Острец
Острец — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба Уреди
Историја Уреди
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство Уреди
Население Уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Острец живееле 550 жители, сите Албанци.[2]
Населението на селото изнесува 229 жители, од кои 228 Албанци и 1 останат.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 161 жител, од кои 154 Албанци и 7 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 550 | 760 | 408 | 488 | 526 | 441 | 633 | 321 | 260 | 229 | 161 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови Уреди
Острец е албанско село.
Родови во селото се: Суљај (6 куќи) доселени се од областа Мат во северна Албанија, го знаат следното родословие: Бесим (жив на 30 г. во 1950-тите) Мурат-Шемшедин-Сали-Зеќир-Суљо, основачот на родот кој се доселил; Балај (10 куќи), Матај (5 куќи), Чилафај (5 куќи), Ликај (5 куќи), Љоцај (5 куќи), Таилар (5 куќи), Етемај (5 куќи), Оџалар (3 куќи), Маљолар (3 куќи), Меметолар (3 куќи) и Асанај (4 куќи) доселени се исто така од областа Матија, во родот Балај се знае следното родословие: Ајдар (жив на 31 г. во 1950-тите) Зеќир-Авмет-Раман-Бала, се доселил таткото на Бала; Дардаси (8 куќи) доселени се од селото Дарда во Љура, го знаат следното родословие: Адем (жив на 74 г. во 1950-тите) Реџеп-Адем-Ибраим, кој се доселил.[9]
Општествени установи Уреди
Самоуправа и политика Уреди
Избирачко место Уреди
Во селото постои избирачкото место бр. 156 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 210 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости Уреди
Редовни настани Уреди
Личности Уреди
Култура и спорт Уреди
Иселеништво Уреди
Населението мигрира во Битола, Турција, околните села, Австралија, САД, Канада, Германија и други земји во светот.[12]
Наводи Уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Острец“. Мој Роден Крај. Посетено на 31 јули 2018.