Воиславци
Воиславци — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Воиславци | |
Поглед на селото | |
Координати 41°35′14″N 22°28′16″E / 41.58722° СГШ; 22.47111° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Население | 592 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22004 |
Надм. вис. | 400 м |
Воиславци на општинската карта Атарот на Воиславци во рамките на општината | |
Воиславци на Ризницата |
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 796 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Радовиш, чиј атар делумно се издига на источната страна на планината Смрдеш.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 400 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 7 километри, додека од магистралата А4 помеѓу Радовиш и Струмица е оддалечено 1,3 километри.[4]
Сместено е под пазувите на планината Смрдеш. Преовладува наизменично средоземна клима, која е погодна за одгледување на разни земјоделски производи.
До селото води асфалтен пат.
Историја
уредиСпоред бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 10,3 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 529,9 хектари, на шумите отпаѓаат 424,9 хектари, а на пасиштата само 46 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделска функција. Во селото работат продавница и угостителски објекти.[4]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Воиславци живееле 340 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Воиславци имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]
Во 1961 година селото броело 711 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 798 жители, македонско население.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Воиславци живееле 796 жители, сите Македонци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 592 жители, од кои 554 Македонци, 1 останат и 37 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 340 | 400 | 576 | 571 | 711 | 784 | 802 | 801 | 798 | 796 | 592 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиВоиславци е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[14]
- Староседелци: Димчовци, Јовановци и Ристовци (8 к.), Шукријовци, Спасовци, Јовановци, Илијевци и Николовци (18 к.), Грујовци и Стефановци (6 к.), Ќајци, Атанасовци, Мијаловци и Милевци (8 к.) и Чекрци, Андоновци и Трајковци (5 к.).
- Доселеници: Аневци и Албанци (4 к.) и Темелковци (6 к.), доселени се од некое околно село; Карабашеви (5 к.) и Димитријевци (4 к.), доселени се од селото Сулдурци.
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Орце Николов“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Орце Николов“ - Ињево
- Месна заедница
- Градинка
-
Градинката
-
Поштата
-
Спортското игралиште
-
Основното училиште
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Воиславци било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Воиславци, се наоѓале и селата Бучим, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Воиславци, во која влегувале селата Воиславци и Сулдурци.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1594 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 634 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 657 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[5]
- Добри Дол — средновековна некропола;
- Прелози — средновековна населба; и
- Ракишин Пат — средновековна населба.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — стара манастирска црква;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — нова манастирска црква;
- Црква „Св. Илија“ — стара манастирска црква;
- Црква „Св. Илија“ — нова манастирска црква;
- Црква „Св. Јован Крстител“ — манастирска црква;
- Црква „Св. Петка“ — селска црква;
- Црква „Св. Димитриј“ — селска црква; и
- Црква „Св. Теодор“ — селска црква.
- Манастири
- Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ — манастир во близина на селото;
- Воиславски манастир „Св. Илија“ — манастир во близина на селото; и
- Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“ — манастир во близина на селото.
- Споменици
- Споменик на НОБ
-
Споменик на НОБ
-
Новата манастирска црква „Успение на Пресвета Богородица“
-
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
-
Новата манастирска црква „Св. Илија“
-
Црквата „Св. Јован Крстител“
-
Црквата „Св. Петка“
Редовни настани
уредиСекоја година на 5 јануари се организира палење на бадникарски оган.
Галерија
уреди-
Објект во селото
-
Лулашки во селото
-
Поглед на селото
-
Стара куќа во селото
-
Сокак во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 јануари 2022.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 45. Посетено на 12 јануари 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 324. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 234.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.138-139.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 12 јануари 2022.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.