Глуво
Глуво — село во Општина Чучер-Сандево, во областа Црногорија, во околината на градот Скопје.
Глуво | |
Поглед на селото Глуво | |
Координати 42°5′9″N 21°23′53″E / 42.08583° СГШ; 21.39806° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Чучер-Сандево |
Област | Црногорија |
Население | 207 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1011 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25049 |
Надм. вис. | 442 м |
Слава | Свети Никола Летен |
Глуво на општинската карта Атарот на Глуво во рамките на општината | |
Глуво на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, во јужниот дел на територијата на Општина Чучер-Сандево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 410 метри. Од градот Скопје, селото е оддалечено 12 километри.[2]
Селото се наоѓа во широката долина на Бањанска Река, на нејзината лева страна. Околни села се Бразда на југ, Мирковци на североисток и Чучер на северозапад. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари и од една чешма. Северно од селото се наоѓа силен извор со вода Лавовац, чија вода за време на отоманскиот период преку аквадуктот се носела до Скопје.[3]
Селото Глуво го дели својот атар со соседното село Бразда, чии куќи се допираат една со друга. Сепак, месностите за пасишта во Глуво се следниве: Орашац, Желковац и Кула.[3]
Селото има збиен тип и е поделено на Горен и Долен крај. Во секој кра, постојат групирани куќи по родови.[3]
Селото се наоѓа на југозападните предели на планината Скопска Црна Гора.
На ридовите западно од селото, мештаните во 2019 година имаат подигнато натпис „Глувовуд“ (англиски: Gluvowood), напишан на англиски јазик и направен од бетонски букви.[4]
Историја
уредиГлуво се смета за старо село во делот на Скопска Црна Гора. Во историските извори под името Глуси се споменува помеѓу 1302 и 1308 година. Така е запишано во една од грамотите на кралот Милутин. Тогаш селото припаѓало на средновековниот манастир „Св. Никита“.[3]
Народното предание наведува дека двете села, Глуво и Бразда, еднаш целосно биле напуштени. Подоцна, биле обновени од доселеници од некогашното село Марушани. Тоа село се наоѓало северозападно од Глуво, во подножјето на брдото Палишевина. Од тоа село потекнува родот Томашеви (22 к.). Денес, овој род се најстарите жители на селото и кои и денес поседуваат земја на споменатото селиште. Исто така, се верува дека од некогашното село Марушани се иселиле двајца браќа, кои подоцна ги обновиле двете села Глуво и Бразда, поради што имаат и заеднички атар.[3]
Останатите селски родови биле понови доселеници, главно од денешните албански села во соседната Качаничка Клисура (Паливоденица, Сечишта и други).[3]
До крајот на турската власт во 1912 година, селото трпело напади од страна на муслиманските жители (особено од селото Блаце) и не добивало заштита од страна на државата.[3]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот на Глуво е заеднички со соседното село Бразда и има иста аграрна структура.[2]
Сточарството и земјоделството биле главни стопански гранки на мештаните до крајот на Втората светска војна. Стоката била носена на пасиштата западно од селото, во месностите Орашац, Желковац и Кула.[3]
По војната, сточарството нагло опаднало и само мал број домаќинства чува стока.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 41 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 159 мажи христијани, со 11 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 340 жители.[5]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 479 жители.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Глуво живееле 450 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Глуво имало 480 жители, од кои 256 патријаршисти и 224 под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[9]
Глуво е средно по големина, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година броело 570 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 322 жители, од кои 307 Македонци и 18 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Глуво живееле 349 жители, од кои 318 Македонци и 31 Србин.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 207 жители, од кои 171 Македонец, 1 Ром, 28 Срби и 7 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | 480 | 657 | 665 | 570 | 526 | 494 | 387 | 322 | 349 | 207 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
уредиГлуво е македонско православно село. Сите родови се доселени.[3]
Според истражувањата од 1960-тите родови во селото се:
- Родови со познато потекло: Томашевци (22 к.), најстар селски род. Доселени се од соседното село Марушани кое сега не постои; Павлевци (7 к.), доселени се од сега албанското село Паливоденица кај Качаник; Живанчики (3 к.), доселени се од денес албанското село Сечишта исто така кај Качаник; Кукуновци (6 к.) и Кошчицовци (3 к.), порано биле еден род. Доселени се од некое село кај Качаник и Русевци (7 к.), за нив се мисли дека се доселени од селото Булачани.
- Родови со непознато потекло: Јанкуловци (4 к.), Станиќевци (4 к.) и Блажевци (1 к.), потекнуваат од ист предок; Пижевци (6 к.), Зелковци или Поповци (3 к.) и Белковци (1 к.), потекнуваат од ист предок; Терзиовци (6 к.), имале предок терзија; Радовци (12 к.), Живковци (9 к.) и Ушковци (1 к.), порано биле ист род; Рајчиќевци (10 к.), Кубурчевци (2 к.), Ѓурчиовци или Бундиќи (1 к.) и Веловци (1 к.).
