Избишта
Избишта — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.
Избишта | |
![]() Селото и патот А3 | |
Координати 41°07′54″N 21°00′14″E / 41.13167° СГШ; 21.00389° ИГДКоординати: 41°07′54″N 21°00′14″E / 41.13167° СГШ; 21.00389° ИГД | |
Регион | Горна Преспа |
Општина | Ресен |
Население | 128 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 23015 |
Надм. вис. | 1075 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Избишта — село во областа Преспа, воглавно сместено на западната страна од патот А3 (Охрид-Ресен) кој го поврзува Избишта со Јанковец и Ресен на југ. Од градот Ресен е оддалечено 4,5 километри. Соседни села, и нивниот правец и оддалеченост во воздушна линија од Златари (сметано од средиштата на населените места), се: Крушје (на северозапад; 3,2 км), Лева Река (на север; 3 км), Кривени (на запад; 1,9 км), Јанковец (на југ; 2,5 км) и Болно (на југозапад; 3,7 км).
ИсторијаУреди
Во XIX век селото било дел од нахијата Преспа на Охридската каза на Отоманското Царство.
На 31 јануари 1903 година, Избишта било опколено од османлиската војска. Тогаш била водена битка со четите на ТМОРО од околните села, при што куќата на Мантовци била запалена и бил направен терор во селото од страна на османлиската војска.
СтопанствоУреди
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Избишта живееле 232 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Избишта имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Избишта брои 176 жители, од кои 174 Македонци и 2 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 128 жители, од кои 121 Македонец, 1 Србин и 6 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 232 | 256 | 261 | 265 | 244 | 263 | 262 | 212 | 198 | 176 | 128 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
РодовиУреди
Избишта е македонско село.
Родови во селото се: Ѓоревци, Јанчевци, Петковци (дојдени од селото Брежани, Дебрца пред многу години, не се знае точниот период на нивната преселба,Фузевци.[10]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Староседелци: Ѓоревци (26 к.), Фузевци (17 к.) и Јанчевци (8 к.).[11]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1630 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 139 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Споменици
- Споменик на битката водена на 31 јануари 1903 - споменик подигнат 1953 година
- Археолошки наоѓалишта[14]
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Ставре Димитров — македонски револуционер од ВМОРО.
- Гоше Калев Петревски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Јован Радев Темелковски — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Нанчо Николов Фузевски — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Трифун Иванов Фузевски — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
Култура и спортУреди
- ФК Илинден (Избишта)
ИселеништвоУреди
во Аргентина се иселени 15тина семејства до 1949 година.[11]
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 240.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ 11,0 11,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски Фонд на МАНУ к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 17,0 17,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)