Дебар

град во Македонија

Дебар — град во западниот дел на Македонија и административен центар на Општина Дебар, која опфаќа уште и 17 села.

Дебар
град
Воздушен поглед на градот Дебар
Воздушен поглед на градот Дебар
Знаме на ДебарГрб на Дебар
Карта
Местоположба на Дебар во Македонија
Координати: 41°31′N 20°32′E / 41.517° СГШ; 20.533° ИГД / 41.517; 20.533
ДржаваМакедонија
Регион Југозападен
Општина Дебар
Управа
 • ГрадоначалникХекуран Дука (ДУИ)
Надм. вис.&10000000000000625000000625 м
Население (2021)
 • Вкупно11,735
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 046
Рег. таб.DB
Мреж. местоwww.dibra.gov.mk

Се наоѓа во Дебарското Поле, покрај брегот на Дебарското Езеро. Претставува центар на крајниот западен регион, кој главно е населен со Македонци од муслиманска вероисповед и Албанци.

Потекло на поимот

уреди
 
Бегство на дебрани од налетот на балистите во 1942 година
 
Прослава за 9 мај во Дебар.

Голем дел научници тврдат дека името на градот Дебар е од македонско потекло, односно со потекло и значење од македонскиот, старословенскиот и другите словенските јазици. На старословенски јазик именката дебар (дьбръ) означува долина, котлина[1], што соодветствува со местоположбата и околината во која што се наоѓа градот Дебар. Во Македонија постојат повеќе имиња на села, области, предели и други топоними кои се изведени од именката дебар како што е областа, а воедно и котлина, етнографски предел и општина Дебрца во Охридско, селата Дебреше (Гостиварско), Дебреште (Прилепско), Дебрец (Кајларско), Дебриште (Кавадаречко) (во постари записи и тетовското село Доброште се среќава како Дебреште), месноста Дебревник (Струмичко)[1], со една заедничка одлика дека се наоѓаат во долини и котлини, односно подножја на планини каде започнува долинскиот или рамничарскиот дел на котлините. Исто така, македонскиот просветител, преродбеник и учител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во своите записи, патописи и објавени статии во педесеттите години на 19 век, често го употребува зборот дебрина, дебрини за долини и котлини. Оттаму може да се заклучи дека името (топонимот) дебар е образувано од физичкогеографски, односно орографски термини со значење долина, односно котлина[1]. Имајќи ја предвид местоположбата на градот Дебар и Дебарското Поле, денес во најголем дел потопоено под вештачкото езеро, како и пошироката област Горни и Долни Дебар, во котлина помеѓу планините Дешат, Стогово и Јабланица, а воедно и предел каде се составуваат долините на реките Радика и Црн Дрим, со сигурност може да се заклучи дека градот го добил своето име од страна на своето староседелско македонско население и неговиот јазик, како резултат на својата географска положба.

Но сепак името Дебар се споменува уште пред доаѓањето на Словените, односно зборот Дебар ѝ е познат на историјата уште пред нашата ера. Така во „Историја Уннов“ на стр. 86 пишува: „Во 268 година пред Христа...Готите со 6000 лаѓи и 320 000 војници влегле во Св. Гора, го опседнале Солун, дошле до Дебар каде што се судриле со римската коњаница...“ Од ова произлегува дека Дебар е остаток од пражителите на тоа место, со чие се нарекувала целата долина (deboros) и покраина. Оваа теза ја потврдува и чешкиот историчар Иречек, кој меѓу другото вели дека зборот не е словенски, туку произлегува од латинскиот deboros, со значење котлина, долина.

Легендите на народниот раскажувач поинаку го толкуваат потеклото на името Дебар: Во свое време Дебар бил едно големо село, чии жители се занимавале со занаети и кираџилук. Кираџиите, патувајќи по стрмните патишта ги заморувале коњите, особено кога се враќале, бидејќи биле многу натоварени. Заморените коњи тие ги терале со „Ди-бре, ди-бре! “ и со времето овој назив останал да се употребува за селиштето.

Први записи за името

уреди
 
Дочек на дебарските чети на ВМРО во градот за време на Младотурската револуција

Првиот пишан документ што го спомнува името Дебар е картата на Клавдиј Птоломеј, направена околу средината на II век во која се нарекува Deborus. Византискиот цар Василиј II знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го споменува под името Dibri во 1502.

