Дихово
Дихово (Диово) — село во Општина Битола, под пазувите на Баба Планина, во околината на градот Битола.
Дихово | |
Координати 41°3′3″N 21°15′50″E / 41.05083° СГШ; 21.26389° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Област | Пелагонија |
Население | 213 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7205 |
Шифра на КО | 02036, 02536 |
Надм. вис. | 779 м |
Дихово на општинската карта Атарот на Дихово во рамките на општината | |
Дихово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиДихово се наоѓа под падините на планината Баба, по патот за село Нижеполе. Распослано е од десната страна на реката Драгор, во самото подножје на масивот. Селото се издига 50 метри над Битола и дава величествен поглед на градот, Пелагонија и на врвот Пелистер. Дихово припаѓа под Општина Битола, брои околу 310 жители од кои сите се од македонска националност по вероисповед православни христијани, сместени во 107 домаќинства и 284 станови, претежно градби од понов период.
Историја
уредиОд ХVІ доо ХVІІІ век кај Дихово работел манастир, за кој се смета дека е срушен некаде по 1785 г.[2]
Во 1883 г. во Дихово се развило машинското производство на текстил и шајак за потребите на отоманската војска. Со намера да се задоволи зголемената побарувачка, трговци и индустријалци, на чело со битолскиот Влав Бого Анести вложиле капитал и од Самоков довеле плетечки машини, со кои се произведувало до 50 тони гајтан годишно, од кои дел се извезувале во Србија. Според Јован Хаџивасилевиќ, кој го посетил селото во 1897 г., во Дихово имало четири фабрики — три на вода и една на парен погон. Парната фабрика била во сретселото. Во фабриките се произведувало шајак, ќилими и гајтан, и имале 250-300 вработени, вклучувајќи жени и деца. Повеќето биле Власи, кои биле од други места. Самите диховчани се занимавале со земјоделство и печалбарство.[3][4]
Во ХІХ и на почетокот на XX век Дихово било село во Битолската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Диово или Дихово имало 460 жители, од кои 200 Македонци христијани[5] и 260 Арнаути муслимани.[6]
Во овој период селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дихово имало 560 Македонци под врховенството на патријаршијата и во селото работело грчко училиште[5].[7].
Според кажувањата на жителите, селото имало две маала — Горно, каде населението било под патријаршијата и ја посетувало црквата „Св. Димитриј“ и Долно, чие население било под егзархијата, и ја посетувало црквата „Св. Недела“.
Во Првата светска војна низ селото поминувала француска линија на фронтот.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[8]
Стопанство
уредиДенес во Дихово работи хотел и две кафеани — „Кооперација“ и „Кај оревот“, како и отворен базен и ресторан во текот на летниот период. Има сместувачки капацитети за селски туризам, меѓу кои е и „Вила Дихово“.
Дихово уште е познато и по големата живинарска фарма „Црвени петли“ која се наоѓа на влезот од селото.
Население
уредиНа Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дихово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[9]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[10]
Дихово е село на падините на Баба Планина, близу до Битола, коешто има 686 жители во 1961 година, додека во 1994 година се намалило населението на 356 жители.
Според пописот од 2002 година, селото Дихово брои 310 жители, од кои:[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 213 жители, од кои 192 Македонци, 1 Влав, 2 Срби, 1 останат и 17 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 460 | 560 | 634 | 686 | 686 | 701 | 644 | 417 | 356 | 310 | 213 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
уредиДихово е македонско православно село, сите родови потекнуваат од предци кои се доселени
Родови во Дихово се:
- Доселеници: Плосниковци (24 куќи) доселени се пред повеќе од 200 години од селото Ивањевци, они се најстар род во селото, го знаат следното родословие:, Ташко (жив на 70 г. во 1951 година) Симон-Ристе-Трајче-Стојан кој се доселил во селото; Скубевци (14 куќи) доселени се од селото Лера. Таму биле староседелци; Тончевци (7 куќи) доселени се пред околу 190 години од околината на Корча во Албанија, и потекнуваат од предци кои биле православни Албанци, кога дошле во селото зборувале албански, но мешајќи се со Македонците го примиле македонскиот јазик. Во Дихово се доселиле браќата Иљо и Јованче; Гарагаџиња (5 куќи) доселени се од Гнеотино, го знаат следното родословие: Андон (жив на 77 г. во 1951 година) Диме-Стојан кој се доселил во селото; Карафиловци (5 куќи) доселени се во XIX век од селото Орехово; Цветковци (3 куќи) доселени се од селото Дрмени во Преспа; Преспановци (5 куќи) доселени се од селото Брајчино во Преспа;
- Доселеници со непознато потекло: Јанкуловци (2 куќи), Јаневци (13 куќи), Глувчевци (11 куќи), Темелковци (6 куќи), Савинци (6 куќи), Богојевци (5 куќи), Вучковци (5 куќи), Котовци (4 куќи), и Дамевци (2 куќи) сите се доселени во XIX век.[17]
Општествени установи
уредиВо селото работи основното училиште „Д-р Трифун Пановски“ во кое работат подрачни паралелки до 5 одделение од истоименото училиште од градот Битола.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 129 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 264 гласачи.[19]
Од 1965 година до денес, селото влегува во рамките на големата општина Битола.
