Дуф

село во Општина Маврово и Ростуше

Дуф — село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на падините на Враца во околината на градот Гостивар.

Дуф
Дуф is located in Македонија
Дуф
Местоположба на Дуф во Македонија
Дуф на интерактивна карта

Координати 41°45′11″N 20°47′7″E / 41.75306° СГШ; 20.78528° ИГД / 41.75306; 20.78528Координати: 41°45′11″N 20°47′7″E / 41.75306° СГШ; 20.78528° ИГД / 41.75306; 20.78528
Општина Coat of arms of Mavrovo and Rostuša Municipality.svg Маврово и Ростуше
Население 30 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07032
Надм. вис. 1075 м
Дуф на општинската карта
Дуф во Општина Маврово и Ростуша.svg

Атарот на Дуф во рамките на општината
Commons-logo.svg Дуф на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Дуф се наоѓа на јужните огранки на планината Враца, по текот на реката Мелце, во горното сливно подрачје на река Вардар .Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 метри . Од градот Гостивар населбата е оддалечена 18 километри. Атарот е голем и зафаќа простор од 25 квадратни километри.[2]

ИсторијаУреди

Првпат селото Дуф како во усните преданија така и во пишаните и материјалните документи и артефакти се спомнува во мноштвата црковни повелби за регионот Горна Река меѓу кои и црковните повелби кои датираат од Византискиот период, односно од 1020 година, за време на владеењето на византискиот цар Василиј Втори, а посебно во црковните повелби на царот Стефан Душан од 1331 година, Стефан Урош Петти Немањиќ од 1356 исто така се спомнува во црковните повелби и од македонските кталеви кралот Димитрија Волкашин од 1365 година како и во црковната повелба од македонскиот крал Крале Марко од 1371 година за манстирот Свети Јован Бигорски. Првите пишани податоци за селото Дуф се содржат во пописниот Отомански дефтер број 508 од 1467 година,кој се однесува за Дебарската Област, кој воедно е најстар документ на оваа област, во кој е опфатен вилаетот Река, каде што се дадени и првите податоци за населението од Горна Река, односно за даноците што населението ги давало на отоманската држава, во овој Отомански дефтер за селото Дуф е запишано дека Дув има 40 рисјански семејства,во маалото Тољан четири, во маалото Брезовец осум, во Чајне Маало десет, во Ерчевиш Маало девет и во Балабан Маало исто девет рисјански семејства.

Во пописниот Дефтер од 1567 година кој се однесува за периодод 100 години ,меѓу другото за село Дуф е запишано дека припаѓа на вилаетот Калканделен на чифликот на Караѓоз бег, во која имало 48 куќи во кои живееле 35 рисјански и шсет отомански семејства.

Дека селото Дуф на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на XVIII век па сè до првата половна на XX век , меѓу кои: Јован Драгашевиќ во неговиот пишан документ под наслов Југоисточно Полуострово, издадено во 1871 во Белград, Вердер Кункел во научниот труд:“Вовед во Римската правна и уставна историја “издадено во Оксфорд, во 1966 година, Питер Хедер, во делото “Падот на Римското Царство: Нова историја на Рим и на Варварите”, Монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија— патријаршија 1394-1767” од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “Стара Србија и Maкедонија“ од Спиридон Гончев, “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ од Стефан Верковиќ , како и еден од најпознатите не само македонски туку и светски антрополози и географи Професор доктор Јован Ф. Трифуновски, во научниот труд “Полог , антропогеогравски истражувања” издаден во 1976 година од страна на Српската Академија на науките и Уметностите, во делот за село Дуф забележал :” Селото e планинско, лежи во горниот тек на река Мелце и на неколкуте соседни притоки.Селото има мошне голем атар. Дуф е село од разбијан тип.Селото е поделено на пет маала: Тољан Маало, Брезовец Маало,Чајне Маало,Ерчевиш Маало и Балабан Маало. Селото има 40 семејни родови во 126 огништа.Дуф е мошне старо село,тоа се гледа по сочуваните мошне старитр родови , по старите сдети, обичаи, слави.Веднаш над маалото Тољан се наоѓа маеноста селиште или како што селаните го нарекуваат старо село.Тука некогаш се наоѓло селото Дуф кое било населено со македонско православно население, кои живееле во девет куќи и воделе потекло од девет браќа.Траги од населба и православни христијански македонски гробишта има и во Ерчевиш Маалото. Во атарот на селото Дуф, веднаш над селото постои место кое се нарекува димговска црква, каде што пред многу дамнешно време се наоѓал црковен храм. Друга стара црква се наоѓала и во месноста Варвара, која го носела името на Свети Варвара.Во 1868 година Дуф броело 48 македонски христијански православни семејства, во 1900 година 128 куќи со 1130 ќители од кои 860 православни Македонци и 270 исламизирани Македонци.

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948602—    
1953742+23.3%
1961608−18.1%
1971413−32.1%
1981231−44.1%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199455—    
200239−29.1%
202130−23.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дуф живееле 1.130 жители, сите Албанци од кои 860 христијани и 270 муслимани.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 39 жители, од кои 2 Македонци и 37 Турци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 4 Македонци, 22 Албанци и 4 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.130 602 742 608 413 231 0 55 39 30
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

РодовиУреди

Според податоците од 1939 година, родови во селото

Маало Тољан

Во ова маало живее православно и муслиманско население.

  • Православни: Новевци (2 к.) староседелци; Николчолари (1 к.) староседелци; Цапаколари (5 к.) доселени се од селото Штировица во Горна Река; Геловци (2 к.) и Нисторовци (3 к.) доселени се од селото Нистрово во Горна Река; Наќевци (1 к.) и Чикраманци (2 к.) доселени се од селото Бродец во Горна Река; Божиновци (1 к.) доселени се од селото Ничпур во Горна Река; Тримчалари (1 к.) доселени се однекаде.
  • Муслимани: Оџалари (1 к.) гранка се од православниот род Николчолари; Еминолар (1 к.) доселени се од селото Печково. А таму се доселиле од Албанија.

Маало Брезоец

Маало Чајане

Маало Јарчевиш

  • Православни: Беловци (4 к.) староседелци. Имаат иселеници во Русија (четири семејства); Матуговци (16 к.) стари доселеници. Доселени се од селото Прошовце; Големовци (1 к.) доселени се однекаде. Имаат иселеници во Русија (едно семејство); Цигановци (1 к.) доселени однекаде. Имаат иселеници во Америка (едно семејство).

Маало Балабан

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви[11]
Археолошки наоѓалишта[12]

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

  • Александар Арсов - македонско-одрински доброволец;[13]
  • Невзат Бејта (р. 1961) - политичар, градоначалник на Гостивар;
  • Трпе Зафиров Јосифов (1876 - 1913) - македонско-одрински доброволец[14]

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Д-р Митко Панов; “Енциклопедија на селата во Република Македонија”
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.213.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  12. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.
  13. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 54.
  14. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 329.

Надворешни врскиУреди