Липец
Липец — село во Општина Виница, во околината на градот Виница.
Липец | |
Општина | Виница |
Население | 202 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 05012 |
Липец на општинската карта Атарот на Липец во рамките на општината | |
Липец на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа североисточно во полите на Плачковица, оддалечено 9 километри јужно од Виница.
Историја
уредиЦрквата „Вознесение Христово“ е изградена во 1839 година и претставува една од постарите денес преостанати цркви во Виничко.
Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Липец живееле 724 жители, од кои 360 Турци, 340 Македонци и 24 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липец имало 440 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци и 250 Турци.[4]
Во 1961 година во селото имало 626 жители, од кои 602 Македонци и 24 Турци, додека во 1994 година живееле 472 жители, од кои 470 биле Македонци, 1 Турчин и 1 Србин.
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 430 жители, од кои 429 Македонци и 1 Турчин.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 202 жители, од кои 190 Македонци и 12 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 724 | 440 | 716 | 780 | 626 | 622 | 529 | 477 | 472 | 430 | 202 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиЛипец е македонско село, а во минатото имало и значително турско население.
- Македонски родови во Липец се: Бошњаци (6 к.), Митревци (4 к.), Говедарци (9 к.), Бумбарци (4 к.), Кацарци (4 к.), Бочевци (6 к.) и Живодерци (20 к.) ова се стари родови, возможно е да се староседелци. Во родот Живодерци се рачунаат и три домазетски домаќинства; Чорбаџичи (5 к.), Ковачки (3 к.) и Арнаути или Панчевци (2 к.) доселени се од некое место во Албанија, од местото на старина избегале двајца браќа, едниот се населил во Липец, а другиот во Соколарци, таму е родот Коритарчари (15 к.), го знаат следното родословие: Петруш (жив на 65 г. во 1958 година) Арсо-Петре-Лазар-Јован, кој се доселил; Кусевци (4 к.) и Дедо-Ристевци (2 к.) доселени се однекаде; Кочковци (3 к.) и Мирчевци (2 к.) и они се доселени однекаде. Од 1955 на имотите на иселените Турци се населиле следните македонски домаќинства. Сите се доселени од околината на Македонска Каменица, Делчево.
- Турски родови биле: Амдиовци (1 к.), Аметовци (1 к.), Зенуловци (1 к.) и Муаметовци (1 к.) порано имало многу повеќе турски родови.[11]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 332 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 278 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Бели — населба од римското време. На 1 км западно од селото, во подножјето на Плачковица, во нивата на Б. Апостолов се гледаат остатоци од населба, и тоа фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.
- Градиште — градиште од доцноантичкото време. На едно зарамнето плато со површина од 80 × 50 м, сместено на падините на Плачковица, оддалечено 2 км југозападно од селото, се среќаваат остатоци од градиште.
- Иловица — населба од римското време. Западно од селото, при обработувањето на земјата жителите откриле темели од повеќе објекти. Денес, на површината се гледаат фрагменти од керамички садови, а од градежен материјал покривни ќерамиди, кршен камен и варов малтер.
- Свети Спас — населба и некропола од римското време. Во непосредната близина на црквата Св. Спас, која е на 300 м јужно од селото, се забележуваат остатоци од кршен камен и кал и покривни ќерамиди. Постојат индиции и за постоење на некропола.
- Црквенец — населба и могила од римското време. Од левата и десната страна на долот Црквенец се среќаваат многу фрагменти од керамички садови, а се гледаат и темели од неколку објекти. Според кажувањето на А. Петров, биле пронајдени голем број монети кои не се зачувани. На северниот крај на наоѓалиштето се наоѓа помала могила со пречник во основата од 8 м и височина од 1,5 м.
- Чукарки — некропола од железното време — тумули. На 2 км северозападно од селото, на зарамнето плато се наоѓаат 11 тумули
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиДо 1955 година во Турција се иселиле 51 турско семејство.[11]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје. стр. 112-113-114.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.