Житоше
Житоше — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била припоена со Општина Долнени.
Житоше | |
![]() Поглед на селото Житоше | |
Координати 41°25′12″N 21°17′25″E / 41.42000° N; 21.29028° EКоординати: 41°25′12″N 21°17′25″E / 41.42000° N; 21.29028° E | |
Општина | ![]() |
Население | 1.807 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 16010 |
Надм. вис. | 644 м |
Географиja и местоположбаУреди
Селото Житоше се наоѓа во северозападниот дел на Прилепското Поле. Оддалечено е 30 километри северозападно од Прилеп и 24 километри северно од Крушево.
ИсториjaУреди
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 50 христијански семејства и 2 вдовици христијани.[1]
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Според податоците за машкото население од 1873 година, селото било поделено на христијанско Житоше со 35 домаќинства и 153 христијани (Македонци) и муслиманско Житоше со 94 домаќинства и 232 жители муслимани, 83 Македонци и 21 Ром.[2]
НаселениеУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Горно Житоше живееле 560 Албанци, 75 Роми и 66 Македонци, а во Долно Житоше 102 Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Житоше имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4] Според пописот од 2002 година во Житоше живееле 1.807 жители, од кои:[5]
Националност | Вкупно |
Македонци | 3 |
Албанци | 1.158 |
Турци | 17 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 5 |
Бошњаци | 604 |
други | 20 |
РодовиУреди
Горно ЖитошеУреди
Според ситуацијата од 1950-тите, родови во Горно Житоше.
- Албанци: Балабановци (6 к.) поалбанчени Турци. Потеклото им е од Мала Азија. Еден нивен предок изградил џамија; Оџовци (18 к.) основачот на родот Асан бил оџа. Доселени се на почетокот на XIX век; Кера (12 к.) и Салиќевци (11 к.) доселени се од селото Белово кај Пешкопеја, и они се доселени почетокот на XIX век; Дешат (7 к.) доселени се од Дешат кај Пешкопеја. Од споменатото место се иселиле двајца браќа, едниот во Житоше, а другиот во Гостиварско; Дерала (4 к.) доселени се од областа Матија во Албанија, имаат роднини во соседното село Лажани и во Градец (Полог); Цолја (14 к.) доселени се од некое место во Албанија. За нив се зборува дека порано биле католици; Виша (9 к.) доселени се од селото Вшје во Љума (северна Албанија); Хоти (5 к.) доселени се од околината на Елбасан; Дема (11 к.), Божољи (9 к.), Дулја (6 к.), Мале (5 к.), Далиповци (5 к.), Зира (4 к.) и Шаини (1 к.) доселени се однекаде од Албанија. Постои род Дема во Дебар; Цука (6 к.) доселени се од Дебарско, имаат роднини во Дебарско, Лисичани, Лажани и во Борино; Абдиовци (10 к.) доселени се од околината на Пешкопеја; Боровјане (2 к.) доселени се од селото Боровјане кај Призрен (Косово); Трновчани (3 к.) доселени се од селото Трново кај Гостивар во 1940-тите; Рушановци (5 к.) потекнуваат од предокот Селим. Селим се доселил како домазет од сега раселеното село Солп (кај селата Цер и Црско); Браќани (1 к.) доселени се од селото Браќани, Порече; Шутовци (6 к.) доселени се од селото Шутово, Кичевско; Бала (2 к.) доселени се од околината на Пешкопеја; Ќуска (2 к.) доселени се од соседното село Норово; Ислаиловци (2 к.), Алчија (5 к.) и Циналар (5 к.) доселени се од Албанија.
- Срби: Милиќевиќи (1 к.) доселени се во 1922 година како колонисти од селото Добри Дол кај Ужице.
- Бошњаци: Бошњаци (11 к.) доселени се 1955 година од околината на Сјеница.
- Власи: Шула (1 к.) на лето живеат во Житоше, а на зима во Крушево.
Долно ЖитошеУреди
Според ситуацијата од 1950-тите, родови во Долно Житоше.
- Муслимани: Исмаиловци (6 к.) доселени се во 1908 година од селото Пласница, Кичевско. Кога дошле зборувале македонски, а сега зборуваат албански; Мустафовци (1 к.) и Еминовци (1 к.) доселени се во 1920 година од Прилеп, зборуваат турски; Еминовци (1 к.) доселени се од селото Прибилци, Железник во 1920 година. Зборуваат албански; Исеиновци (1 к.) доселени се од селото Туин, Кичевско. Зборуваат албански; Беадиновци (1 к.) доселени се во 1944 година од околината на Кичево. Зборуваат албански; Афузовци (3 к.) доселени се во 1952 година од Горно Житоше, таму припаѓале на родот Цолја; Аметовци (1 к.) доселени се во 1952 година од селото Србица, Кичевско, зборуваат албански; Елмазовци (1 к.) доселени се во 1910 година. Зборуваат ромски, македонски и албански.
- Православни родови: Ѓушо (1 к.) лето живеат во Долно Житоше, а зимо во Крушево, зборуваат влашки; Тале (1 к.) доселени се во 1954 година од Крушево, зборуваат влашки; Китановци (1 к.) и Стрезовци (1 к.) доселени се од селото Извор, Кичевско. Зборуваат македонски.[6]
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постојат изборните места бр. 1209 и 1210 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.850 гласачи.[8]
КултураУреди
- Цркви[9]
- Св. Атанасиј Житоечки - главна манастирска црква на Житошкиот манастир. Сега се води под село Локвени;
- Археолошки наоѓалишта
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.63
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 74-75.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 245.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 148-149.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Битолско-прилепска котлина. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 10,0 10,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ 11,0 11,1 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Житоше на Карти на Google