Јастребов во „Стара Србија и Албанија“ („Споменик Српске Краљевске Академије“ кн.41) пишува: „Тој град (Дебар) и за време на Скендербега не постоел“. Скендербег ја отпочнал војната со Турците во 1444 година, што значи дека и тогаш градот Дебар не постоел. Според Јастребов, на местото на денешниот град Дебар, се наоѓало село Оровник. Ова тој го заклучува од исказите на некои стари Албанци. Меѓутоа, некој Мустафа Џуф од Лусна му кажал на Јастребова дека под Оровник треба да се подразбира месност што се простирала од денешниот Дебар на север близу до село Граждани.

Летописецот Акрополита (1257 г.) вели дека на патот од Драч, преку Мат во Дебар бил принуден да остане повеќе одошто требало, бидејќи патот бил опасен од востанатото население. Меѓутоа, овде искрснува прашањето дали под името Дебар се подразбира град или покраина. Повеќе од научниците сметаат дека овде станува збор за покраина бидејќи докази за постоењето на називот Дебар уште во XII, па и во XI век, има доста.

Пред сè, арапскиот научник Идризи во 1153 година пишува: „Патот Via Egnatia за Скопје минувал од Драч-Тирана-Дебар под долината на реката Радика, Маврови Ханови, Горни и Долни Полог преку Жеден планина за Скопје.“

Првпат градот Дебар под неговото име во географските карти е напишан во една карта издадена во 1545 година со „Dibri“. Потоа и Барлет, биограф на Скендербег во 1577 година вели „самиот бил во градот Горни Дебар“. Од ова произлегува дека при крајот на XV и почетокот на XVI век имаме сигурни податоци за потоењето на градот Дебар.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на градот Дебар крај Дебарското Езеро

Градот Дебар се наоѓа во Дебарската Котлина (Поле), на крајниот западен дел на Западна Македонија и воопшто на Република Македонија близу до границата со Албанија. Од Скопје е оддалечен 131 км, а најблиски градови до него се Струга (52 км) и Гостивар (71 км). Дебар лежи во југоисточниот дел на Дебарското Поле во подножјето на планината Дешат (Крчин) на надморска височина од 625 метри. Исто така Дебар е опкружен и со планините Стогово на исток и Јабланица на југ, кои го одделуваат дебарскиот крај од соседните области Кичевско и Дримкол во Струшко. Градот Дебар се наоѓа на самиот брег до вештачкото Дебарско Езеро, кое е заезерено со изградба на браната Шпилје во 1969 година на вливот (утоката) на реката Радика во Црн Дрим, непосредно на јужниот крај на градот. Планините и брдата Крчин, Тикварци и Пашина Ливада му даваат на градот прилично убав изглед.

Низ Дебар минуваат неколку рекички како Вакуфска Река, Бански Поток, Цинцароска Река и некои помали. Водата од овие реки се влева во Црн Дрим.

Климата во градот е мешовита од континентална и планинска со изразити одлики и на средоземната (средоземната) клима кои се резултат на силното климатско влијание од Јадранското Море кое доаѓа и се чувствува од запад по долината и течението на Црн Дрим. Зимите во Дебар се одликуваат со обилни снежни врнежи, а поради високите планини, јадранското влијание и постоењето на вештачкото езеро пролетта и есента се одликуваат со голема влажност и врнежи, додека летата се одликуваат со пријатна свежина.

Историја

уреди
 
Споменик на Скендербег во центарот на Дебар

Населувањето на Словените во Дебарската област се случува во VII и VIII век. Географските и топографските номенклатури говорат од XVII и XVIII век говорат дека Дебарската област била населена со словенско население. Така од 122 називи на селата во Дебарско, 103 носат словенски имиња, додека другите 19 имаат турски називи. До навлегувањето на Турците словенското и албанското население во дебарската област било христијанско. Но оттогаш започнува исламизирањето. Веројатно во почетокот ова исламизирање се вршело по барање на самото месно население. Тоа било предизвикано од чисто економски причини - зачувување на имотите, неплаќање даноци и добивање на разни други привилегии што им ги давала турската власт на муслиманите.

Општото движење на македонското население од селата во градот е забележано од XVII век наваму. Ова е предизвикано од честите зулуми и засилените грабежи, Најголеми иселувања се забележани од селата на Два Брата Планина. Меѓутоа, Дебар особено нараснува околу средината и при крајот на XIX век.

