станал ајдутин. Но при еден напад на непријателот, тој бил убиен. Неговата сопруга Иловица, заедно со своите деца, подоцна се преселила во денешната населба. Со тек на времето, тука се населиле и други жители од околните ридско планински села, па така била основана населбата, која според првиот жител била наречена Иловица. Според друго предание, името на селото потекнува од самата локација на селото, од земјиштето на кое е основано, односно по земјата иловица (вид смолеста глина)[3].

Отоманско Царство

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 110 семејства од кои 238 жители Македонци и 108 Турци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 218 жители Македонци и 750 Турци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4][7].

Југославија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ

Македонија

уреди

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Во текот на 2000-те на подрачјето на планината Огражден кај Иловица започнале истражување за пронаоѓање на метали од страна на канадската компанија Еуромакс. Во 2012 година било утврдено дека на овој простор лежат речиси 790.000 тони бакар и 130 тони злато и се претпоставува дека овој рудник би можел да биде најголемиот од таков вид во Македонија. Според најавите рудникот треба да започне со работа најдоцна до 2017 година, а ќе бидат вложени над 500 милиони долари и ќе бидат вработени околу 500 лица.[8]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.267—    
19531.373+8.4%
19611.557+13.4%
19711.724+10.7%
19812.042+18.4%
ГодинаНас.±%
19911.946−4.7%
19941.912−1.7%
20021.907−0.3%
20211.551−18.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци и 150 Турци.[9]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.907 жители.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.551 жител, од кои 1.041 Македонец, 2 Албанци, 297 Турци, 9 Роми, 5 останати и 197 лица без податоци.[11]

Според бројот на жители, Иловица е голема населба со доста стабилна демографска положба. Имајќи ги предвид пописните резултати, може да се констатира дека во селото не се забележани миграциски движења во голема мера.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 968 224 1.267 1.373 1.557 1.724 2.042 1.946 1.912 1.907 1.551
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 1820 и 1821 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и дом на културата.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.559 гласачи.[17]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.591 гласач.[18]

Културни и природни знаменитости

уреди

Во селото се наоѓаат следните знаменитости:

  • Варница. Претставува населба од доцноантичко време.
  • Гробишта. Претставува населба од доцноантичко време.
  • Крст. Претставува могила од римско време.
  • Крива Топола. Претставува населба и старохристијанска црква од римско време.
  • Куши Тумба. Претставува населба од доцноантичко време.
  • Црквите. Претставува населба од римско време[19].
  • Црква Свети Димитриј изградена во 1915 година.
  • Каменот од Иловица претставува камен на кој има отпечатоци од потковица за коњ кој според легендата станува збор за коњот на Александар МАкедонски.
  • Ладна чешма
  • Џамија

Личности

уреди
  • Ѓорѓи Димчев, Цветан Трендафилов и брат му, дејци на ВМРО[20]
  • Атанас Мучев (1917 - 1962) - сликар

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.127.
  3. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  8. „Иловица има потенцијал да прерасне во голем рударски комплекс“. http://sitel.com.mk. Архивирано од изворникот на 2012-11-06. Посетено на 2013-05-01. Надворешна врска во |publisher= (help)
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  18. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)
  19. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 713.

Надворешни врски

уреди