Во селото во 1964 година се населиле две семејства на православни Роми (Симиќи и Денчиќи) од околината на Могила кај Витина, бидејќи таму не можеле да живеат со Албанците. По пописот 1981 година повеќе не се појавуваат меѓу населението во Глуво.
Општествени установи
уреди- Поранешен културно-забавен дом
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Чучер-Сандево и која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од тогашната Општина Чучер-Сандево.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Кале.
Во периодот од 1955 до 1962 година, селото било дел од тогашната општина Бутељ. Потоа, оваа општината била распуштена и била префрлена во општината Кале.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Бразда, во која покрај селото Глуво, се наоѓале и селата Бањане, Блаце, Бразда, Визбегово, Горно Оризари, Горњане, Мирковци и Чучер. Во периодот 1950-1952, селото исто така било дел од некогашната општина Бразда, во која влегувале селата Бањане, Бразда, Глуво, Горњане, Мирковци, Оризари и Чучер.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2465 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на нов дом за млади.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 326 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[18]
- Куќетини — населба од раниот среден век; и
- Штитиње — осамен наод од римското време.
- Цркви[19]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква од 2016 година.
- Споменици
- Спомен-плоча за загинатите борци од НОБ
Редовни настани
уреди- Свети Никола Летен (22 мај) — селска и црковна слава
Култура и спорт
уредиВо селото се одржува меморијалниот турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски-Рајче“.[20]
Личности
уредиЛичности родени во Глуво:
- Блажо Томашевски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Коце Томашевски (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Борисав Ј. Томашевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Неделко А. Томашевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Никола Б. Томашевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Билбил Томашевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Стево Н. Томашевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Атанас Н. Томашевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Душан Велковски (1923-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Живко Радевски (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Драган Е. Радевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Владо Ѓ. Радевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Бранко М. Радевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Томе П. Радевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Илија Русевски (1912-1946) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Александар М. Русевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Никудин П. Русевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Панко С. Русевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Атанас К. Русевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Никодин Живановски (1919-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Цветко Терзиски (1918-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Душан М. Терзиски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Александар Терзиски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Никола Кукуновски (?-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Божин Кукуновски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Јордан Рајчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Миле Рајчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Душан П. Рајчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Владимир Ушковски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Милан Г. Ушковски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Билбил Ј. Павлевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Никудин Ј. Павлевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Перо Б. Ацевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Душан Н. Пижевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Миле М. Пижевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Ѓорѓи Н. Пижевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Младен Н. Пижевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Владо Н. Кошчицовски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Димо Ј. Поповски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Блажо С. Павлевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Анѓеле Т. Павлевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Перо Ѓ. Палевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Борче Б. Блажевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Стојко М. Јанкуловски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Никудин П. Мариќевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Лазо М. Станиќевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
- Александар Станиќевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[21]
Иселеништво
уредиПосле Втората светска војна во Скопје се иселиле 40 семејства. Таму целосно се иселил родот Поповци, гранка од родот Кукуновци.[3]
Има иселеници и во Волково, Ново Село и во САД (2 семејства).[3]
Во Булачани постои родот Живанци. Потекнуваат од истоимени роднини од некое село на Скопска Црна Гора, можно е да се од селото Глуво, гранка од родот Живанчики.[3]
Галерија
уреди-
Културен дом
-
Спомен-плоча за загинатите во НОБ во селото
-
Поглед на селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 69. Посетено на 31 јануари 2019.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 Трифуноски, Јован Ф.; Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
- ↑ „Жителите на селото Глуво, го донесоа „Gluvowood" во Македонија! (ВИДЕО) – 1tv.mk“ (англиски). Посетено на 2020-02-01.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 206
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 114-115.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 јануари 2020.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 31 јануари 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-31. Посетено на 31 јануари 2020.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Каде да одите ВИКЕНДОВ? Во Глуво, на домашна храна и уживање во неверојатната природа!“. Слободен печат. 2019-09-25. Посетено на 2020-02-01.
- ↑ 21,00 21,01 21,02 21,03 21,04 21,05 21,06 21,07 21,08 21,09 21,10 21,11 21,12 21,13 21,14 21,15 21,16 21,17 21,18 21,19 21,20 21,21 21,22 21,23 21,24 21,25 21,26 21,27 21,28 21,29 21,30 21,31 21,32 21,33 21,34 21,35 21,36 21,37 21,38 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 48. ISBN 9989-35-022-1.