Турскиот патописец Хаџи Калфа во првата половина на 17 век во својата патописна белешка за Дебар вели: „Дибре е оддалечен од Цариград (Истанбул) седумнаесет дена одење пеш и се наоѓа меѓу Калкандела (Тетово), Кирчова (Кичево) и Охрид[3]

Во 1832 година се воведува задолжителен данок - „бедел“ за христијанското население. Тоа доведува до исламизирање на многу христијански семејства. Во тоа време станале големи преместувања од селата кон Дебар и понатаму. Ова преместување продолжува низ целиот XIX век. На местото на македонското население се населувале Албанци. Отаде во дебарските говори се среќаваат многу албански зборови. Многу македонски фамилии доселени во Дебар си ги зачувале своите семејни имиња по селата од каде што дошле, како на пример Кочишки, Броштички, Осолнички, Банишки, Раички, Макеларски, Обочки, Радоешки, Отиштански и др. Хан во 1865 години бележи дека градот Дебар имал 2 000 куќи со 10 000 жители, додека Шемседин во 1891 година запишал дека Дебар бил населен со 20 000 жители. Како што може да се забележи Дебар бил најмногу населен во XIX век, а најмногу поради тоа што градот бил важен сообраќаен крстопат и еден од најголемите македонски трговски центри. Низ Дебар минувал главниот пат Via Egnatia. Во исто врмее градот ги опфаќал сите покраини од двете страни на средното течение на Црн Дрим - од Струга до Призрен, од Тирана до Кичево и од Елбасан до Гостивар. Сето тоа му придавало големо значење на екномскиот центар на западната страна на Балканскиот Полуостров. Преку Дебар се движеле долги колони каравани во разни правци, за Албанија, Солун, Скопје. Најтесен контакт во трговски однос Дебар имал со Елбасан, потоа со Битола, Солун и Скопје. Во Дебар се внесувало жито, стока и манифактура, а се изнесувало значително количество кожи и тоа најмногу од ситна стока, потоа гајтан и земјени садови. Дебар се развивал сè до поставувањето на границата меѓу Југославија и Албанија кога неговото значење почнува нагло да опаѓа. Во тој период Дебар ја изгубил својата моќ на трговски центар.

 
Споменик на паднатите борци во Дебар

Покрај трговијата, во Дебар било многу развиено занаетчиството. Најмногу развиени занаети биле којунџискиот, тервискиот, ковачкиот, ѕидарскиот, потоа опинчарскиот, бојаџискиот, зографскиот, казанџискиот и др. Интересно е што со занаетчиство најмногу се занимавало само македонското население, додека албанското повеќе било трговско. Околното население повеќе се занимавало со земјоделство, а помалку со сточарство. Во почетокот на XIX век во Дебарско почнува да се развива печабарството. Ова печалбарство го предизвика феудалниот поредок. Земјата се наоѓала во рацете на агите и беговите. Неа ја обработувало бедното македонско население, помалу и албанското. Наградите за вложениот труд биле мизерни. И тие требало да бараат начини за својот и опстанокот на своите семејства. Започнале масовни печалбарски миграции во Бугарија, Турција, Србија, Романија, па и во Египет и Америка. Некои од печалбарите сосема се иселувале од Дебар и останувале постојано да живеат во местата каде што работеле. Денес потомци на дебарчани има во Солун, Софија, Белград, Букурешт, а во Скопје има и свое маало - „Дебар Маало“.[2]

Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во Македонија, Бугарија, Србија па дури и во Русија. Кон крајот на 19 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник Григор Прличев, кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.

Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари, во времето на Отоманското Царство постоела изреката: „Стамбол гори, Дебар го гради“.

Вкупно 93 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Население

уреди
 
Македонки од Дебар во почетокот на XX век

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Дебарскиот срез имало 25.231 жител, од кои 4.698 во градот Дебар, а 20.533 во селата (Дебарско Поле, Голо Брдо, Жупа, Река, Малесија). Од етнички аспект, населението го сочинувале 14.516 (57,5 %) Македонци, 7.485 (29,6%) Албанци, 2.913 (11,5 %) Турци, 267 (1,05 %) Роми и 50 останати.[5]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Дебар, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, градот Дебар има 14.561 жител[6], додека новосоздадената Општина Дебар со новата организација броела 17.952 жители.

Поради тешката економска состојба последните години е зголемено иселувањето од Дебар, чии жители најчесто се иселуваат во САД.

