Гарван
- За птицата видете Гавран.
Гарван — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.
Гарван | |
Координати 41°33′32″N 22°17′26″E / 41.55889° СГШ; 22.29056° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Конче |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2424 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22006 |
Надм. вис. | 540 м |
Гарван на општинската карта Атарот на Гарван во рамките на општината | |
Гарван на Ризницата |
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[2], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Општина Конче. Сместено е помеѓу Градешка и Конечка Планина.
Историја
уредиСелото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.
Откако било заземена од страна на српската војска во Втората балканска војна во 1913 година, селото било запалено. Во 1914 година, српските власти убиле 7 селани.
По Првата светска војна, селото како и цела Вардарска Македонија се нашле во рамките на Кралството СХС. На 2 март 1923 година, српска воена чета на чело со штипскиот жупан Добрица Матковиќ, го извршува Гарванскиот масакр — убиство на 28 жители на Гарван како одмазда за смртта на колонистите во Кадрифаковскиот масакр, извршен од страна на чета на ВМРО.[4][5]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 270 жители, сите Македонци.[6] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гарван (Garvan) имало 320 Македонци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]
Според пописот во 2002 година, селото Гарван имало 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 Србин.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 270 | 320 | 254 | 299 | 290 | 165 | 66 | 23 | 23 | 11 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиГарван е македонско село.
Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
- Доселеници: Цветановци (1 к.). Миховци (15 к.). Митрови (Димчевци) (3 к.). Велановци (9 к.). Коридовци (3 к.) и Велковци (7 к.) сите потекнуваат од предци кои се доселиле од Стар Гарван, село кое постоело во Тиквеш (неготинско). Овде се доселиле пред околу 300 години.[14]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Гарван, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1616 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[17]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната и единствена селска црква, изградена на почетокот на XX век;
- Археолошки наоѓалишта[18]
- Градиште — средновековна населба;
- Долна Бара — доцноантички викус и средновековна населба;
Култура и спорт
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 мај 2016.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 3 мај 2016.
- ↑ ДАРМ, Фонд МНК, сигн. 14
- ↑ Цочо В. Билярски (ред.) „Тодор Александров: живот легенда“, София,, 1991, 164-165 стр.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивски фонд на МАНУ к-9, AE 116/II I. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уреди- Гарван на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Гарван на Карти на Гугл