Емирица

село во Општина Кратово

Емирица — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Емирица

Воздушен поглед на Емирица

Емирица во рамките на Македонија
Емирица
Местоположба на Емирица во Македонија
Емирица на карта

Карта

Координати 42°04′58″N 22°18′45″E / 42.08278° СГШ; 22.31250° ИГД / 42.08278; 22.31250
Регион  Североисточен
Општина  Кратово
Област Осогово
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Шифра на КО 14005
Надм. вис. 1.200-1.420 м
Емирица на општинската карта

Атарот на Емирица во рамките на општината
Емирица на Ризницата

Потекло и значење на името уреди

Името на селото првпат е забележано во турски документи од 1481 година. Се верува дека неговото потекло е од личното име Емир или пак од титулата емир, што означува владетел, заповедник или кнез на определена територија (како санџакбег). Титулата емир е балкански турцизам од персиско или арапско потекло од областа на турската управа.[2]

Географија и местоположба уреди

 
Селото сместено високо во Осоговските Планини

Селото се наоѓа на крајниот источен дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Кочани.[3] Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 1.200 до 1.420 метри. Од градот Кратово, селото е оддалечено 18 километри.[3]

До селото се стигнува преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 2232, во непосредна близина на браната на Кнежевското Езеро.

Ова е типично планинско село во Осогово, источно од градот Кратово. На југ се наоѓа зимскиот центар Пониква. Селото е од разбиен тип, и неговите маала (Буковица, Врдовачка Маала и Шуманска Маала) лежат на надморска височина од 1.200 до 1.420 метри.

Над селото извира Емиричка Река и тече низ него, а потоа преминува низ други места, па завршува како притока на Кратовска Река.

Историја уреди

Подрачјето на Емирица е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Градиште во неговата околина.[4]

Првпат името на селото е документирано во 1481 година во турски документи.[2]

Стопанство уреди

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 24 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.490,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 595,7 хектари, а на обработливите површини 217,6 хектари.[3]

Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948243—    
1953266+9.5%
1961268+0.8%
1971239−10.8%
1981104−56.5%
ГодинаНас.±%
199144−57.7%
199437−15.9%
200218−51.4%
20212−88.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Емирица има 100 жители, сите Македонци христијани.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Емирица имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Селото е мало и во 1961 година броело 268 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на 37 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Емирица живееле 18 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 80 243 266 268 239 104 44 37 18 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Самоуправа и политика уреди

Кон крајот на XIX век, Емирица било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.

Избирачко место уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0903 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[13]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[4]
Реки[15]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 160. |access-date= бара |url= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 79.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 183. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 октомври 2022.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 28 октомври 2022.
  14. „Локални избори 2021“. Посетено на 28 октомври 2022.
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 29. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски уреди