Малотино
Малотино — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Малотино | |
Панорамски поглед на раштрканото село Малотино | |
Координати 42°17′3″N 21°55′40″E / 42.28417° СГШ; 21.92778° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17061 |
Надм. вис. | 600-840 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Малотино на општинската карта Атарот на Малотино во рамките на општината | |
Малотино на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа во областа Козјачија, во крајниот североисточен дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, чиј атар се допира со државната граница со Србија. Селото е раштркано и има планински карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 840 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 36 километри.[2]
Куќите на ова село се наоѓаат десно од Бистрица, притока на Пчиња. Селото е сместено на падините на планината Козјак. Околни села се: Рамно, Враготурце и Кокино.[3]
Атарот зафаќа површина од 10,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 528 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 260 хектари, а на шумите 192 хектари.[2]
Малотино е село од разбиен тип. Постојат осум маала во селото: Дералско (7 к.), Горно (5 к.), Лецинска (4 к.), Џикарска (3 к.), Додинско (3 к.), Долно (10 к.), Деда Анско (2 к.) и Циганско (1 к.). Во најголем дел, во маалата живеат роднински поврзани домаќинства.[3]
Историја
уредиВо Малотино се сретнуваат остатоци од различни епохи. Постојат гробишта, кои не биле на денешните жители. Овие гробови од страна на жителите се нарекувани „римски“.[3]
Народната традиција наведува дека на денешното село во турско време било „пустелија“. На целиот атар преовладувала дабова шума. Подоцна дошле денешните родови и почнале да ја сечат шумата, за да направат простор за нивните куќи, ниви и пасишта.[3]
Во текот на основањето, селото имало 6-7 куќи, крај коритото на Бистрица.[3]
Во XIX век, Малотино било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиВо основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Малотино имало 440 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Малотино имало 544 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
Малотино во 1961 година имало 317 жители, од кои 313 биле Македонци, тројца Срби и еден Албанец, а во 1994 година селото преминало во мала населба со 64 жители, од кои 58 биле Македонци и шест жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Малотино имало 37 жители, од кои 33 Македонци и 4 Срби.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, од кои 5 Македонци, 2 Срби и 3 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 440 | 544 | 466 | 339 | 317 | 219 | 92 | 65 | 64 | 37 | 10 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиВо Малотино живеат следниве родови: Деда Анци или Тренчинци (2 к.), едни од основачите на селото, дојдени од Бабуна, Велешко, живеат во посебно маало; Додинци (5 к.), едни од основачите на селото, живеат во посебно маало; Џикарци или Грци (3 к.), едни од основачите на селото, живеат во посебно маало; Лецини (4 к.), едни од основачите на селото, живеат во посебно маало; Беговци (4 к.), Петковски (4 к.) и Станојковски или Дураци (1 к.), сместени во маалото Дералци, првиот и вториот сој не знаат од каде се доселени, додека третиот род е доселен од селото Дурачка Река, Кривопаланечко; Горномаалци (5 к.); Долномаалци (10 к.). Сите родови слават Свети Архангел, освен Додинци, кои слават Свети Никола, и родот Грци кои слават Свети Ѓорѓи.[3]
Православните Роми[13] или Ѓорѓовци имале 1 домаќинство, крај Бистрица од десната страна. Ромите се стари жители на селото,[3] но според последните државни пописи, во селото повеќе нема ниеден жител од ромска националност.[7]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Малотино, во која влегувале селата Малотино и М’гленце.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Малотино се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.
Редовни настани
уреди- Ѓурѓовден — главна селска слава
Иселеништво
уредиОсобено иселување на жителите од селото започнало по Втората светска војна во кумановските села, но и во градот Куманово.[3]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 190. Посетено на 3 мај 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ 7,0 7,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Во книгата на авторот се наречени „Цигани“