Скандалци

село во Општина Штип

Скандалци (понекогаш и Скандалица) — село во Општина Штип. Денес нема жители.[2]

Скандалци
Скандалци во рамките на Македонија
Скандалци
Местоположба на Скандалци во Македонија
Скандалци на карта

Карта

Координати 41°43′43″N 22°04′03″E / 41.72861° СГШ; 22.06750° ИГД / 41.72861; 22.06750
Регион  Источен
Општина  Штип
Област Жеглигово
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 032
Шифра на КО 30052
Надм. вис. 250 м
Скандалци на општинската карта

Атарот на Скандалци во рамките на општината
Скандалци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во западниот дел на општината, на левиот брег на реката Брегалница и надморска висина од 250 м. Атарот зафаќа површина од 4,7 км2.[3]

Историја уреди

Селото постои барем од доцниот среден век, за што сведочат остатоците од црква во наоѓалиштето Гробишта непосредно меѓу селото и брегот на реката.[4]

Во XIX век Скандалци било македонско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Скандалци имало 40 жители, сите Македонци христијани.[5][6]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Во статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев од 1905 г. („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во Скандалци (Skandaltzi) живееле 24 Македонци, сите под егзархијата.[7]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го обележал Скандалица (Skandalica) како село со нејасен етнички состав.[8]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
195333—    
196121−36.4%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Во првите децении на XX век македонското население го напуштило селото, а на негово место се доселиле Турци.

Во пописот од 1948 г. Скандалци не е дадено самостојно, туку е вбројано кон населението на с. Црешка.[9]

Со иселувањето на Турците во 1950-тите, на нивно место дошле Албанци. Во текот на 1960-тите и тие го напуштиле Скандалци, и оттогаш селото останало без жители. Според пописот од 2002 година, селото немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 40 24 33 21 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта
  • Гробишта — доцнoсредновековна црква и некропола.

Личности уреди

  • Трајче Скандалијата — еден од првите членови на ВМРО во Штип;[14] починал некаде по 1918 г.[15]

Иселеништво уреди

Според истражувања од 1957 г. познати се следниве родови од Скандалци иселени на други места:[16]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 272. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 441. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 231. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  8. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  9. За табелата. Точка 47[мртва врска] — Пописи на населението на Македонија, база МАКСтат
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Македония в образи – фототипно издание, Анико, София, 2010, стр. 131
  15. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 102.
  16. Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.

Надворешни врски уреди