Во периодот 1957-1965, селото било седиште на тогашната општина Дихово, во која покрај селото Дихово се наоѓале селата Братин Дол, Брусник, Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Магарево, Маловиште, Метимир, Нижеполе, Рамна, Ротино, Свиниште, Снегово, Српци, Трново и Цапари.
Во периодот 1955-1957, селото било седиште на тогашната општина Дихово, во која покрај селото Дихово се наоѓале селата Братин Дол, Брусник, Гопеш, Ѓавато, Дихово, Доленци, Кажани, Лера, Магарево, Маловиште, Метимир, Нижеполе, Рамна, Ротино, Свиниште, Снегово, Српци, Трново и Цапари.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Дихово, во која покрај селото Дихово се наоѓале селата Братин Дол, Брусник, Лавци, Магарево, Нижеполе, Снегово и Трново.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на тогашната општина Дихово, во која покрај селото Дихово се наоѓале селата Братин Дол, Магарево, Нижеполе и Трново.
Културни и природни знаменитости
уредиГолем број на традиционални куќи, постари од 150 години. Низ селото поминува реката Драгор. Во близина на селото по течението на реката се преубавите сопови (вирови). Дихово е познато како главно прибежиште на битолчани за време на пеколните летни денови. Свежиот пелистерски воздух, убавите ливади како и базенот кој постои во селото, го прават Дихово главно место за одмор, уживање и разладување на битолчани.
- Цркви[20]
- Црква „Св. Димитриј“ — позната како Горна Црква;
- Црква „Св. Недела“ — позната како Долна Црква;
- Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква;
- Археолошки наоѓалишта[21]
- Братиндолска Река — населба од римско време;
- Варвара — некропола од средниот век;
- Ограѓе — населба и некропола од римско време;
- Св. Недела — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Стојче Мангелов — македонски револуционер, четник на војводата Димко Сарванов - Могилчето
- Бранко Наумовски (р. 1941) — македонски писател
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиДихово, како и останатите места во околината, е познато по масовните иселувања во текот на минатиот век во Западна Европа, Австралија, САД и Канада.
Голем дел од иселениците денеска се имаат вратено во Дихово и своите заштеди ги вложуваат во месното стопанство.
Во селото во минатото живеело и албанско население. Но тие до 1951 година се иселиле во Битола и од таму во Турција (54 семејства). Албанските родови се викале Алимовци, Рустемовци, Мединовци, Јаовци, Брамчевци, Али Оџовци и др.[17]
Галерија
уреди-
Стара македонска куќа во Дихово
-
Поглед кон Дихово и Битола на пат кон црква „Св. Атанасиј“
-
Куќа во Дихово
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Гергова, Иванка. Поменици от Македония в български сбирки, София 2006, с. 56, 64.
- ↑ Паларе, Майкъл. Балканските икономики 1800 - 1914: Еволюция без развитие, София 2005, с. 366-367.
- ↑ Хаџи-Васиљевић, Јован. Град Битољ, Браство, Књига ХІV, Београд 1911, с . 253.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 12 април 2011.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 17,0 17,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ. стр. 223-224-225.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уреди„Дихово“ на Ризницата ? |
- „Необично место во Македонија“. Да научиме.[мртва врска]
- „Туризам по мера на гостите во Дихово“. Утрински весник. 7 септември 2013. Посетено на 24 април 2017.[мртва врска]