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 14.561 жител и спаѓал во групата на средни градови.[7] Етнички гледано, населението е составено од:[6]

Етнички групи[6]
Албанци
  
73,95 %
Турци
  
9,72 %
Роми
  
7,41 %
Македонци
  
7,24 %
други
  
1,50 %
Срби
  
0,15 %
Власи
  
0,01 %
Бошњаци
  
0,01 %
Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 1.054 7,24
Албанци 10.768 73,95
Турци 1.415 9,72
Роми 1.079 7,41
Власи 2 0,01
Срби 22 0,15
Бошњаци 2 0,01
други 219 1,50
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[6]:

Јазици[6]
албански
  
79,05 %
македонски
  
13,40 %
турски
  
6,56 %
други
  
0,52 %
ромски
  
0,34 %
српски
  
0,13 %
бошњачки
  
0,02 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 1.950 13,40
албански 11.510 79,05
турски 955 6,56
ромски 49 0,34
српски 19 0,13
бошњачки 2 0,02
други 75 0,52
Вероисповед

Во Дебар се застапени следните религиски групи[6]:

Религија[6]
ислам
  
94,52 %
православие
  
4,72 %
католицизам
  
0,38 %
други
  
0,38 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
православни 688 4,72
муслимани 13.763 94,52
католици 55 0,38
други 55 0,38

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Дебар:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19484.698—    
19535.520+17.5%
19616.323+14.5%
19718.823+39.5%
198112.201+38.3%
ГодинаНас.±%
19915.911−51.6%
199413.340+125.7%
200214.561+9.2%
202111.735−19.4%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 4.698
1953 1.110 4.122 53 83 2 87 63 5.520
1961 1.009 4.507 195 57 555 6.323
1971 1.276 6.681 367 0 105 394 8.823
1981 1.106 8.625 573 1.030 0 37 830 12.201
1991 1.375 1.606 1.149 1.309 0 34 438 5.911
1994 1.431 9.400 1.175 1.103 1 34 196 13.340
2002 1.054 10.768 1.415 1.079 2 22 2 219 14.561
2021 419 8.194 911 1.140 2 4 5 146 914 11.735

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Населби и маала

уреди

Градот е поделен на неколку маали и тоа: Варош, Будулец, Џиматовци, Горно Тикварци, Долно Тикварци, Мазија, Вакуф, Долна Маала, Муроец, Пичаковци, Шаваец и некои други помали.

 
Православната црква Св. Петка

Знаменитости

уреди

Во непосредна близина на Дебар (веднаш после таблата од лева страна) се наоѓа селото Рајчица кое е всушност негово предградие, во кое се наоѓа женскиот манастир Свети Ѓорѓи Победоносец кој е метох на најбогатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски. Манастирот е возобновен во 1999 година и денес таму повторно се слави Ѓурѓовден. Во близина на дебарските села Баниште и Долно Косоврасти се наоѓаат познатите Дебарски бањи. Во Дебар сѐ уште може да се најдат некои изумрени занаети како терзии, дограмаџии и останати занаети кои сѐ уште опстојуваат и во чаршиите во Прилеп и Битола. Исто така познати се и дебарските мајстори-ѕидари, како и дебарските тапанџии и зурлаџии.

Стопанство

уреди
 
Дебар и принадлежната околина во рамките на Општина Дебар.

Најпознати и најголеми стопански капацитети кои вработуваат голем број работници се рудникот и фабриката за гипс „Радика - КНАУФ“, „Дебарските Бањи Цаpа“ и хидро-централата „Шпилје“. Во Дебар работат и неколку килимари чии килими често се пласираат на странските пазари. Со осамостојувањето на Македонија и отворањето на границата со Албанија во градот голем развој доживеа трговијата и малостопанството, бидејќи сè поголем број на жители од пограничните албански села и градови се снабдуваат со производи и услуги на пазарот во Дебар.

Личности

уреди

Дебар како тема во уметноста

уреди
  • „Бог да убие дебрани“ - македонска народна песна.[8]

Збратимени градови

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Станковска, Љубица. Средновековниот топонимски модел во Струмичко. Акта Велјуса - Acta Veljusa - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 г. стр. 142
  2. 2,0 2,1 Градскиот дебарски говор,Панче Михаилов,Скопје,1974,стр. 3-7
  3. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 25
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 март 2016.
  7. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  8. Macedonian Folklore Classics, Kiril Mančevski. Macedonian Radio and Television, MP 41035.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Надворешни врски

уреди